Контакт

Култура

„Најкратки драми на светот“, нова претстава во МНТ

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за новата претстава „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓоргиев.

Според драматургот на претставата Дарко Јан Спасов, „Најкратки драми на светот“ како наслов на оваа театарска претстава е позајмен од истоимената збирка кратки пиеси издадена пред точно 20 години и е приредена од театрологот Јован Ќирилов. Од изборот на четириесеттина пиеси од исто толку автори, издвоени се единаесет кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат една заокружена сценска слика – калеидоскоп низ кој се прави пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век, а чии врзивни елементи се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, времето како не(с)фатлива категорија, општата состојбата на апсурд.

Секоја од овие пиеси „минијатури“ на Муза Павлова, Чехов, Хајнер Милер, Каринти, Фридман и др. автори, од својата „неконцизна“ основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата.

Во претставата играат: Снежана Коневски – Руси, Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски.
Сценографското решение е на Трајче Ѓоргиев и Татјана Блажевска – Христовска, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а изборот на музиката се на режисерот и драматургот.

Премиерата е закажана на 25 ноември на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, а првата реприза е на 29 ноември. Билетите за премиерата и следната изведба се пуштени во продажба преку онлајн системот и на билетарницата во МНТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби наградата за човекови права на Советот на Европа

Објавено пред

Филмот „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска ја доби престижната „Одисеј“ – награда за Човекови права на Советот на Европа (Odyssée Conseil de l’Europe aux Droits de l’Homme).

Жирито на настанот „Европски кино ѕвезди и платно“ составено од 10 амбасадори во Советот на Европа, заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, директорот на кабинетот на генералниот секретар на Советот на Европа и извршниот директор на „Еуроимажс“, Роберто Ола, ја додели наградата на македонскиот филм „… Петрунија“, нарекувајќи го величенствен филм.

Еднаш годишно, а веќе по деветнаесети пат, Советот на Европа ја доделува оваа награда.

Одисеј наградата се доделува за две категории и тоа за особена уметничка креација и за човекови права. Минатогодишниот добитник за уметничка креација е големиот турски режисер, Нури Билге Чејлан, за филмот „Дивата Круша“ во кој Македонија беше копродуцент преку продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“, а годинава оваа награда ја доби Павел Павликовски за неговиот филм „Студена војна“.

На вчерашната свечена церемеонија во киното „Одисеј“ во Стразбур наградата и беше врачена на режисерката Теона Стругар Митевска и беше организирана вечера со авторот и амбасадорите од Советот на Европа.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Премиера на краткиот филм „Метакосмиа“ во Куманово

Објавено пред

Утре, 15 ноември, со почеток во 19:30 часот во театарот во Куманово премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Метакосмиа“, по сценарио и режија на Мартин Давитковски.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни ликови и повеќе статисти.

Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, со Дејан Ангеловски како асистент на фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а музиката е на Egnatia. Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

Влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Македонска премиера на „Глас“ на „Синедејс“

Објавено пред

Долгометражниот игран филм „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, во продукција на „Максима филм“, а во копродукција на „Скопје филм студио“, на 14 ноември ќе ја доживее македонската премиера како филм од програмата МК во ЕУ на годинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде што беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче што пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

„Глас“ е копродукција помеѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Насилството во Хонгконг ескалира: Демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците кои патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 час

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за...

Македонија2 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија имаат дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион12 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија14 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион14 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија15 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија18 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија20 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија22 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија22 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија23 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија1 ден

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија1 ден

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет1 ден

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет1 ден

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Досие