Контакт

Култура

МНТ со „Само глас“ гостува на меѓународниот театарски фестивал Јоакимфест во Р Србија

Објавено пред

Во рамките на меѓународниот театарски фестивал Јоакимфест, што се одржува секоја есен во Крагуевац (до 2019 год. Јоаким интер фест), МНТ со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак, ќе партиципира во втората недела на октомври.

Фестивалот опстојува веќе 15 години и поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт. Денес, тоа е Фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстав, се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално туку и во поширокиот регион.

Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики.

Особено инспирира да се учествува на фестивал што ги негува естетските вредности, софистицираноста, а во исто време е и општествено одговорен и се справува со горливите проблеми и феномени од времето и светот во кој живееме.

Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери (Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ) надвор од границите од нашата држава, а домаќин и организатор на Фестивалот е Кнежевско-српскиот театар, Крагуевац.

Следната изведба на матичната сцена во МНТ е закажана на 20 октомври во 20:00

(ПР-текст)

Култура

Разговор со првенецот на МНТ Ѓорѓи Јолевски

Објавено пред

25.10 • Последната лента на Крап во изведба на првенецот на МНТ – Ѓорѓи Јолевски

По изведбата на монодрамата публиката ќе има можност да остане 30 минути на разговор со актерот Ѓорѓи Јолевски на тема „Создавањето на Последната лента на Крап, идеја, процес, реализација и рефлексии”.

 

Претстава која годинава на 22. Интернационелен фестивал на монодрамата во Битола доби „Гран при” за најдобра претстава и најдобра режија.

Билети www.mnt.mk

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Култура

„Киненова“ од 27 до 31 октомври

Објавено пред

Од 27 до 31 октомври ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот филсмки фестивал „Киненова“.

Свеченото отворање ќе се одвива во кино Милениум, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ / AS FAR AS I CAN WALK на Стефан Арсенијевиќ, а останатите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.

Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата“, како и краткометражни македонски и странски филмови.

Прикажи повеќе...

Култура

„Северен Пол“ на уште еден фестивал од А-категорија

Објавено пред

По учеството во Официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и на фестивалите во Сараево, Конкорто во Италија, Батуми и Сванети во Грузија, Тирана, Рејкјавик, Монпелје и Солун, филмот „Северен Пол” на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на Кино око ќе биде дел од Официјалната конкуренција на уште еден фестивал од А-категорија. Со проекција на 17 ноември, филмот ќе биде прикажан на Black Nights Film Festival (PÖFF) во Талин.

Од 2019 година Black Nights Film Festival (PÖFF Shorts) е член на Европска филмска академија (EFA) и на секое издание фестивалот кандидира еден краток филм во изборот за Европски филмски награди. Исто така, овој фестивал секоја година номинира и филм за наградата на Британската академија за филм и телевизија (BAFTA).

По овој фестивал, во текот на ноември следува учество на фестивалот во Стокхолм и други европски и светски фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Влатко Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг-директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервиа филм” и „Форгрејд” од Србија и „Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија7 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ7 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија10 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија11 час

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа12 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија13 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ14 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет15 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет15 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет15 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија1 ден

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет1 ден

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ1 ден

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие