Контакт

Култура

Над 4.000 моторџии ќе присуствуваат на музичкиот фестивал „Ентер-фест“ во Скопје

Објавено пред

Над 4.000 моторџии ќе присуствуваат во Скопје за време на музичкиот фестивал „Ентер-фест“. Организаторите истакнаа дека подготвуваат големи изненадувања за нив.

„Скопје ќе биде музичкиот центар на регионот, како и европски моторџиски центар, каде што ќе царуваат забавата и слободата. Добредојдени се сите пријатели и соседи за на дело да покажеме колку многу го сакаме заедничкиот соживот“, изјавија од организацискиот одбор на „Ентер-фест“.

Оттаму додаваат дека во следните денови ќе бидат објавени многу изненадувања и дека крајната цел е фестивалот да се најде на музичката мапа на Европа и светот.

Музичкиот фестивал „Ентер-фест“ ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“. Фестивалот има цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји.

Како што беше објавено, цената за комплет билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини 990 денари на http://mktickets.mk/. Освен што ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво по цена од 80 денари.

Актуелно

Хуманоста по скопскиот земјотрес, инспирација за 14-годишната Ива за неделата на културно наследство

Објавено пред

Четиринаесетгодишната Ива Ангеловска од Скопје е една од десетте млади автори наградени на Повикот на Европските денови на културното наследство насловен „Европска недела на креатори на културно наследство“, информираат од Музејот на Република Северна Македонија.

Нејзината фотографија „Трагедијата го запира времето. Хуманоста го придвижува“ е селектирана помеѓу стотици креации на млади луѓе од дванаесет европски земји.

На фотографијата e претставена Старата железничка станица во Скопје, како сведоштво за големата трагедија што го снајде овој град – катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Фотографијата е проследена со сторијата на Ива за невидената хуманост и солидарност на луѓето од целиот свет и нивната несебична помош во повторната изградба на нашиот главен град.

Во координација на Музејот на Република Северна Македонија, нашата земја зеде учество во овој значаен проект на Европските денови на културното наследство, чијашто цел е да им се даде вистински и значаен глас на децата и младите луѓе и на тој начин да се откријат и поттикнат идните творци на културно наследство во Европа.

Како мотивација за нивниот понатамошен интерес за наследството, за авторите на селектираните креации беше организирана посета на Стразбур, којашто се одржа од 1 до 3 декeмври.

Од музејот информираат декa годинава земјава имала успешно учество во уште еден проект на Европските денови на културното наследство.

Имено, на Повикот за најуспешна европска приказна поврзана со наследството, проектот „Многу луѓе – многу погледи“ на Центарот за креативни индустрии – НЕБО од Демир Хисар беше помеѓу десетте селектрани приказни, за коишто беа доделени грантови во износ од по 10.000 евра.

 

 

 

Прикажи повеќе...

концерти

Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

Објавено пред

На 10 декември во камерната сала на Филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт со наслов „Зимска Бајка“.

Концертот е всушност збогатување на празничната атмосфера и одлична можност за подигнување на новогодишното расположение, информираат од организаторот „Баги комуникации“.

Концертот симболично ќе започне со делото „Декември“ од Петар Илич Чајковски, а ќе продолжи со фрагменти од „Оревокршачка“. Потоа настапот ќе продолжи со делото на Сергеј Рахмањинов „Прелудиум во g-moll“, Франц Лист – „Унгарска Рапсодија бр.2“, Јохан Штраус помладиот со неговата „ТричТрач Полка“ и „Ла Валс“ на Морис Равел.

„Искрено и длабоко верувам дека генијалната музика на големите автори кои ќе бидат дел од програмата ќе ги стопли срцата на сите присутни и барем за миг заедно ќе ја пронајдеме магијата и мистеријата на зимата. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со мојата домашна публика, непосредно пред моите настапи во неколку европски престолнини“, вели Дино Имери.

Тој важи за еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“, „Југотон“ како и онлајн.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Виолета Томовска и Весна Ѓиновска-Илкова меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Објавено пред

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ годинава ќе го додели признанието в недела (8 декември) во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 12 часот.

Државната награда за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе му биде врачена на професор Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството годинава оди во рацете на професорот Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија3 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија5 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија6 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет7 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет7 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет8 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија8 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет8 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија9 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа19 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет24 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Досие