Контакт

Изложби

Националната галерија на Македонија добитник на наградата „Музејски проект на годината“

Објавено пред

НУ Националната галерија на Македонија е еден од добитниците на овогодишните нагаради на конкурсот 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музјеската дејност во текот на 2017 година кои ги додeлува Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ). Имено во категоријата Музејски проект на годината за 2017 година наградата, стручната комисија и ја додели на Национална галерија на Македонија за проектот организиран во чест на 90 години од раѓање на бардот на македонското современо сликарство, човекот со исклучителен дух, авторот со нагласена индувудуалност, неуморен и бескомпромисен во постојана потрага по нов ликовен предизвик, големиот Петар Мазев.

Изложбата беше отворена на 2 ноември 2017 година во објектот Даут пашин амам и траеше до 25 јануари годинава. Делата застапени на изложбата беа позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и Музеј од Охрид, Културно-информативниот центар од Скопје, ЦК Антон Панов од Струмица, но и голем број на приватни колекционери. Голем дел од делата кои беа евидентирани во текот на повеќемесечната работа и истражувања а не беа вклучени во изложбената поставка најдоа свое место во јубилејната публикација објавена во оваа прилика. На изложбата беа поставени 80-ина платна работени во различни техника масло на платно и масло на панел, комбинирана техника на платно и панел.
Во рамките на изложбата беше презентиран документарен материјал поврзан со животот и работата на Петар Мазев во продукција на МРТВ: прилог од Струшки вечери на поезијата од 1963 г., Портрет на Петар Мазев од 1978 г. со Гордана Михаилова Бошњакоска, разговор со Глигор Чемерски од 90те год. од документацијата на МРТВ.

 

Изложби

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада во Даут пашин амам

Објавено пред

Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето во среда, на 24 октомври. И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.

Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам. На отворањето ќе се обратат Министерот за култура, Асаф Адеми, Директорот на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, покровител на монографското издание.

Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво, укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Изложбата која ќе биде отворена во атрактивниот објект – Даут пашин амам ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски Дада.
Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, СОЗР при Влада на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Куратори на проектот Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24 следниот месец.

И оваа изложба, како сите претходни, ќе биде подржана од нашиот јубилеен придружник, Винарската визба Тиквеш.

Прикажи повеќе...

Изложби

Дела од кичевската ликовна колонија ќе бидат изложени во Прилеп

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:30 часот, во ликовниот салон на НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од реномираната 24. Интернационална кичевска ликовна колонија.

На изложбата ќе бидат презентирани 25 дела, работени во летните месеци во 2017 година.

Изложбата во Прилеп ќе биде отворена до 31 октомври, а е поддржана од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на дела од ,,Југословенската збирка” на Националната галерија на Македонија

Објавено пред

Во објектот Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија, која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”. Изложените дела припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка”, чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната галерија. Формирањето на збирката почнало во првите години од основањето на галеријата, а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX до средината на XX век.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 110 ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата на љубителите на уметноста им дава општ преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на сликарството и вајарството создавано од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори, обработени и претставени според нивните временски и стилски карактеристики во зависност од обемот и квалитетот на збирката што ја поседуваме. Ќе бидат претставени најзначајните имиња на сликари и вајари од бившите југословенски републики (Влахо Буковац, Мирослав Краљевиќ, Урош Предиќ, Целестин Медовиќ, Паја Јовановиќ, Петар Добровиќ, Петар Лубарда, Зора Петровиќ, Ѓорѓе Андреевиќ – Кун, Крсто Хегедушиќ, Омер Мухаџиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Антун Августинчиќ и др.) чие творештво го прикажува развојниот пат од класицизмот кон создавање на современиот модерен ликовен израз.

Во деветнаестиот век југословенската уметност доживува силен подем. Односот меѓу црковното и граѓанското сликарство почнува да се менува. Сликарите главно творат во духот на класицизмот, бидермаерот, романтизмот и академскиот реализам. Најзначајните сликари од овој период кои истовремено се застапени во нашата збирка се: Павел Ѓурковиќ, Константин Данил, Никола Алексиќ, Новак Радониќ, Стеван Алексиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Влахо Буковац, Целестин Медовиќ и др.
Во првата половина на XX век на целиот југословенски простор се појавува стремеж за надминување на разликите меѓу „старото конзервативно“ и „новото модерно“ сликарство, меѓу „академизмот“ и „современите тенденции“. Притоа процесот на модернизацијата бил поттикнат главно од импресионистичките импулси како во Хрватска така и во Србија, Словенија Босна и Херцеговина и Црна Гора. Овој период го одбележуваат авторите: Мирослав Краљевиќ, Рихард Јакопиќ, Матија Јама, Матеј Стернен, Милан Миловановиќ,Коста Милиќевиќ, Надежда Петровиќ, Сава Шумановиќ, Петар Лубарда, Јован Бјелиќ, Милан Коњовиќ, Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Крсто Хегедушиќ и др.

На изложбата ќе биде презентиран и дел од оригиналната архивска документација поврзана со формирањето на оваа збирка во периодот од 1948 до 1956 година. Преку презентацијата на оваа документација ќе се потсетиме на огромниот вложен напор не само на тимот ѓто ја водел Уметничка галерија (Борко Лазески, Никола Мартиноски) туку и на државните институции кои несебично и со голема одговорност ја поддржале оваа акција и придонеле Национална галерија да ја поседува најбогатата збирка од овој тип во Македонија.

Привилегија на културата е да ги гради и одржува мостовите на заедништво меѓу географски и културолошки блиски народи. Токму заради тоа, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Р Словенија во Македонија, Н.Е. господинот Милан Јазбец, и академик Газанфер Бајрам.Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска и истата ќе биде поставена до 18 ноември 2018 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Протести во Лондон против брегзит, граѓаните бараат нов референдум

Во центарот на Лондон, денеска беше одржан протестен марш на кој имаше повеќе од сто илјади луѓе, кои се против...

Македонија1 час

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија2 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Регион3 часа

Турција: Нема да дозволиме затајување на резултатите од истрагата за Кашоги

Владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека Анкара „никогаш не ќе дозволи затајување на резултатите од истрагата”...

Македонија4 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија5 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија9 часа

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија10 часа

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија10 часа

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија11 час

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија20 часа

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија20 часа

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија21 час

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Македонија22 часа

Четворица обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. „За“ гласаа и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија1 ден

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија1 ден

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Досие