Контакт

Актуелно

Најдоброто од „Киненова“ повторно во Кинотеката на Македонија

Објавено пред

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ повторно ќе ги прикаже филмовите што ги понесоа наградите на овогодишното издание на фестивалот, но и филмови што предизвикаа силен интерес кај публиката и филмофилите.

Репризната програма се отвора в сабота во 20 часот со апсолутниот победник на годинашното издание на „Киненова“, филмот кој ги освои срцата на жирито, контроверзниот „Блискост“ на рускиот режисер Кантемир Балагов, кој ги доби трите главни награди во Скопје: најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија.

Следниот ден, в недела, двојно кино-задоволство: од 18 часот ќе биде прикажан филм од перуанската кинематографија, наградуваниот „Ретабло“ на авторот Алваро Делгадо Апарисио, приказна која нè носи на прекрасните Анди и низ визуелно супериорен пејсаж ни раскажува за малите луѓе, кои секогаш со себе носат неоткриени тајни. Во 20 часот, како фино надоврзување, уште еден визуелен спектакл, големото пријатно изненадување од соседната, бугарска кинематографија, филмот „Ага“ на Милко Лазаров, кој пред само два месеца го освои „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Билетите чинат 50 денари.

Актуелно

Заев: Требениште е безвременска загатка, која првпат се претставува во својата блескава целина

Објавено пред

Прмиерот Зоран Заев, кој воедно е и покровител, ја отвори изложбата „100 години Требениште“, поставена во Националниот археолошки музеј како резултат на заедничката соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките во Софија, каде што се чуваат вредните артефакти од локалитетот Требеништа, откриени во разни децении на минатиот век.

Заев истакна дека оваа изложба е од огромно значење поради исклучителните артефакти презентирани на неа, но и поради раководителите и кустосите на трите институции од Северна Македонија, Бугарија и Србија, кои направија историски чекор кога се согласија дека најсоодветен начин да се прослави 100-годишнината од откривањето на првите артефакти од овој археолошки локалитет е да се подготви заедничка изложба на која првпат во историјата се претставуваат сите наоди од некрополата кај Требениште.

„Требениште е безвременска загатка што обединува. Загатка што првпат во својата историја пред нашата и светската јавност се претставува во својата блескава целина и која од Скопје потоа ќе замине да биде претставена пред јавноста во Србија и Бугарија. Оваа благородна иницијатива говори за одважноста и за доблеста на слободоумните и прогресивни лидери во науката и уметноста да ги тргнат разликите настрана и да се фокусираат на нештата што обединуваат наместо на нештата што разделуваат“, рече премиерот Заев на отворањето на изложбата и додаде дека епилогот, заокружената приказна за загатката Требениште, сега има шанса заеднички да ја решат националните историско-археолошки институции од Бугарија, Србија и од Северна Македонија во соработка со соодветните институции и од другите соседни земји.

Министерот за култура, Асаф Адеми, рече дека изложбата „100 години Требениште“ е своевидна круна на пријателството меѓу три држави, чин што потврдува дека помирувањето токму преку културата пристигна на овие простори.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде новиот албум на Четкар

Објавено пред

Пи-Вајн (P-Vine), една од најпопуларните јапонски музички куќи со светско реноме која е прочуена по квалитетот на своите изданија низ аудофилите ширум светот, оваа недела го издаде новиот студиски албум на Владимир Четкар насловен како Going Home.

Вистински раритет е што албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некои од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер.

Овие изминати неколку недели музиката на Четкар ужива огромен респект од јапонските медиуми и активна радио подршка од сите поголеми национални и локални радио станици.

Масахару Јошиока кој е еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е неверојатно ремек делo.

Албумот Going Home е комплетно авторско дело на Четкар каде како и во предходните два албума Heavenly и We Will Never End и тука се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Бузалковска: Срамно е што премиерот не мисли дека треба да побара оставка од министерот за култура

Објавено пред

Режисерката Зоја Бузалковска со статус на својот фејсбук-профил го изнесе нејзиното мислење за ревидираната годишна програма на проекти од национален интерес во културата, за која вели дека  сè уште е скандалозна.

„Освен корекциите на кардиналните грешки и на катастрофалните одлуки во неколку случаи, сето друго е токму како што предвидов – забошотување, ‘затнување усти’, пополнување дупки, залажување, тивка уцена на оние кои сакаат нивните институции да продолжат да постојат и проектите сепак да бидат реализирани, како-така“, наведува Бузалковска во објавата.

Како што вели таа, во целата ситуација изостанува тотална и темелна ревизија, во која ќе се преиспита како е можно толку големи средства да се одлеат на институции кои не биле ниту легално отворени кога бил завршен конкурсот за програмата.

„И по делумната ревизија, за овие институции и поединци одлуката останува иста, што е сосема разбирливо кога ќе се знае дека таму единствениот или најважниот применет критериум е партискиот. Со тоа, тие крупно го ‘оштетија’ буџетот за култура годинавa и направија, вистински квалитетните проекти да мора да бидат реализирани со мизерни финансии“, смета режисерката.

Бузалковска нагласува дека остануваат и нелогичностите и непропорционалностите меѓу бодирањето и доделените средства, различните аршини за ист тип на проекти и нејасните критериуми.

Таа во објавата на „Фејсбук“ истакнува дека срамно е што повторно никој не презел одговорност за она што се случи и тоа што Министерот за култура мисли дека го решил проблемот.

„Срамно е што премиерот не мисли дека треба да побара оставка од ресорниот министер по еден ваков скандал и што се задоволува со ваквата солуција, срамно е што ова ќе остане уште едно ‘чудо за три дена’, во кое моево писание ќе делува бајато и неинтересно за јавноста, која веќе се занимава со некој потазе и позвучен скандал“, пишува режисерката и додава дека јавноста и фелата не смее толку лесно да се помируваат, односно дека треба да се направи реален напор да се извршат системски промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ14 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија15 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет16 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет18 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие