Контакт

Книги

„Модели на родовата идентификација“ – научна книга од Марина Мијаковска

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје, излезе од печат научната студија „Модели на родовата идентификација“ од Марина Мијаковска. Студијата е книга од областа на компаративната книжевност, родовите студии и културологијата.

„Мијаковска во оваа книга говори за два модела на родовата идентификација: стереотипен и субверзивен (трансродов) модел, а интерпретативната анализа опфаќа корпус романи од актуелната македонска книжевност (Индиго Бомбај од Јагода Михајловска-Георгиева, Скриена камера од Лидија Димковска, Помеѓу од Ирена Јорданова и Планета на неискуството од Гоце Смилевски)“, велат од издавачот.

Рецензентот, проф. д-р Маја Бојаџиевска, смета дека една од основните вредности на оваа книга е што во фокусот на својот интерес ги поставува прашањата за половоста/родовоста како аналитички концепти.

„Нејзината херменевтичка изведба е таква што несомнено укажува на особено компетентна млада критичарка која дава убав прилог кон компаративистичките и културолошките истражувања во македонскиот контекст“, додава Бојаџиевска.

Инаку, Марина Мијаковска (1984) дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Таа пишува поезија, проза, книжевна критика и есеистика и е членка на ДПМ.

Книги

Италијанскиот мегахит „Осумте планини“ од Паоло Коњети и на македонски јазик

Објавено пред

„Македоника литера“ набргу ќе го објави италијанскиот мегахит – романот „Осумте планини“ од Паоло Коњети, добитник на наградата „Стрега“ и продаден за превод на 39 јазици. Досега е веќе продаден во еден милион примероци во светот (во Италија над 350.000, Холандија – 2.000, во Франција и во Германија над сто илјади примероци) и доби уште шест високи книжевни награди во Италија и светот.

„Осумте планини“ е најпријатното откритие во италијанската литература последниве години, интересен и извонреден роман и е единствен случај во Италија – иако е дело со високи книжевни вредности и со високи награди, многу бргу го освои светот, за една година правата се продадени дури во 39 земји.

„Осумте планини“ е романескна приказна за пријателството и за планината како метафора на животот. Тоа е приказна за машкото пријателство, осаменоста и семејните врски и за тешкиот пат кон индивидуалниот развој. Стилот на Паоло Коњети е од суштинско значење за успехот на романот – лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност.

Прикажи повеќе...

Книги

Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

Објавено пред

Традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, со која ќе се одбележи 72-годишнината од основањето на писателската асоцијација.

Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“ („Димитар Митрев“),Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ („Ванчо Николески“) и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Роман за предвоените Евреи на македонски јазик

Објавено пред

Романот „Романса во малото гратче“, своевиден реквием за предвоените Евреи, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт медија“. Автобиорафскиот роман, сметан за ремек-дело на авторот, е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот Григориј Канович, познат како еден од најважните еврејски автори на нашето време.

Воден од споменот на својата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет рекреирајќи го минатото, кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на своето родно место, на политичката криза од30-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој ги следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.

Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов. Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо на природата. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија12 часа

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија12 часа

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија13 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија14 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија16 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет17 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија17 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија18 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија19 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија21 час

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија22 часа

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ22 часа

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија24 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија1 ден

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Досие