Контакт

концерти

Младинскиот светски џез-оркестар вечерва на Скопско лето

Објавено пред

Вечерва на Скопско лето ќе се одржи концерт на Младинскиот светски џез-оркестар на чело со светски познатиот Луис Бонила со почеток во 22 часотво Младинскиот културен центар – кино „Фросина“. Концертот е во соработка со Музичката младина на Македонија.

Младинскиот светски џез-оркестар е првиот интернационален младински џез-оркестар во светот, составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја појавувајќи се на престижни европски места и џез-фестивали. Во јули 2018 година овој оркестар ќе ја донесе глобалната иднина на џез-музиката на Балканот со својата 7. европска турнеја. Млади музичари претставувајќи 12 земји и 6 континенти ќе одат на турнеја низ Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија, водени од меѓународно признатиот тромбонист, композитор и едукатор од САД, Луис Бонила. Младинскиот светски џез-оркестар има работено со познати интернационални џез-артисти, како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез-фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез-фестивалот, џез-фестивалот „Северно Море“ и „Уникредит павилјонот“ на Милано. Овој оркестар е формиран во 2012 година од „ЈМ интернешнл“, мрежа од невладини организации за музика за млади која работи за да направи разлика во музиката преку сите граници. Младинскиот џез-оркестар продолжува да просперира под менторството на Луис Бонила, кој се враќа за својата четврта сезона како уметнички директор.

Исто така, вечерва ќе се одржи изложба на фотографии „Три автори“ со почеток во 20.30 часот во „НЛБ галеријата“. Куратор е Александар Кондев, а автори се Мирослав Марина, Кирил Михаилов и Мимоза Чолак.

Мирослав Марина дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје и како архитект и дизајнер со години работеше во „Скопски саем“… Фотографијата како медиум го заинтересирала уште во студентските денови, но работата на дизајнот малку го оддалечила од фотографирањето. Фотографијата останала како дел од секојдневниот работен ангажман во „Скопски саем“, а подоцна и во винарницата „Фонко“ во Скопје. По пензионирањето, тој повторно ѝ се враќа на фотографијата и целосно го преокупира „човекот во неговиот амбиент“, како и пејзажот на кој му приоѓа со страст на еден сликар. Секако, потребата од визуелниот исказ го принудува и да слика, па сликарството во неговото дело се надополнува со фотографијата влијаејќи меѓусебно една на друга.

Кирил Михаилов, дипломиран архитект, кој целиот работен век го посвети на архитектонското обликување на брендот АМСМ и зад себе остави проекти и изведби на цела низа објекти во Македонија, но и две забележителни монографии за автомобилизмот во Македонија, како и повеќе изложби и јавни манифестации на оваа тема. Малку е познато дека овој архитект е активен учесник како во спортот така и во културата. Заедно со својот брат Томе Михајлоски е основач на Нуркачкиот сојуз на Македонија и тие ги удрија темелите на спортското нуркање кај нас. Уште во седумдесеттите години во рамките на овој спорт снимаше подводни фотографии како од Охридското Езеро така и од морињата, каде што спортски нуркаа и се натпреваруваа. Со пензионирањето доби време и можност комплетно да се посвети на предизвикот што го дава фотографијата. Своите фотографии ги споделува со сограѓаните на „Фејсбук“ и „Твитер“. На изложбата ќе ни се претстави со фотографии од спортскиот автомобилизам кај нас, како и со урбани фотографии од Скопје.

Мимоза Чолак е дипломиран економист, која целиот работен век го поминува во струката. По пензионирањето, ја открива фотографијата како простор во кој може да ги изрази своите естески и културни експресии на светот околу себе. Фотографијата за неа е постојана преокупација и таа ја создава на себе својствен начин, со внимателно забележени детали облагородени со емоции кои се така какрактеристични за женскиот свет. Иако, таа самата тоа го негира, факт е, дека жените кај нас/а и во светот/сè повеќе се определуваат за творечка фотографија и ако внимателно ги гледаме тие фотографии, во многу нешта тие се разликуваат од „машката“ фотографија. Тие фотографии се полни со внатрешни емоции, помирни и посуптилни, посветени на детаљот и расказот. Кај Мимоза Чолак ќе ги видиме нејзините три циклуси „Цвеќе и аранжмани“, „Луѓе“ и „Природа“.

концерти

„Музика, не мобилни!“ – кампања на Македонската филхармонија

Објавено пред

Од

„Музика, не мобилни – исклучи го телефонот, вклучи ги сетилата“ е новата кампања на Македонската филхармонија што оваа институција ја почнува со првиот симфониски концерт во новата сезона, а кој ќе се одржи в четврток со славниот пијанист Лука Дебарг и маестро Јерухам Шаровски зад диригентскиот пулт.

„Кампањата „Музика, не мобилни“ треба да ја зголеми свеста кај посетителите да не користат телефони за време на музичките настани. Употребата на мобилните телефони стана неизоставен сегмент од животот на секој поединец и тие се користат секаде, дури и на концертите на класична музика“, велат од Македонската филхармонија по повод кампањата.

Идејата на Македонската филхармонија е посетителите на концертите да уживаат во музиката наместо да ја „гледаат“, „слушаат“ и „доживуваат“ преку екранот на телефонот.

„Невкусно е кога за време на концертите на клaсична музика, кога имаме мир и благосостојба, кога се одмораме од секојдневието, но и кога сме силно сконцентрирани на она што како естетика, филозофија и музика ни се нуди, тоа да се нарушува со звуците или блицевите на телефонот. Употребата на телефонските апарати им пречи и на оние што се на сцената затоа што постои можност за деконцентрација, одвлекување на вниманието, а со тоа и за несоодветно претставување на делото што го изведуваат. Класичната музика е специфична и бара силна посветеност, огромна жртва и континуирана работа. Сето тоа може да исчезне во само еден миг ако заѕвони нечиј телефон, на пример. И со оваа кампања, освен, се разбира, програмската политика на куќата, Македонската филхармонија тежнее да биде во чекор со европските стандарди. Сметам дека ќе вроди со плод“, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Прикажи повеќе...

концерти

Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019!
На 27 септември (четврток) во 20 часот ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг.
Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…

Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803–1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…

Прикажи повеќе...

концерти

Спектакуларно доживување на „Мала Италија патува 2“ со Павле Камилоски

Објавено пред

Од

Долгоочекуваниот концерт на Павле Камилоски се случи вчера во преполната сала на Македонска опера и балет. Павле Камилоски воодушеви со својата изведба и ни ги претстави интернационалните култури на најдобар начин – со музика и танц.

Тој го почна концертот тргнувајќи од Италија и со својот прекрасен глас ни ја долови италијанската музика и култура. Настапот продолжи со француските и шпанските безвременски песни. Полн со емоции ни ја претстави и далматинската музика, а концертот го заврши со македонските трајни музички дела. На сцената го придружија балетските уметници од Македонска опера и балет кои ја восхитија публиката.

Како специјален гостин на концертот, на големо изненадување на публиката, се појави познатата македонска пејачка Наде Талевска. Концертот придружен од камерниот оркестар беше предводен од познатиот диригент Христо Христов од Софија, Бугарија. Концертот беше огромен спектакл кој Павле го заврши со македонската песна „Море сокол пие“, а публиката го испрати со силно ракоплескање.

Сите кои не успеаја да купат билети за вчерашниот концерт, имаат можност да присуствуваат на следниот кој ќе биде од хуманитарен карактер. В петок, 21 септември во 20 часот сите заинтересирани можат да бидат дел од овој проект и да ги слушнат најубавите италијански, шпански и француски песни и да уживаат во звуците на „Мала Италија“. Средствата од продажбата на картите Камилоски ќе ги донира за потребите на одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

(Видео) Пожар на Пелешец, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот остров Пелешец гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија2 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија2 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток3 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток4 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ5 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток5 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story7 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток7 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион8 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија8 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет9 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет9 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ9 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет13 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт21 час

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија1 ден

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Досие