Контакт

Култура

Недела на современиот полски филм во Кинотека

Објавено пред

Шест полски филмови ќе бидат прикажани на Неделата на современ полски филм што ќе се одржи од 4 до 9 мај во Кинотека. Истовремено ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови.

Првиот филм што ќе биде прикажан е „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. На 5 мај следува филмот „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас. На 6 мај ќе биде прикажан „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, понеделник, 7 мај, е резервиран за Роман Полански и неговиот филм „Нож во вода“, кој премиерно е прикажан во 1962 година. Последните два дена од неделата на полски филмови се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски, при што во вторник ќе може да го погледнете „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“. И двата филма се реализирани во 1988 година.

Во освртот кон овие режисерски имиња и нивнните дела, нашиот филмски критичар и новинар Стојан Синадинов запишува: „Изборот на овие пет автори од втората половина на минатиот век сигурно може да се надгради и со нивните други дела, како и со други автори. Но, тоа е како да правите избор на играчи за репрезентацијата на светот во фудбал: никој нема да биде задоволен ако тоа не е токму негов избор, но да не се лажеме, сите ќе уживаат да ја гледаат таа репрезентација. Какви „играчи“ беа Анджеј Вајда, Јежи Кавалерович, Војчек Хас, Роман Полански и Кшиштоф Кешловски? Секој посебен, сите заедно творци на колективниот ракопис на една ера која, како што гледаме денес, нема пандан во европската и светска кинематографија. Иако снимаа филмови во ригиден идеолошки систем, успеваа да создадат посебна естетика, надвор од кампусот на важечкиот државен соцреалистички курс. Но, nota bene, и поинаков од т.н. емигрантска култура, чии протагонисти беа личности кои пребегнале на Запад“.

Програмата се реализира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје.

концерти

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонијата

Објавено пред

„Бајка“ е наслов на концертот што оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи овој четврток во 20 часот. Како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од А. Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Б. Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј. Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

Естер Ју е исклучителна американска виолинистка која го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична. Естер Ју е исклучително софистицирана и интелигентна виолинистка со препознатлив стил на изведба. Почнала да свири виолина на пет години.

„Мојата баба беше пијанистка, но и целото мое семејство сакаше класична музика. Израснав слушајќи секаков тип музика уште од бебе. Раните години од детството ги поминав во Њу Џерси, во дел кој е многу блиску до Њујорк, а моите родители ме носеа на извонредни концерти во ‘Карнеги хол’ и ‘Линколн центарот’ уште кога имав три години.

Седев мирна на овие концерти, маѓепсана од музиката и од она што се случуваше на сцена. Првиот инструмент на кој почнав да свирам беше пијано кога имав четири години, но набргу потоа посакав да свирам виолина инспирирана од виолинистите што ги слушав на концертите на кои одев како дете. Бев многу срамежлива како мала, а свирењето виолина ми помагаше да изразам емоции во сигурна зона“, вели Естер Ју.

Оваа значајна виолинистка вели дека маестро Лорин Мазел бил една од нејзините најголеми инспирации.

„Имав среќа да запознам и да работам со легендарни музичари, кои ми беа најголема инспирација. Маестро Лорин Мазел ми беше голем ментор, тој ме запозна и ме научи како да се справам со предизвиците што одат рака под рака со музичкиот живот. Маестро Владимир Ашкенази, со кого имав можност да снимам два албума и да свирам на неколку концерти, ме научи како да создавам музика и да бидам позитивна и да се забавувам на сцената. Маестро Еса-Пека Салонен е исто така важен во развивањето на мојата музичка визија. Со него имав турнеја и тој ми покажа нови патишта на звукот за кои не бев свесна дека постојат. Генерално, најмногу се инспирирам кога директно контактирам со луѓе – без разлика дали разменувам идеи со некој голем диригент, свирам камерна музика со исклучителни колеги или влегувам во страсни дискусии со луѓе што немаат допирна точка со музиката“, вели Ју.

Прикажи повеќе...

Култура

Операта „Магбет“ во Националната опера и балет

Објавено пред

Националната опера и балет ја најавува изведбата на операта „Магбет“ на 21.2.2020 (петок), со почеток во 20 часот.

Драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт, кои го уништуваат здравиот разум.
Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи многубројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.

Состојбата на нивниот дух, која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Националната опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова.

Диригентската палка овој пат е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој свој дебитантски настап пред македонската публика на сцената на Националната опера и балет.

Во другите улоги настапуваат: Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Режисер: Марко Спада (Италија), Сценограф: Мауро Тинти (Италија), Костимограф: Раде Василев, Кореограф: Олга Панго, Концерт-мајстор: ас. хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска, ас. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.

Прикажи повеќе...

концерти

Женскиот квартет „Фрајле“ настапува во Битола

Објавено пред

Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава почна со двата концерта на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на февруари, поточно на 29, сабота, од 20 часот, ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.

Четирите дами – Невена, Јелена, Марија и Наташа, познати по својата појава и музички стил, кој се толкува како „Војводинско танго“, во 11-годишното музичко патување пропатувале половина свет со својата музикa. На листата со настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 февруари Битола е на календарот.

Сите оние што барем еднаш гледале нивен настап, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции, кои го допираат срцето, и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, членките на „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа, во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“, а сите оние што сакаат да ги чујат четирите дами во едно шоу, на 29 февруари може да дојдат во Битола.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 19 февруари, од 16 часот, на билетарницата во Центарот за култира во Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион5 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија10 часа

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ10 часа

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија11 час

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија12 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија13 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија13 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет15 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ15 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет16 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет16 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет17 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие