Контакт

Култура

МОТ од 13 до 21 септември на шест сцени низ Скопје

Објавено пред

Септември е во исчекување на најголемиот меѓународен театарски фестивал во Северна Македoнија, 44. издание на Млад отворен театар (МОТ), кој годинава се одржува малку порано од стандардниот термин, од 13 до 21 овој месец. Фестивалот се отвора со победникот на Прашкото квардинале за перформанс, дизајн и простор „Оваа зграда (на)вистина зборува“ во МКЦ во 20 часот.

Проектот е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино култура“ и двојазична публикација. По отворањето следува „Девојчето со жиците“ на малата сцена на НОБ. Драма-опера напишана од Марјан Неќак, Маја Хрговиќ и Ана Бунтеска за виолинистка, која патува со воз низ Европа. Референцата по Андерсеновата „Девојчето со кибритчињата“ е на повеќе нивоа.

Сцената на сала Фросина е домаќин на вториот ден на МОТ (14 септември), кога гостува Словенско младинско гледалишче со новиот проект на Томи Јанежиќ – „Сè уште без наслов“, кој трае повеќе од десет часа. Дон Жуан е едно од оние книжевни дела што поминале низ најмногу адаптации. Низ текот на целата претходна сезона Томи Јанежиќ и неговиот тим го земаат ова дело како референтна точка за истражување и лабораториски пристап. Приказната е од аголот на неговото заведување и низ последиците на неговите дела – кои се среќаваат во еден
момент, во едно срцебиење.

Третата фестивалска вечер на МОТ, 15 септември почнува со „Трите сестри“ од Васил Христов работена по мотиви на Антон П. Чехов. Претставата зборува за мечтата за ослободување, која запаѓа во состојбата на безизлезност, дури и пред да почне борбата. Безизлезноста се удвојува преку повторувањето на потребата за промена, ослободување, исчекор. А по неа програмата продолжува во „Кино култура“ со два перформанси од проектот „Што е кореографија?“ на центарот Локомотива. „Дримстејт“ од Валентино Апостоловски – состојба на намалена
свесност, во која околината е перципирана како во сон и „Мунлајт“ од Александар Георгиев и на Дарио Барето Дамас од Шпанија – кореографски проект фокусиран на поетски структури, сценско изведбено истражување на дисперзирани значења, како прилагодлива реалност.

„Човековиот срам“, првично изведуван во затворот во Матера, Италија, е закажан за четвртиот ден на МОТ, 16 септември. Танцовиот перформанс е „роден“ од проектот „Поетиката на срамот“ во копродукција на #Reteteatro41 и Matera- Basilicata Foundation 2019. Силвија Грибауди и Матео Мафесанти го истражуваат методот во кој авторите се постојано поврзани со територијата каде што се наоѓаат. Мајсторот на церемонијата и единствената македонска актерка во перформансот е Симона Спировска.

Петтата фестивалска вечер е за авторот и режисер Борут Шепаровиќ со жестоката и предупредувачка претстава „Младина без бог“, која удира во желудник и за која се размислува целиот нареден ден, покажува стравотно мрачна и застрашувачка слика за делата на младите генерации, антихероите на СТЕМ-револуцијата, кои изгубиле вера во Европа и нејзините хуманистички вредности, а веруваат во профит, гејмерската индустрија, сајберуниверзумот и
смртта. А по неа, на малата сцена на НОБ, Игор Вук Торбица ќе ја постави претставата „Бакхи“. Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, „Бакхи“ се издигнува поради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување приказни.

Железничката зграда ќе биде домаќин на шестиот ден на МОТ за проектот „Сè е во парите“ во режија на Борис Бакал. Проектот се занимава со односите меѓу општествените и материјалните вредности од една и парите од друга страна, сè од перспектива на лични наративи, реални финансиски примања, перманентни финансиски кризи на ова време, како и амбивалентна улога на парите во целокупната општествена размена. Следува романската „Момчињата на Медеја“ на малата сцена на НОБ, во продукција на „Apollo 111 Theatre“. Претставата го илустрира режисерското прекршување на легендата на Аргонаутите и Златното руно. Оваа претстава отвора дискусија за машката ранливост, мачоизмот, патријархатот и мизогонизмот, користејќи средства на иронија и хумор. Сцената (прикажана како морнарски бар) е населена само со машки ликови. Вечерта ќе заврши во МКЦ со „Арапска ноќ“ – драмски текст на Роланд Шимелфениг, во режија на нашата Зоја Бузалковска со музика на „Фолтин“, кои ќе бидат дел од претставата. Поставена е речиси во сите поголеми и поважни театри, одиграна на многу јазици. Овој текст-партитура за пет ликови е игра на жанрови и стилови. Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“.

„Злосторството на 21 век“ во режија на Владимир Милчин ќе се изведе народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Претставата е македонска праизведба на третиот драмски текст од антивоената трилогија на Едвард Бонд, еден од највлијателните и најконтроверзни драмски автори во модерната драматургија. Tоа е дистопична визија на еден свет во кој човештвото е под тотален надзор/контрола. Четворицата отпадници од цивилизацијата се бегалци од жигосувањето со микрочипови, се кријат во урнатините и бегаат од законот, а во нивните односи доминира стравот од поткажување или откривање.

Португалската театарска компанија Arena Ensamble ја отвора седмата фестивалска вечер со претставата „Привремени фигури“ во МКЦ. По неколку месеци работа во Great Yarmouth со девет жители од различни националности, режисерот Марко Мартинс ни носи приказна базирана на индивидуални сведоштва на луѓето, кои лично го искусуваат периодот на несигурност и прилагодување. По неа следува премиерата на „Несоодветно за работа“ на Драмски театар во режија на Доналд Ворен Мофет, а автор на истата е Луси Кирквуд, по кореографија на Кренаре Невзати и костимографија на Александар Ношпал.

Фестивалската програма завршува со „Чист град“ од експерименталната сцена на Националниот театар во Атина – Анестис Азас и Продромос Циникорис со приказна за петте чистачки кои станаа театрални хероини. Во рамките на придружната програма на фестивалот ќе настапи култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – Tiger Lillies со едно посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот. Покрај двата концерти, работилница за специфична локација – „Оди и види“ во Железничката зграда, предавање и дискусија со Мајк ван Гран во „Кино култура“ и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ во МКЦ.

Билетите за сите претстави до 12 септември ќе можат да се купат по промотивна цена од цена од 200 денари, освен за претставата на „ Сè уште без наслов“ и концертот на Tiger Lillies кои во тој период ќе можат да се купат по цена 350 денари.

Од 13  септември, билетите за сите претстави ќе изнесуваат 300 денари, а билетите за „Сè уште без наслов“ и концертот на Tiger Lillies ќе изнесуваат 500 денари.

За претставата „Злосторството на 21 век“, која се игра во Велешкиот театар, цената на билетите ќе биде 200 денари со организиран автобуски превоз од Скопје. За оние што немаат потреба од организиран автобуски превоз, цената на билетите е 100 денари само на касата на Велешкиот театар или со резервации на [email protected] или на 043231750.

44. Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени низ Скопје, Национална опера и балет, Кино култура, Железничка зграда, Театар комедија, сала Фросина – МКЦ, Дансинг сала – МКЦ и Драмски театар и една во Велес – Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Градот Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Почина писателот Радован П. Цветковски

Објавено пред

Вчера, на деведесет и двегодишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е на 3.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.

Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии.

Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил следните дела:

Поезија: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“.

Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“

Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“.

Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“.

Критики истудии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.

Фолклористички дела: „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“.

Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.

Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото, Јапонија

Објавено пред

Филмот „Врба“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 22 јануари ќе го отвори 13. меѓународeн Филмски фестивал „Историка“ во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал „Историка“ е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании „Тоеи“ и „Шошику“, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм ‘Врба’“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на „Реинденс“ во Лондон, најдобар филм на „Синеквест“ во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија…

Минатиот месец „Врба“ освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк.

„Врба“ собори рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („суптилен и длабок“ – „Варајати“), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД.

Најновиот, седми филм на Манчевски, „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безобразна комедија и безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд „Еуримаж“, а 46 проценти се од Македонија – од Агенцијата за филм и Македонската радио-телевизија (МРТ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и од Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика „Дениш стринг квартет“, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска-Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатира дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, годинава се доделува 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, заклучи бугарското обвинителство

Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион1 час

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија3 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет3 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија4 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа6 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија7 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија7 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија8 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија9 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија10 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија11 час

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија12 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија12 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет12 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет13 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет23 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет1 ден

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Досие