Контакт

Актуелно

Најпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе ѝ ги долови гудачкиот „Квартет филхармонија“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет филхармонија“ почнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеца подоцна веќе го одржува својот прв концерт.
Ана Кондратенко ја има првата виолина во квартетот. Своето образование го почнува во родната Русија, а дипломира на Високата музичка школа во Келн, во класата на светски познатиот виолинист Виктор Третјаков. Како солист и концерт-мајстор е доста активна во Македонија, но и во Русија и голем број други земји во Европа, Америка и Азија.

Бојан Илкоски (втора виолина) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Често настапува како камерен музичар, поле на кое соработува со светски реномирани артисти. Неговата активна изведувачка дејност го носи и надвор од границите на Македонија.

Бојан Талески свири на виола во овој гудачки квартет. Тој најпрвин почнува да свири виолина, а подоцна се определува за инструментот виола. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Фросина Балова. Чест гостин е на фестивалите во Македонија, но и надвор од неа. Добитник е на награди на неколку натпревари во Македонија и Бугарија.

Дел од овој музички состав е и виолончелистката Марија Михајловска, која дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оценка Cum Laude, во класата на проф. Живко Фирфов. Во 2015 година ги завршува и своите магистерски студии на ФМУ во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка. Учесник е и на повеќе мајсторски курсеви предводени од еминентни музичари.

Во изминатите неколку месеци,гудачкиот „Квартет Македонија“ соработувал со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина Димитар Ќорнаков, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност

Објавено пред

Во Скопје, на 92-годишна возраст, почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а последните години од работниот стаж бил во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.

Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и странство.

Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Извештај го вклучи алармот за клаузулата за различности на европската спогодба за културно наследство

Објавено пред

Италијански весник предупредува дека клаузулата за различност во Спогодбата за културно наследство на Советот на Европа може да го избрише вистинскиот идентитет на Италија бидејќи бара почитување на различноста на толкувањата.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вредноста на културното наследство за општеството првично беше донесена во 2005 година, но досега само десет нации го ратификуваа договорот во националното законодавство. Италија не е една од нив, заедно со Франција, Шведска, Германија и Шпанија, пренесува „Ил џорнале“.

Договорот, познат и како Конвенцијата од Фаро, набргу ќе биде ставен на гласање во италијанскиот парламент, според „Ил џорнале“, кој предупредува дека одредена клаузула за различност може да влијае на културата на Италија.

Весникот пишува за дел 2, член 7 од договорот, конкретно за изјавата да се поттикне размислувањето за етиката и методите за презентирање на културното наследство, како и почитувањето на различноста на толкувањата.

Членот 7 продолжува велејќи дека исто така ќе се воспостават процеси за помирување за да се справат со ситуации кога на истото културно наследство му се припишуваат контрадикторни вредности од разни заедници.

Пример за контрадикторни вредности, понуден од весникот, е посетата во Рим од 2016 година од страна на иранскиот претседател Хасан Рохани, што предизвика контроверзии кога владата, тогаш предводена од Матео Ренци, покри многу италијански ремек-дела за да не го навреди иранскиот претседател.

Во 2019 година гробиштата во градот Болоња отидоа уште подалеку инсталирајќи моторизирани завеси за да го блокираат погледот кон христијанските симболи за време на услугите за другите верски заедници.

Навредливите статуи се тема на фокус во последните неколку недели на протестите на „Блек лајвс медр“, кои го зафатија светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Само во Велика Британија статуа на филозофистот на Бристол, Едвард Колстон, кој профитирал од ропството, беше соборена и фрлена во блиската река, а претходно неделава градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нареди отстранување на 207-годишната статуа на Роберт Милиган поради неговата поврзаност со трговијата со робови.

Активистите на екстремната левица оттогаш објавија список за отстрел на статуи во Велика Британија, кои би сакале да бидат отстранети или соборени, список што вклучува поранешни кралеви, па дури и поранешниот премиер Чарлс Ерл Греј, кој помогна за укинување на трговијата со робови на Атлантикот.

Неколку статуи во Шкотска се исто така на списокот. И покрај објавувањето на плановите на екстремистите, шкотската полиција изјави дека немаат намера да ги чуваат или заштитат статуите.

Прикажи повеќе...

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет50 минути

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 час

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет1 час

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет2 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет2 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ12 часа

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион15 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија16 часа

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија20 часа

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија22 часа

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија23 часа

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија23 часа

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ1 ден

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет1 ден

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Македонија1 ден

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски...

Македонија1 ден

Свеченостите за Илинден годинава без масовни собири

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со...

Македонија2 дена

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите. „Ти си на одмор, но вирусот...

Македонија2 дена

Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во...

Досие