Контакт

Култура

Нова награда за филмот „Ловци на вештерки“ на фестивал во Чешка

Објавено пред

Играниот филм „Ловци на вештерки“, приказната за вистинско другарство на две деца, беше премиерно прикажан во Европа во официјалната програма на еден од најстарите европски фестивали за детски содржини „Злин филм фестивал“, што се одржа минатата недела во Чешка. Фестивалот има посетеност од над 125.000 гледачи, што го прави еден од најпрестижните и најинтересни во својата сфера. По успешното прикажување, децата актери Михајло Милавиќ и Силма Махмут ја освојиа наградата за најдобри актери Best children performance.

„Ловци на вештерки“ (The Witch hunters, англ.) е приказна за Јован, момче од десет години, кое е родено со делумнa церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација Јован бега во светот на фантазијата, во која, непречен од својата физичка попреченост, тој е слободен да направи сè и да биде оној што сака, еден вид суперхерој.

Филмот е во режија на Рашко Миљковиќ, сценариото е напишано од Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ, а во него играат: младите Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и нашата светски позната актерка Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф од Македонија е Ирена Атанасовска, монтажер на филмот е Ѓорѓе Марковиќ, а снимател на звукот е Игор Поповски. Во оваа српско-македонска копродукција продуцент на филмот е Јована Караулиќ од „Акција продукција“, а македонски копродуцент е Огнен Антов од „Дрим фектори“.

Филмот е финансиски поддржан од Филмскиот центар на Србија, медија програмата „Креативна Европа“, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, Град Белград. Филмот на својата светска премиера на престижниот фестивал во Торонто веќе го привлече големо внимание на светската публика освојувајќи ја наградата за најдобар филм од страна на т.н. младо жири.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Финална вечер на „Таксират“

Објавено пред

Во Скопје ќе се одржи финалната вечер на „Таксират“, фестивал штоој го слави својот 20. јубилеј, и тоа за првпат во Арена „Борис Трајковски“, целосно трансформирана за да ги пречека над 10-те славни музички имиња на дури три бини и со илјадници посетители. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19 часот, а почетокот на маратонската 8-часовна музичка програма е закажан во 20 часот.

На главната бина на „Таксират“ за првпат македонската публика ќе има можност да ги погледне настапите на eден од најпосакуваните бендови на современата сцена, шведската инди-рок група MANDO DIAO и легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM, кој доаѓа со својот фуриозен диџејски сет. Покрај нив, светски концерт каков што не сме навикнати да очекуваме од македонски изведувачи подготвуваат нашите металкор легенди SMUT, а главната бина ќе ги пречека и славните изведувачи познати по своите незаборавни настапи NOUVELLE VAGUE, „Дубиоза колектив“, THERAPY и „Културно-уметнички работници“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на фотографии на жртви на родово насилство

Објавено пред

По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, ќе се одржи изложба на фотографии – ,,Викторија’’ во 20:00 часот, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ-центарот за поддршка Скопје, во соработка со шелтер-центарот ,,Сигурна куќа” и платформата за феминизам ,,Медуза”. Изложбата ќе биде поставена во кафе-бар ,,Синдикат’’, а следствено и на веб-страницата Медуза.мк – нова феминистичка платформа на македонски јазик.

Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и истите ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се со придружна приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Театарски мултимедијален перформанс „Оксиген“

Објавено пред

Членовите на „Театар Пи“ Златко Митрески и Македонка Илиевска изминатиов период работеа со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“. Резултатот е мултимедијалниот проект „Оксиген“, кој на 8 декември во 20 часот ќе биде прикажан во НГМ „Мала станица“ во Скопје. Влезот е слободен.

Низ серија специфични актерски техники и процес на импровизација, во работата ќе се истражуваат можностите за создавање театар со слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост. Низ ситуации и театарски игри со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал, кој ќе биде дел на драматургијата во театарскиот перформанс ,,Оксиген“, кој е четврт заеднички проект на „Театар Пи“ со лица со попреченост од центарот „Порака“. Акцентот ќе биде ставен на нивната способност да бидат изведувачи  и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин.

Режијата и видеомапингот се на Златко Митрески и Македонка Илиевска. Камерман е Гаврило Миловановиќ. На фагот свири Јован Витанов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски побара независно тело да ги анализира прислушуваните разговори на обвинителите

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот марш во Кочани упати барање до Владата да се формира независно тело кое...

Европа8 часа

На протестите во Франција околу 2.000 приведени

Речиси 2.000 лица се приведени вчера на протестите на „Жолтите елеци“ ширум Франција, соопшти Министерството за внатрешни прашања на Франција....

Македонија12 часа

Груевски еден месец е во бегство

Македонскиот азилант во Унгарија, експермиерот Никола Груевски еден месец е во бегство. Судскиот курир минатиот месец, поточно на 9 ноември...

Европа12 часа

Макрон се подготвува за значајна објава

Фрнацускиот претседател Емануел Макрон се подготвува на почетокот од следната недела да објави значајни работи, рекол владиниот портпарол по насилните...

Регион13 часа

Протести во Белград – „Стоп за крвавите кошули“

Протести под мотото „Стоп за крвавите кошули“ се одржаа вчера во Белград, на кои учесниците со протестен марш низ главниот...

Свет15 часа

Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права

Ѕидовите на безбедност и суверенитет почнаа да се тресат, но не поради бегалците или муслиманите, туку ѕидовите ги тресат нивните...

Свет15 часа

(Видео) Трамп мисли дека „жолтите елеци“ во Франција го скандираат неговото име, но гледал погрешно видео

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека климатскиот договор од Париз е виновен за масовните протести во Франција. Тој тврди дека...

Македонија1 ден

Мартин Протоѓер се спаси од кривичен прогон за „Талир“

Поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, и ексгенерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, се спаси од кривичен прогон...

Топ2 дена

Двајца загинати во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје-Велес, кај селото Сопот. Според информациите на МВР,...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за атентатот на Киро Глигоров

Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, изјави...

Забава2 дена

(Видео/аудио) НАСА ги сними првите звуци на Марс

Сондата „Инсајт“ која од минатата недела се наоѓа на Марс ги сними првите звуци од ветерот на Црвената планета. Аудио...

Европа2 дена

(Видео) Шест лица загинаа во стампедо на рап концерт во Италија

Шест лица, од кои пет малолетници, загинаа, додека 35 се повредени во стампедо што се случило доцна синоќа на концерт...

Регион2 дена

Харадинај испратил покани за церемонија за формирање војска на Косово

Владата на Косово ги презема последните подготовки за церемонијата за формирање војска, па така во име на премиерот Рамуш Харадинај...

Крвав четврток2 дена

СДСМ: Иванов потврди дека член на неговиот кабинет на 27 април бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судските постапки и доказите ќе одредат дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов, реагираат...

Европа2 дена

(Видео) Анегрет Крамп-Каренбауер избрана за наследничка на Ангела Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја избра Анегрет Крамп-Каренбауер за наследничка на Ангела Меркел на чело на најголемата германска партија. Локалните медиуми...

Крвав четврток2 дена

(Видео) Иванов: УБК е жариште на сите кризи, немав намера да прогласам воена состојба

Како претседател на Република Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички...

Крвав четврток2 дена

Eксдиректорот на УБК Владимир Атанасовски останува во притвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на ексдиректорот...

Истражувања2 дена

Обвинителството бара меѓународна помош за расчистување на криминалот во „Фени“

За злоупотребите во „Фени“ повеќе од една година се поднесуваат кривични пријави, но резултати од пријавите нема. Над десет кривични...

Македонија2 дена

Филипче: Се прави план кои лица ќе добијат заштитни маски поради загадувањето

Министерот за здравство, Венко Филипче и Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје денеска одржаа прес-конференција на којашто ги посочија...

Македонија2 дена

Прибе два дена во Скопје се среќавал со судии и обвинители за да им каже дека треба да бидат транспарентни и одговорни

(архивска фотографија) Европскиот експерт Рајнхард Прибе од 5 до 7 декември бил во Скопје со група свои колеги по владеењето...

Досие