Контакт

Актуелно

Мурал и театарски перформанс по повод роденденот на великанот Горан Стефановски

Објавено пред

Општина Центар одбележа 70 години од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски.

dobivaj vesti na viber

Роден е на 27 април, во Битола во 1952 година, каде неговите татко и мајка, режисер и глумица, работеле во тој период. Стефановски разбирливо, најголемиот дел од детството го поминува во театрите, додека неговиот помлад брат, Влатко, се пренасочува кон музиката.

„Семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, со кое и самиот тој беше емотивно поврзан и каде по сите претстави, патувања и гостувања, секогаш се враќаше. Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Добитник е на многу домашни и меѓународни награди за неговите творештво и достигнувања, меѓу кои и државната награда за животно дело во областа на науката, културата и уметноста – „11 Октомври“.

Горан Стефановски до ден денес е присутен во нашето културолошко секојдневие – книгите и расказите ги читаме и сега, а неговите драми сè уште се играат и во домашните, но и во театрите ширум Европа.

Во рамки на одбележувањето на 70-тиот роденден на Стефановски во Општина Центар, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ се изработи мурал со ликот на Стефановски и во паркчето спроти општинските бараки се одржа краток пригоден театарски перформанс.

„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци. Ви благодарам на сите за денешното присуство“, додаде градоначалникот Герасимовски.

Одбележувањето на роденденот се затвори во малиот парк спроти општинските бараки, каде група автори: Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович, го изведоа театарскиот перформанс со делови од драмите на Стефановски, наречен „Маалски драмски разговори“.

Во овој парк, пред три години Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на Горан. Оттогаш наваму, секоја година општината симболично го одбележува 27 април, роденденот на еден од најпознатите центарци, Горан Стефановски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....

Свет2 часа

(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“. Овој балон леташе над територијата...

Регион3 часа

Бугарско МНР: РСМ со денешните постапки им задава сериозен удар на билатералните односи

Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, тие сериозно го нарушија процесот...

Македонија7 часа

(Видео) Ѓорѓиев: Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години...

Регион8 часа

Џамбаски: Омразата продолжува да расте на секој можен начин

Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти дека со часови не ги пуштале бугарски државјани и намерно биле спречени...

Регион9 часа

(Видео) Бугарски портали: Македонските полицајци го тепаа бугарскиот пратеник Георгиев

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот...

Македонија10 часа

(Видео) Бугарите положија цвеќе кај Делчев: Ќе ви подариме агрегатори за да не ви паѓа граничниот систем, очекува сите да бидат пуштени во Македонија

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на...

Регион10 часа

Борисов: Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на РСМ и Бугарија

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија. Ова го напиша Бојко...

Македонија10 часа

Приведени тројца Бугари по пцостите кон македонската полиција

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З...

Македонија12 часа

(Видео) Бугари со пцости до македонските полицајци – тензично на границата Деве Баир

Дел од граѓаните од Бугарија кои се уште се заглавени на граничниот премин Деве Баир со пцости кон македонските полицајци...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски до бугарските новинари: Вашите политичари стануваат естрадни циркузанти и нѐ вратија во среден век

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека не гледа проблем Бугари да дојдат и да го слават Гоце Делчев, но...

Македонија15 часа

(Видео) Засилени полициски контроли на возила со бугарски таблици на патарината кај Куманово

Полицијата врши контрола на секое возило со бугарски таблици на патарината кај Куманово во очекување на поголема група од 150...

Македонија15 часа

(ВИДЕО) Владата им кажува на новинарите како да работат, караници пред платото на Свети Спас

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. На новинарите, пак,...

Македонија15 часа

(Видео) Надлетува хеликоптер, стотици полицајци, барикади и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

Стотици полицајци, неколку точки за преглед и проверка, претреси на чанти. Вака изгледа влезот во црквата Свети Спас утрово. Пристапот...

Македонија1 ден

Власт и опозиција, Бугари и Македонци – дел ќе стигнат до гробот на Делчев, други ќе останат на улица

Под строги протоколи и со акредитации ќе тече прославата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Македонски,...

Македонија1 ден

Лидерот на Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање

„Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, официјална делегација на Левица,...

Македонија1 ден

Ноќна стража кај гробот на Гоце Делчев, граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат до сабајле

Со македонски знамиња, знамето со сонцето од Вергина и транспаренти, група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон...

Македонија1 ден

Пациент со цистична фиброза: Состојбата на пациентите им се влошува, до кога ќе го мерат во цена мојот живот?

Пациентите со цистична фиброза кои ја чекаат државата да им го набави скапиот лек, утре излегуваат на протест, во 12...

Македонија1 ден

МВР направи план кого ќе пушти на граница: на секој што пријавил делегација, ќе му биде дозволено да оддаде почит

Министерството за внатрешни работи при одлучувањето кому ќе му биде дозволен влез во државата за да оддаде почит на гробот...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

Зорица Стојановиќ, вработена во Владата, сведочеше во случајот „Софтвери“, каде што обвинет е Драги Рашковски. Таа работела како помошник-раководител на...