Контакт

Изложби

Најновиот проект на Искра Димитрова „@Траги“ во Чифте амам

Објавено пред

На 28 мај 2019 година (вторник) во 20:30 часот во НУ Национална галерија ќе биде отворена изложбата насловена „@Траги“ на уметницата Искра Димитрова. Според Димитрова, изложбата „@Траги“ претставува портрет на нашата средина преку изложување на огромна архива  реакции и написи во јавноста кон проектот „Вера, надеж, љубов“ – трите врби во реката Вардар, едно современо уметничко дело кое неправедно и неоправдано се претвори во синоним на проектот „Скопје 2014“.

„Најновиот проект на Искра Димитрова е остра критика токму на начинот на којшто во полето на културата се артикулираат и дистрибуираат одредени ставови, мислења, вредности”, пишува Љиљана Неделковска.

Како што вели, пак, Лазо Плавевски, еден од кураторите „…проектот „@Траги“ како и секој реален уметнички проект е реализација на една идеја како пластично да се реализира некоја намера. Димитрова кон овој проблем пристапува исклучително уметнички одговорно, внимателно фокусирајќи се врз сите детали особени за ваквиот вид  изразување.”„Преку изложување на дел од проектната документација, договорите за изведба и реализација, како и огромен број коментари, оценки, критики за проектот, Искра Димитрова своето искуство го претвора во серија поврзани инсталации, кои ни нудат исклучителна и несекојдневна можност да го проследиме функционирањето на медиумската сфера, процесот на деградирање на информирањето и начините на креирањето на јавното мислење, а уште повеќе контролираната дезинформација како едно од најмоќните оружја во политичката битка, процеси низ кои уметничкото дело може да стане колатерална штета“, вели Владимир Јанчевски.

Куратори на проектот се Лазо Плавевски и Владимир Јанчевски, стручен соработник е Лилјана Неделковска, а асистент на проектот е Нита Муча. Куратор од Националната галерија е Ана Франговска, а кустоси соработници Александра Зиновски-Вилиќ и Горанчо Ѓорѓиевски. Технички асистент е Владо Димоски, а светло-мајстор Илија Тарчуговски. Видеото, монтажата и звукот се на Дамјан Цветков Димитров.

Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија и Министерството за култура.

Изложби

На „Охридско лето“ изложба на фотографии „Кина во моите очи“

Објавено пред

Дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер понуди уште една изложба. Станува збор за фотографии на тема „Кина во моите очи“ организирана во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија и Општина Охрид.

Годинава се навршуваат 70 години од државноста на Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, ја организираа оваа фотографска поставка на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Кина.

Во името на Општина Охрид, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска која упати честитки за државноста на, како што рече, нашиот пријателски народ.

-Сметам дека нема подобро место од Охрид во овој период од годината каде меѓу мноштвото културни збиднувања може да се направи една ваква изложба каде можеме да уживаме во убавината на фотографиите кои ни пренесуваат само мал дел од големата магија на Кина. Дотолку повеќе што автентичноста на овие фотографии, иако не претендира, но поради својот природен, оригинален, специфичен тон, успева да достигне и уметничка вредност. Притоа да не заборавиме дека не се изработени од професионалци, туку од наши граѓани кои со различни поводи ја посетиле Кина, рече Ангелоска.

Претседателот на Друштвото на македонско-кинеското пријателство Љупчо Маленко рече дека македонско-кинеското пријателство започна пред 25 години, и како што најави ќе трае уште долги години и ќе се продлабочува.

-Друштвото за македонско-кинеска соработка и пријателство е формирано пред 25 години. Со городост го истакнувам моментот дека ревносно се работеше на воспоставување заедничка соработка и на добрите односи, но и на она што значи претставување на нашите културни вредности, рече Маленко.

Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“ што ќе биде отворена седум дена, а има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата студирале, работеле или ја посетиле Кина. Фотографиите се тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Кина во моите очи“ – изложба по повод 70 години од основањето на НР Кина

Објавено пред

Во Заводот и музеј во Битола од синоќа па во наредните седум дена е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Заменик-градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна Костурски.

Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во Амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата ‘Еден појас, еден пат’, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на заемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.

Настанот, кој го организираа Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ претставена во музеј во Солун

Објавено пред

„Сè што ни е заедничко“ е основното мото во делата на 14 уметници од Југоисточна Европа во рамки на изложбата организирана од Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе се отвори в среда, 17 јули, во 20:00 часот во Момус – експериментален центар за уметност во Солун.

Изложбата ја испитува несигурноста во различните социјални, политички и културни контексти поврзани со ранливоста и егзистенцијалната непредвидливост во земјите од Југоисточна Европа.

Видео, сликарство, фотографија и инсталации се медиумите кои се користат за да се подигне свеста за општата опасност и да нè натера да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели.

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова од Музејот на современата уметност – Скопје.

Во изложбата се претставени делата на уметниците Ана Адамовиќ (Србија), Лучезар Бојаџиев (Бугарија), Флака Халити и Албан Муја (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу и Антонис Питас (Грција), Рената Полјак (Хрватска), Анри Сала (Албанија / Франција), Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски (Северна Македонија).

Изложбата „Сè што ни е заедничко” е соработка помеѓу двата музеи како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот, Европа и пошироко. Музејот на современа уметност во Скопје на крајот од септември 2019 година ќе биде домаќин на изложба на дела од колекцијата од Музејот на современата уметност Момус од Солун.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 септември 2019.

Изложбата е финансиски подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и „Еуролинк осигурување“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија48 минути

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет3 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет4 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет4 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет5 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет5 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет5 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија16 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија17 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион19 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија21 час

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија22 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија1 ден

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Досие