Контакт

Култура

Млади уметници ги презентираа стекнатите музички вештини на „Охридско лето“

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчера во црквата „Света Софија“ се одржа завршен концерт од Меѓународниот семинар по виолина, виола, клавир, барокна и камерна музика.
Семинарот се одржа под уметничко раководство на реномираните професори, виолинистот Емилио Перцан и пијанистката Тамила Гулијева.

„Годинава имаме вкупно 16 учесници од Ирска, студенти од Белградскиот факултет, од Факултетот во Сараево, од Академијата во Загреб, исто така имаме и шест учесници од Москва, поточно од Конзерваториумот ‘Петар Илич Чајковски’. Имаме учесници и од Факултетот за уметност во Грац, каде што работам и јас”, вели Перцан.

Според него, за одбележување е што и годинава составот на младите уметници е различен. Сите доаѓаат од различна средина, се на различно ниво, но, како што вели, го дадоа максимумот.

„Имавме мошне интензивен семинар. Секоја година работата е доста интензивна, но годинава ми е посебно драго што имаат толкава шанса да ги подобрат и знаењето и способностите. За семинарот се слуша надалеку, што ми е посебно мило. Токму затоа секоја година ги прошируваме неговите рамки”, додава Перцан.

Меѓународниот семинар по виолина, виола, клавир, барокна и камерна музика постои од 2009 година и во првите три години од постоењето се одржуваше на Истра во Хрватска. Од 2013 година се одржува во Охрид, а завршниот концерт е дел од програмата на „Охридско лето“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Серија предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот на МКЦ

Објавено пред

Скопското астрономско друштво преку предавачот Радан Митровиќ во Планетариумот на МКЦ ќе одржи две предавања за најинтересните и најважни соѕвездија и објекти, како и за календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

„Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас“, порачуваат од Скопското астрономско друштво во најавата за предавањата.

Двете предавања ќе се одржат на 17 и 18 декември, со почеток во 20.30, односно 20 часот. Билетите се во ограничен број, а може да се набават во билетарницата на МКЦ за цена од 150 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

Светски етаблирани уметници во Музејот на современата уметност

Објавено пред

На 21 декември, во 20 часот, во Музејот на модерната уметност – Скопје, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамките на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри во светот, како „Тејт“, „Гугенхајм“, МОМА во Њујорк…

Ќе бидат претставени дела од Хито Штејерл (Германија), Тања Бругуера (Куба), Артур Жмијевски (Полска), Џулиета Аранда (Мексико), Адријан Паци (Албаниjа), Даниел Гарсија Андухар (Шпанија), Сања Ивековиќ (Хрватска), колективот Что Делат (Русија), Антон Видокле (Русија и САД), како и македонските уметници Христина Иваноска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ.

„Ние сме Mузеј на современата уметност и сакаме да ja прикажеме актуелната уметничка сцена преку автори, кои денес може да се видат во сите водечки уметнички центри во светот. Поставката има идеолошка заднина и се занимава со теми што пропагираат актуелни прашања, кои се спротивставуваат на десничарските глобални наративи во светот денес. Ретко имаме можност да донесеме автори што изложуваат во „Тејт“, „Гугенхајм“, МОМА во Њујорк… и кои се предводници на светската сцена за прашања што отвораат ангажирани тематики. Со колешката Јованка Попова на уметниците им пристапивме непосредно и на наше големо задоволство добивме позитивни реакции. Освен што прифатија да учествуваат на изложбата, некои од нив ќе бидат и наши драги гости во Скопје, а уметницата Тања Бругуера ни подари и нејзино дело за колекцијата на Музејот“, вели директорката на МСУ и кокуратор на поставката, Мира Гаќина.

Во Скопје на отворањето на изложбата ќе присуствуваат уметниците Антон Видокле, кој ќе одржи и свое предавање на релевантна тема, уметниците Дмитри Виленски и Николај Олеиников од уметничкиот колектив „Что делат“, кои својот престој во Скопје ќе го искористат за продукција на ново уметничко дело, претставено во рамките на изложбата. Уметниците Џулиета Аранда, Артур Жмијевски, Даниел Гарсиа Андухар, заедно со другите присутни уметници, ќе зборуваат за своите дела во рамките на организирана прошетка низ изложбата пред поширока публика.

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ се однесува на состојбите на несигурност во капиталистичкиот локален и глобален контекст и има намера преку анализа на конкретни уметнички дела и практики да го истражи прекаријатскиот општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.

Прикажи повеќе...

Култура

„Таксират“ во топ 10 најдобри европски фестивали

Објавено пред

По вторпат во последните 10 години фестивалот „Таксират“ е избран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа кои се одржуваат во затворен простор.

Преку 350.000 фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а годинава „Таксират“ е повторно меѓу првите десет во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival). Овој избор е организиран од страна на Европските награди за фестивали (European Festival Awards).

Заедно со „Таксират“ во најдобри 10 се и фестивалите: Blues in Hell (Норвешка), FOCUS Wales (Велс), Hamburg Metal Dayz (Германија), Let it Roll Winter (Чешка), MENT Ljubljana (Словенија), Mithra Jazz à Liège (Белгија), Prognosis Festival (Холандија), Reeperbahn Festival (Германија) и Sudwave – Festival & Convention (Италија). Наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија во Гронинген, Холандија, на 15 јануари, која се одржува во рамки на конференцијата Eurosonic Noorderslag.

Годинава „Таксират“ се одржа од 28 ноември до 8 декември и за време на осумте фестивалски дена настапија над 70 музички групи од 20 земји од светот и имаше повеќе од 15.000 посетители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија2 часа

Фросина Ременски врши увид во доказите за Меѓународниот сојуз

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија2 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет3 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет4 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет4 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија15 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет15 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет16 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа16 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет17 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт17 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија20 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа21 час

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија22 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија23 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија24 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија1 ден

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија1 ден

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие