Контакт

Култура

На Правниот факултет научна конференција по повод 30 години од падот на Берлинскиот ѕид

Објавено пред

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна научна конференција на тема „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“.

Меѓународната научна конференција ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2019, кога се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан што симболично ги означи крајот на Студената војна и почетокот на процесот на транзиција на правните системи во посткомунистичките земји.

„Конференцијата има цел да ги истражи разните патеки на транзиција избрани и спроведени во целиот континент, да иницира дискусија и изведе заклучоци за најдобрите практики и научени лекции за време на транзицијата“, информираат од Правниот факултет.

Конференцијата почнува на 8 ноември, во 9.30 часот, и ќе ја отворат професор Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“, професор Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, германскиот амбасадор во земјата, Томас Норберт Герберих, и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Клучни говорници на пленарната сесија на конференцијата се професор Отмар Сеул од Универзитетот „Париз Х“ во Франција и професор Томас Гигерих, „Европа институт“, Универзитет „Сарланд“, Германија.

На конференцијата ќе се презентираат 60-ина научни труда од истражувачи од земјата и странство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот” во Струмица

Објавено пред

Мегапопуларната актерка, која јавноста во регионот ја познава по многуте серии, како „Жикина династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии, в петок (15 ноември), гостува во Струмица со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“.

Хит-комедијата, која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји во светот.

Во неделата и во понеделникот во Театар „Комедија“ пред преполна сала, а в петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Паиќ и Семир Гичиќ ќе го чека министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 денари.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ на „Синедејс“

Објавено пред

По фестивалите во Бусан, Варшава и Котбус, филмот „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, утре ќе ја доживее македонската премиера во рамките на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“.

„Глас“ е копродукција меѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и од Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно“.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографијата е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејно реиздание на Homebound на Кирил Џајковски

Објавено пред

Јубилејното реиздание на ремек-делото Homebound на Кирил Џајковски излегува на 13 ноември, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум со своето појавување во 1999 година дефинира нов музички правец, во кој традиционалната музика и
современата електроника живеат во совршена хармонија. Оригинално објавен под
тогашното уметничко име на авторот, Кирил, Homebound беше еднакво фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од downtempo, world music, breakbeat и drum’n’bass. Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радиостаници и со тоа значително им го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Дваесет години подоцна оваа исклучителна колекција од современа музика останува да биде скапоцено сведоштво за едно време кога музиката беше забавна и авантуристичка, но истовремено и длабока и полна со значење. Речиси е неверојатно што покрај тоа што беше футуристички и авангарден во времето кога се појави Homebound, остари прилично достоинствено, па звучи извонредно свежо и релевантно цели две децении по првото објавување.

Реизданието на Homebound содржи ремастерирани верзии од сите десет песни од оригиналното издание. Излегува потпишано со новиот уметнички бренд на авторот Џајковски, а од 13 ноември ќе биде достапно на сите дигитални сервиси за музика во светот. Издавач на реизданието е Filter Label.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија4 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија5 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија7 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија7 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија8 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија9 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа9 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија10 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија10 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија10 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет11 час

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет11 час

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија11 час

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт11 час

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија22 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион22 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион1 ден

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа1 ден

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија1 ден

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Досие