Контакт

Култура

Мошуц: Судбината на уметникот е да им донесе радост на сите луѓе во светот

Објавено пред

Без какви било посебни побарувања за нејзиното сместување и настапот на фестивалот Охридско лето, големата оперска певица Елена Мошуц денеска ќе пристигне на скопскиот аеродром по што ќе биде сместена во апартман во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид.

Романско-швајцарската сопранистка Мошуц, која има репутација на еден од најразновидните и најекспресивни сопрани во светот, доаѓа првпат во Македонија и вели дека е многу возбудена што ќе го отвори фестивалот Охридско лето за кој слушнала дека е важен настан во регионот.

„Знам дека многу популарни музичари биле често поканувани и секогаш доаѓале со огромно задоволство да музицираат на овој популарен фестивал во Европа. Дури и јас имам некои подалечни роднини во Охрид и среќна сум што ќе пеам за нив и за сите луѓе. Судбината на уметникот е да им донесе радост на сите луѓе во целиот свет и сум благодарна што сум поканета на еден ваков прекрасен фестивал. Тоа е голема чест“, вели оперската дива Елена Мошуц.

Романскиот тенор со неверојатно активна концертна кариера, Калин Братеску, кој ќе настапи на свеченото отворање заедно со Мошуц, пристигна во текот на вчерашниот ден.
Двете оперски ѕвезди, под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану, а во придружба на оркестарот на Македонска филхармонија, на 12 јули на Античкиот театар, со почеток во 21 часот, свечено ќе го отворат годинешното 58. издание на фестивалот Охридско лето.

Охридско лето, заедно со уметниците, спектакуларниот почеток на фестивалот ќе го најави на утрешната прес-конфетенција што ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“ по што претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на фестивалот Охридско лето, ќе приреди свечен прием во вилата „Билјана“ во Охрид.

Книги

Почина писателката Вера Чејковска

Објавено пред

Денеска, по тешко боледување, на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година.

Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015), збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.

Прикажи повеќе...

Култура

Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Објавено пред

Светот на Биби од синоќа се збогати со уште една сказна. За помалку од 16 часа сказната доби 4.000 прегледи.

Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.

За сценариото на приказната се погрижи Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.

„Пеењето на џиновите, гласот на вештерката, чистењето – била женска работа! Нема такво нешто како женска работа!“, гласи еден од коментарите по премиерата на „Биби и џиновите“.

„Целата приказна е прекрасна! Сказните со Биби се навистина многу интересни и поучни. Секоја чест и големо браво за овој прекрасен проект“, се вели во друг коментар.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува третото издание на КРИК – меѓународниот фестивал за критичка култура

Објавено пред

Третото издание на КРИК – меѓународен фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“, ќе биде отворено в среда, 21 ноември, во Музејот на современата уметност во Скопје.

КРИК годинава ќе ја обработува генералната тема: „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“. На програмата на фестивалот, која ќе се одвива во неколку дела до 19 декември 2018 година, ќе има предавања, уметнички презентации, дискусии, работилници и филмови.

По свеченото отворање на фестивалот в среда, на кое ќе се обрати уредувачкиот тим Искра Гешоска, Елена Вељановска и Артан Садику, Маурицио Лазарато, италијански социолог, филозоф и активист, кој живее и работи во Париз, ќе одржи воведно предавање „Помеѓу политиките на задолжување и неофашистичкиот бран во светот“. Потоа, „ост глобал трио“ ќе изведе музички перформанс, а вечерта ќе заврши со диџеј-сет на Тони Димитров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет10 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија12 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија12 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија15 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион15 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток16 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија16 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија16 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија17 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија18 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија18 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион19 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија20 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија21 час

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија22 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија22 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија1 ден

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт1 ден

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа2 дена

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Досие