Контакт

Актуелно

Мултимедијален концерт „Сонувања за заборавеното“ во Прилеп

Објавено пред

Во салата на киното „Мис Стон“ во Прилеп беше изведен несекојдневен мултимедијален концертен перформанс насловен „Сонувања за заборавеното“. Публиката во Прилеп имаше ретка можност да присуствува на одличен музички настан кој беше базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминираше изведба на класичната западноевропска музика од 17 и 18 век, кон која како контрапункт беа вклучени нејзините источни паралели.

Идејата на проектот беше да се направи споредба на музичкото творештво на нашите простори со она во западноевропските центри и на сето тоа да му се даде поширока рамка поврзувајќи ги музичките и историските збиднувања.

Низ динамичната и експресивна изведба на сопранот Ана Митоска Стојаноска, зачинета со нарацијата на актерот и режисер Димитар Ѓорѓиевски, за првпат на македонска почва беа изведени дела од Франческа Качини, Доменико Скарлати, Барбара Строци, Георг Ф. Хендл, но и византиски и народни изворни песни како „Море два се змеја“ и „Домаќине гости ти дојдоа“. Во проектот свој белег оставија и Верица Шотаровска – пијано, Катерина Попоска – мецосопран, Гоце Секулоски – труба и вокал, Денис Најдоски – пијано и вокал, Антониј Колевски – вокал и Милан Секулоски – актер.

Публиката беше воодушевена од настапот, а носителот на проектот, Ана Митоска Стојаноска, најави можност за гостување низ другите градови во Македонија, со цел и пошироката македонска јавност да може да ужива во овој уметнички перформанс.
За време на целиот настап сликаше уметничката Бојана Артиновска – Трпческа, а техничката и визуелна реализација беше дело на Томе Темелкоски и Саша Нацевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Украдена слика на Пикасо пронајдена во Романија

Објавено пред

Слика на Пабло Пикасо, за која се верува дека е делото „Tete d’Arlequin“, која беше украдена во 2012 година од музејот во Ротердам се појави во Романија.

Во еден од најдраматичните грабежи крадците украдоа седум слики вредни милиони евра, на познати сликари, меѓу кои и дела на Пикасо. Во 2013 година за кражбата беа обвинети романски државјани, но ниту една слика не беше пронајдена. Романските експерти веруваат дека најмалку три од нив се запалени во обид да се уништат доказите.

„Обвинителството за гонење организиран криминал ги истражува околностите под кои сликата која ја потпишал Пикасо, вредна 800 000 долари, е пронајдена вчера вечерта во округот Тулцеа“, изјавиле од Обвинителството и додале дека сликата е автентична.

Од таму соопштиле дека двајца холандски државјани дошле во амбасадата на Холандија во Букурешт со сликата и рекле дека ја пронашле во југоисточниот романски округ.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Адеми на амбасадорот Сера му предложи директна соработка меѓу филхармониите на Македонија и Шпанија

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, оствари работна средба со шпанскиот амбасадор во земјата, Емилио Лорецо Сера.

Како што информираат од Министерството, Адеми нагласил дека културната соработка меѓу Македонија и Шпанија е на солидно ниво, со континуирано претставување на македонската и шпанската култура во двете земји, при што ја истакнал и важноста од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти.

Министерот предложил воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирало со реализација на заеднички проекти и гостувања на оркестрите и диригентите. Исто така, тој му предложил на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во Шпанија кои ја третираат современата уметност, како: Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговија, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.

Амбасадорот ја истакнал поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија.

Тој исто така ја пренел и заинтересираноста на Министерството за култура на Шпанија за воспоставување интензивни културни врски, кои би резултирале со поголема соработка меѓу установите од областа на културата, реализација на проекти и размена на уметници, а сѐ со цел поголема промоција на шпанската и македонската култура во двете земји.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Владата донесе одлука за основање на гостиварски театар

Објавено пред

Владата донесе одлука за основање на нова национална установа „Гостиварски театар“. Одлуката е донесена имајќи го предвид мислењето на Министерството за финансии, како и оправданоста за основање нова национална установа. Средствата за основање на установата, по основа на нови вработувања и други трошоци, ќе се обезбедат од буџетот на Република Македонија за 2018 и за 2019 година во вкупен износ од 10.225.000 денари.

„Со основањето на оваа институција во Гостивар ќе се задоволи повеќедецениската потреба за професионално остварување на театарската уметност и презентација на богатото театарско творештво во овој град. Истовремено, ќе биде овозможен и рамномерен културен развој на ова подрачје, а ќе се отвори и можност за вработување на едуцирани и професионални кадри од областа на драмската уметност, како и збогатување на културната понуда во Гостивар“, велат од Министерството за култура.

Досега драмските активности се реализираа преку посебно драмско студио во рамките на Центарот за култура Гостивар, но и преку ммногу други независни драмски проекти како од страна на организации од Гостивар така и со гостувања од други градови од Република Македонија, па и од странство. Од Министерството наведуваат дека и покрај евидентните напори на Центарот за култура да ги задоволи потребите од разновидни културни активности на многубројното население, сепак драмската дејност, како една од најстарите и најважни форми на културата, е најзапоставена.

Седиштето на театарот ќе биде во Центарот за култура, односно сценскиот простор ќе биде заеднички, додека во самиот објект постојат услови за административно постоење на двете институции (посебни канцеларии, гримиорни, гардероби и слично).  Средствата за програмски активности на установата ќе се обезбедат од буџетот на РМ во постапка пропишана со Законот за културата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Европа3 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести4 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија5 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет7 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија8 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски10 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет10 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион10 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет12 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Досие