Контакт

Култура

Наградата „Златен објектив” за филмските работници Димитар Грбевски и Елена Дончева

Објавено пред

Годинашните добитници на наградата „Златен објектив” за 2019 година, која Кинотеката на Северна Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија, се филмските работници Димитар Грбевски, монтажер и Елена Дончева, костимограф.

Наградата ќе им биде врачена на 16 мај, во 12:00 ч, во киносалата на Кинотеката.

„Златен објектив“ се доделува по повод роденденот на Кинотеката како признание на поединци кои со своето професионално дејствување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков и историчарката и критичарката на филмот Илинденка Петрушева



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Операта „ Боеми“ на 22 мај во НОБ

Објавено пред

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери на 22 мај 2019 со почеток во 20 чaсот ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.

Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.

Диригент е Оливер Балабурски, режисер: Дејан Прошев.
астапува врвна солистичка екипа: Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија.Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Музета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“

Објавено пред

Беше еднаш во Скопје – вака симболично во духот на добро раскажување синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература.

Маса која тежи од автори врвни во своите земји, но и преведувани на многу јазици, меѓу кои и на македонски, беше заедничкиот заклучок на публиката. На наша голема чест, рамо до рамо ги имавме бугарскиот автор Алек Попов, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, и српскиот автор Светислав Басара, кој лани беше лауреат на истата награда, но од здравствени причини не можеше да дојде.

Низ кратки претставувања на секој од гостите, публиката дозна повеќе за нивните дела, стилот на пишување, односно што е тоа што ги прави оригинални. Гости на фестивалот, годинава, покрај Попов и Басара, се Теофил Панчиќ од Србија, Јагода Михајловска-Георгиева, Једрт Лапух Малежич од Словенија, Тарик Туфан од Турција, Ивица Пртењача од Хрватска. За нивните дела зборуваа: Ермис Лафазановски, Владимир Јанковски и Александар Прокопиев. Фестивалот го отвори Дејан Трајкоски, директор на „Про-За Балкан“, кој ги поздрави гостите писатели со „Беше еднаш во Скопје“, алудирајќи на филмот „Беше еднаш во Анадолија“ од Нури Билге Џејлан, чиј сценарист Ерџан Кесал токму денеска ќе биде гостин на фестивалот.

Прокопиев го претстави Басара истакнувајќи дека во неговите последни книги препознава некој друг Басара, различен од авторот на „Фама за велосипедистите“.

,,Јас не покажувам отпор во пишувањето, туку повеќе би рекол дека станува збор за напад, оти отпорот изгледа некако пасивно. Во сите фази на моето пишување настапувам инвазивно и агресивно на еден рафиниран начин, најмногу со помош на иронија, гротеска, а не со груби зборови. Против сите стереотипи и полуживи ентитети и менталитети какви што владеат кај нас, мислам дека е најдобро да се користи гротеска за да го отсликате тоа. Не можете тоа да го реконструирате рационално”, истакна Басара.

На прашањето дали уметноста може да го промени општеството, тој вели:,,Уметноста не служи за да го смени општеството. Литературата може да го промени поединецот, мене лично ме промени. Ја прочитав „Сто години самотија“ и мислам дека таа книга ме наведе да тргнам на авантура со пишувањето.

Прокопиев го претстави и лауреатот годинава, Алек Попов. Токму Прокопиев е преведувач на неговиот роман „Мисија Лондон“, како и на последниот „Сестри Палавееви“.
Попов истакна дека не може да се научи да се пишува хумор и додаде:,,Во хуморот има една пакост. Како мал бев како зевзек, односно сакав да ги ставам луѓето во некоја непријатна ситуација и тоа да биде смешно. Мене не ми е целта да пишувам смешно, ама така се случува. Добрата сатира е насочена кон силните, а не кон слабите. Ако е насочена кон слабите, тогаш таа преминува во снобизам. Тоа е мојот прост рецепт во пишувањето и тоа, се разбира, е поврзано со многу непријатности. Фабулата ми е многу важна. Тешко е да се разбере што е дејствие во книга или на филм. Јас не сакам само да редам зборови, мене ми се поинтересни релациите меѓу карактерите и дејствата. Затоа „Сестри Палавееви“ има филмска структура”, истакна Попов.

Лафазановски го претстави еден од најпознатите и контроверзни писатели во Србија, Панчиќ. Блескаво и субверзивно име во српската книжевност, новинарство. Голем поборник за човековите права, во неговите книги на еден особено фантастичен начин ѝ се обраќа на јавноста не само во Србија, туку и пошироко. Тој е роден во Скопје.

Би го сместил во групата со писатели што немаат влакна на јазикот, слично како Милјенко Јерговиќ, кој лани беше гостин на фестивалот, и Иван Чоловиќ, рече Лафазановски.
На прашањето што во последните 18 години се сменило на Балканот, од издавањето на неговиот прв роман, Панчиќ вели:,,На ова прашање ќе одговорам со песимизам, иако сакав да кажам нешто убаво. Првите години на 21 век поточно беа години на оптимизам, поминаа 90-тите, поминаа диктатурите, авторитарните власти и мислевме дека работите ќе одат само на подобро и дека не може да биде полошо. Ние сега гледаме големо враќање на националистичките сили. Општествата главно отидоа еден чекор напред, три чекори наназад. Ми велат дека сум контроверзен затоа што на луѓето им велев да не убиваат. Ако е тоа контроверзно, тогаш нека бидам таков”, вели Панчиќ.

Словенечката авторка Једрт Лапух Малежич, покрај тоа што се занимава со кратки раскази, пишува и роман. На македонски јазик е објавена книгата „Воени бои“. Станува збор за раскази во кои авторката ги тематизира односите главно од ЛГБТ-заедницата во Словенија. Таа се пошегува дека ќе се обрати на југословенско есперанто.

,,Да не ги ставев овие ликови во обични ситуации, не би била целосно искрена. Во Словенија има долга традиција на ЛГБТ-писателки, кои пишуваат за себе. Со моите дела сакам публиката да сфати колку на тие луѓе им е тешко да се прифатат. Тоа е битка” – вели Малежич.

Тарик Туфан е еден од најпродаваните автори во Турција. Тој не ја криеше радоста што е гостин на фестивалот. ,,Има две вистини, едната е реалноста од сопствениот живот, а другата – од книжевноста. Порано романите го имитираа животот. Но, денес човекот го имитира романот. Големите писатели буквално изградија нов живот и литературата е повистинита. Зошто имаме потреба од создавање нова вистина? Затоа што тешкотиите од секојдневниот живот нè стегаат во грлото, а литературата претставува начин на ослободување и создава нова реалност и во нашиот личен живот. Живата вистина е најголемиот затвор на човекот, а книжевноста е бегство од тој затвор”, вели Туфан.

Претставувајќи ја нашата писателка Михајловска-Георгиева, Јанковски рече дека е едно од интригантните имиња на нашата литературна сцена и не се плаши секогаш да го каже своето мислење. Таа ги сподели своите искуства при патувањата од кои се родија и неколку нејзини романи.

,,Надворешните и внатрешните патувања за мене се слични. Трагаме во нас, а кога патуваме, откриваме нешто за себе. Во Мумбај бевме за наш заеднички пријател да купи бубрег. Многу се вознемирувам кога зборувам на оваа тема. Мислам дека ние не знаеме што е вистина, што не е, реалноста ние си ја правиме, јас барем така го живеам животот. Реакциите од типот што е морално или не, дали е морално да се купат органи, паѓа во вода. За мене ништо не е црно-бело и треба да бидеме поотворени кога нешто им се случува на блиските”, рече Михајловска-Георгиева.

Независниот хрватски писател Ивица Пртењача е познат поет во Хрватска, а кај нас е преведена неговата книга „Суровост“, како и двата романа „Брдо“ и „Добро е, убаво е“. Лафазановски го праша Пртењача што е добро, а што е убаво за него. ,,Тоа што е добро е и убаво, а она што е убаво не може да биде убаво ако не е добро”,рече тој. Пртењача дополни дека од сите граѓански занимања, пишувањето е класифицирано како меѓу најзалудните.

Тој почнал со поезија, па продолжил со проза. Рече дека е почестен што е во Скопје.
,,Мојата прва книга песни е објавена во Македонија, ама не можете да ја најдете затоа што беше распродадена. Јас не им ја ни препорачувам на фини луѓе како вас, не на луѓе со слаби срца. Песни почнав да пишувам оти ми требаа. Кога пишувам, се фаќам како сум во непријатна ситуација од која морам да излезам”, рече Пртењача. Со Лафазановски се согласија дека иднината на литературата им припаѓа на жените и дека тие читаат многу повеќе од мажите.

„Про-За Балкан“ продолжува денеска во 17 часот во Турскиот културен центар „Јунус Емре“ каде што ќе се одржи средба „Ерџан Кесал во Скопје!“ со специјалниот гостин на фестивалот Ерџан Кесал, сценарист на антологискиот кански победник од 2011, „Беше еднаш во Анадолија“. Модератори ќе бидат Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Два часа подоцна, од 19 часот во ЕУ-инфо центарот ќе се одржи тркалезна маса „Литература, страв, политика“, на која ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје фелоушип“. Станува збор за врвни издавачи – Пјер Астие, еден од најпознатите литературни агенти во светот, Бетина Вергетер, уредничка во издавачката куќа „Пол Солнај и Дојтик“ од Виена, и Катја Урбанија од словенечката издавачка куќа „Гога“ ќе се сретнат и со македонски писатели и издавачи и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Фестивалот „Про-За Балкан“ е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Делегацијата на ЕУ, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, амбасадите на Словенија, Хрватска, Бугарија и на Србија, Бугарскиот културно-информативен центар, Кинотеката, Национална галерија и винарницата „Бовин“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на поемата „Охридски извори“ од Ференц Јухас

Објавено пред

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, денеска, во 19 часот, ќе ја промовира поемата „Охридски извори“ од големиот унгарски поет, Ференц Јухас, добитник на „ Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2002 година.

Во оваа пригода за делото ќе говорат писателот Раде Силјан и амбасадорот на Унгарија во нашата држава, Ласло Дукс, а пред присутните свое обраќање ќе има и писателот и преведувач, Паскал Гилевски. Настанот ќе биде збогатен и со музички колаж на Жужана Ѓурина-Дуксне, позната флејтиска од Унгарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија3 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа4 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech4 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија24 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие