Контакт

Книги

На македонски јазик објавен детскиот роман „Леон, ученикот на волшебникот“ од Жарко Милениќ

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот бајка „Леон, ученикот на волшебникот“ на Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска.

dobivaj vesti na viber

Овој сказновиден роман на Милениќ е првиот од трилогија романи за деца поврзани со истиот главен лик (1. „Леон, ученикот на волшебникот“; 2. „Леон во Стаклената шума“; 3. „Антадор, учителот на Леон“).

„Станува збор за книжевно-естетско остварување со високи вредности: според јазикот и стилот, организацијата на текстот, длабоко осмислената фабула и течната нарација, при што е карактеристичен класичниот стил на раскажување во духот на народната приказна, односно на бајката, со романизирана структура. Книгата е напишана со едноставен, лесен и убав раскажувачки јазик и стил“, посочуваат од издавачот.

Книгата „Леон, ученикот на волшебникот“ првпат е објавена во 2004 година во Риека, Хрватска, а потоа и во Босна и Херцеговина, Украина, Ерменија и во Бугарија.

Книгата содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние што сè уште во душата се чувствуваат така.

„Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, а неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита… Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите“, наведуваат од издавачот во однос на содржината на романот.

Жарко Милениќ (1961, Брчко, Босна и Херцеговина) магистрирал руска книжевност и компаративистика на Националниот истражувачки универзитет во Москва, каде што е докторанд. Живеел во Осиек и Риека, а сега живее во Брчко и во Подмосковје, Русија.

Автор е на повеќе од триесет прозни дела, повеќето романи, четири книги со раскази, исто толку стихозбирки, како и на две книги со критички текстови, една есеистичка, а приредувач е на антологиски и тематски избори. Автор е и на радиодрами.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје

Објавено пред

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер.

dobivaj vesti na viber

Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург и животот на стигматизираните групи жени и нивните деца, кои ги наследиле судбините и одлуките на нивните мажи. Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот треба да излезе на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, кој се занимава со семејната траума и проекцијата на таа траума на љубовните и пријателските односи. Во основата, тоа е роман за љубовта, на различни ниво, но и роман за односот меѓу руралниот и урбаниот менталитет во пост-транзицискиот период во Хрватска.

Резиденцијалниот престој на Ена Катарина Халер во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Прикажи повеќе...

Книги

Во продажба збирката „Метафора – поглед зад огледалата“ од Марко Трпески

Објавено пред

Збирката илустрации и поетски минијатури „Метафора – поглед зад огледалата“ од Марко Трпески веќе е во продажба.

dobivaj vesti na viber

Збирката е своевиден архетипски алманах и се занимава со вивисекција на аспектите што се кријат зад прагот над потсвеста, а истовремено имаат и симболични манифестации и интерпретации во подрачјето што го нарекуваме човекова реалност. А токму таа, човековата реалност, е ризница на конечни и бесконечни прашања, прашања чија генеза е длабоко врежана во тотемите на љубовта, смртта и понекое хибридно табу, кои „Метафора“ се труди да ги претстави и да ги илустрира на еден експериментален начин.

Оваа збирка има и амбивалентни ноти, па покрај тоа што е еден вид архетипски алманах, таа е и своевидна критика кон сето она што го носи како илустрација, критика за малите оправдувања и хипотетичка анализа како предговор за една подлабока филозофска дискусија, хипотеза што би требало да гласи: Дали на секоја грешка, во која и да е форма, ѝ претходи алиби, оправдување и токму затоа и се случува… или тоа е сепак оваа досега утврдена следственост, грешка, па оправдување?! „Метафора“ е збирка што си дозволува да погреши.

„Тука нема готови одговори што ќе ви ги разрешат мистериите, ова е сублимат на реалноста, на она што се случува во секојдневието онака како што е режирано од општеството и животот. Марко Трпески низ објективот на својата илустрација на креативен начин издвоил парченца живот што ја прикажуваат велелепноста на апсурдот (…). Неоптоварен од трендовите на сите современи техничко-технолошки достигнувања, Трпески избира визуелни мотиви што се поврзуваат со естетиката на разни периоди од минатото ставајќи ги во некаков надреалистичен контекст. Сепак, за реализација на овие дела тој го користи дигиталниот колаж како визуелен јазик, што е лесно достапен за публиката, а притоа претставува современ медиум на изразување. Токму со овој спој на естетика, која буди реминисценции на минатото и современите форми на изразување, тој сака да алудира на временската перспектива за постоењето на некои од човековите состојби“, пишува во рецензијата кон книгата уметникот Душан Пејчев.

Марко Трпески е графички дизајнер, илустратор и визуелен уметник од Скопје. Неколку години е дел од светот на издаваштвото како дизајнер на корици на книги и други визуелни проекти. Неуморен трагач по совршените состојки за создавање визуелни метафори. Човек што верува дека уметноста оди рака под рака со умешноста. Уметник што има трајна потреба да ја создаде својата мешавина од реалност. Непоправлив идеалист, кој ужива да си игра со симболи и метафори. „Метафора – поглед зад огледалата“ е неговата прва објавена книга.

Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Веќе е достапна за продажба во книжарниците на „Антолог“, „Полица“, „Или-или“ и „Култура“, а набргу и во електронската книжарница на „Купи книга“

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Раскази за љубовта“ од Михал Вивег

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ ја објави збирката раскази „Раскази за љубовта“ од еден од најпопуларните современи чешки писатели, Михал Вивег. Преводот од чешки јазик е на Соња Стојменска-Елзесер.

dobivaj vesti na viber

Делата на Вивег се преведени на повеќе од 25 јазици, а само во Чешка неговите книги се продадени во повеќе од 1 милион примероци.

Збирката раскази „Раскази за љубовта“ ги содржи главните карактеристики на прозното писмо на Вивег – одлично чувство за раскажување приказни, дозиран хумор, луцидно согледување на односите меѓу луѓето.

Млади љубовници и постари љубовници, парови во брак и разведени, неженети мажи и вдовици, отворени и прикриени страсти, непредвидени емоции што се појавуваат во разни ситуации, копнежи што не се реализираат или се остваруваат на необичен начин – едноставно, љубовта во сите нејзини облици – тоа е главната тема на „Раскази за љубовта“.

Сите 16 раскази од книгата го носат печатот на авторот, кој умее своето чувство за стил и композиција да ги обедини во приказни полни со живот и умешно нијансирање на основната тема. Михал Вивег ги набљудува среќните и тажните страни на љубовта не само со разбирање, туку и со иронична ладнокрвност. Повремената тага и меланхолијата вткаени во овие кратки прози речиси секогаш благовремено се натопени со хумор, па иако емоциите играат главна улога во текстовите, тие никогаш не навлегуваат во патетика.

Михал Вивег е мајсторски раскажувач и затоа неговите раскази се читаат со исклучителна леснотија и уживање.

Соња Стојменска-Елзесер (1963) работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986). На истиот факултет ги одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ (1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ (2003).

Во периодот 1997-2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка.

Авторка е на книгите: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006), „Компаративна книжевност“ (2007), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018).

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 минута

Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Ryanair“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетната...

Македонија51 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна епизода „Стево и Плочата“ до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен плоча од времен карактер

Според опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски води политика од денес за утре. „Се е сведено само на гол пиар и зад неговите...

Македонија58 минути

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за само пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата, поставени при осамостојувањето...

Европа1 час

Тајван го отфрла кинескиот модел „една земја, два системи“

Тајван го отфрла моделот „една земја, два системи“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање,...

Македонија13 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија14 часа

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа15 часа

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ16 часа

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет16 часа

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија17 часа

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија21 час

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија22 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа22 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет22 часа

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија1 ден

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет1 ден

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет1 ден

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет1 ден

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет1 ден

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет1 ден

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...