Контакт

Култура

Новинарите во Берлин со аплаузи за македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Објавено пред

Емотивни реакции и гласен аплауз предизвика македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска утрово по новинарската проекција за филмовите во официјална конкуренција во „Берлин палас“.

Приказната за Петрунија која ќе го фати крстот за водици во Штип, предизвика голем интерес и на прес конференцијата на која присуствуваше целата екипа од филмот. Прашањата се однесуваа на храбриот пристап на режисерката да проговори за местото на жената во малограѓанските средини, но и за бројни општествени аномалии, како што се институционалните апсурди, законот, црквата, медиумите.

„Можеби филмот не може да придонесе многу за да се смени свеста, но секако идејата на уметноста е да ги изнесе вистините. Овој филм е базиран на автентичен настан што се случи во Македонија за време на православниот празник Водици. Таа случка кога жена скокнала да го фати крстот, ме натера да размислувам длабоко за правата на жената, односот на религијата и институциите, наметнатите семејни норми. Преку ликот на Петрунија се согледливи многу нешта што го засегаат современето македонско општество“, рече Стругар Митевска на денешната прес-конференција.

Главната актерка Зорица Нушева која дебитира во овој филм, покажа извонреден талент и магична впечатливост на големото платно, рече дека за неа било лесно да влезе во карактерот на Петрунија, бидејќи и самата се поистоветува со бунтовноста што е главна карактеристика на овој лик.

„Иако станува збор за сложен карактер, ликот на Петрунија го почуствував многу близок. Сосема ја разбирам нејзината бунтовност и горчина да се справи со средината вокоја живее. Таа е секако симбол на сето тоа што подразбира некој вид на крик против наметнатите принципи што ја гушат женската индивидуалност. Ова беше голем предизвик за мене и улогата ја работев со голема посветеност“, рече Нушева.

Официјалната премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е закажана за денеска во 16 часот, а за време на Берлинскиот филмски фестивал се организирани 8 проекции.

Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а во улогите покрај Нушева играат и Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вусиќ, Џевдет Јашари, Виолета Шапковска, Лабина Митевска. Директор на фотографија е Вирџини Сент-Мартен, а сценографијата е на Вук Митевски.

Филмот од македонска страна е поддржан од Агенцијата за филм, а во копродукција се Словенија, Хрватска и Белгија и истиот доби поддршка од повеќе европски фондови меѓу кои „Еуроимаж“ и програмата на Кретивна Европа МЕДИА.

Според првите реакции на филмската критика во Берлин, македонскиот филм е сериозен конкурент во трката за фестивалските награди.

Од Берлин за „Макфакс“, Ана Василевска

Култура

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 21 часот, во Џебното кино во МКЦ, ќе се изведе театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на здружението „Артопија“.

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општеството во кое живееме? Претставата зборува и за емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум-просторот помеѓу каков сакаме да биде животот и каков животот навистина е итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.

Режија: Билјана Радиноска

Претставата не е наменета за лица под 16 години.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонијата со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Објавено пред

Филхармонијата, в четврток, 17 октомври, во 20 часот, ќе одржи концерт со наслов „Ќе се разбудам ли пак“, на кој ќе прозвучат дела од Дебиси, Копланд и Коларовски.

Насловот е извлечен од истоимениот вокален циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на овој концерт. Со нејзината изведба Филхармонијата ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор.

„Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл-баритони е негова дипломска работа и во неа може да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик“, се вели во најавата за концертот.

Како солист во изведбата на ова дело ќе настапи басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони при хорот „Проарс“.

Под диригентката палка на маестро Сашо Татарчевски на овој концерт ќе прозвучи и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд во изведба на исклучителниот шпански кларинетист Пабло Бараган. Критиката пишува дека кларинетот под прстите на Бараган добива специфична сензуална боја и дека поседува силна и заведувачка техника со која му дава посебна моќност на овој дувачки инструмент.

На овој концерт Бараган ќе го чуеме како солист и во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси. Овој фантастичен композитор, чии дела имаат препознатлива структура и звучност, бил во постојан допир со природата – таа била негова вечна инспирација. Иако естетски и стилски неговиот опус има премногу допирни точки со автентичкиот концепт на импресионизмот, тој никогаш не сакал своето творештво да го става во рамка. Не сакал да го нарекуваат импресионист.

Иако „Првата рапсодија“ ја напишал за соло кларинет како нарачка на Парискиот конзерваториум, веќе една година подоцна го оркестрирал делото и тоа почнало да се изведува со оркестар. Делото е своевиден тест за кларинетот, ги истражува неговите можности и перформанси преку специфичен јазик и музичка естетика.

Прикажи повеќе...

Култура

Режисерите од „златната ера“ на унгарскиот филм Илдико Ењеди и Корнел Мундручо за крај на „Киненова“

Објавено пред

Со програмата „Фокус кон современата унгарска кинематографија“ целосно се заокружи програмата на годинашното издание на филмскиот фестивал „Киненова“. Во рамките на програмата „Фокус на современата унгарска кинематографија“ беа прикажани четири унгарски филмови од Илдико Ењеди и Корнел Мундручо, успешни режисери кои ја претставуваат „златната ера“ на унгарскиот филм.

-Во изминатите две децении унгарската кинематографија доживува преродба со голем број современи унгарски филмови што добиваат престижни меѓународни награди, вклучувајќи и два Оскара, во 2015 и во 2017 година, соопшти Амбасадата на Унгарија.

Програмата ја отвори филмот „За тело и душа“,сценарио и режија: Илдико Ењеди, кој лани влезе во најтесен круг за „Оскар“. Илдико Ењеди (1955) и’ припаѓа на постарата генерација унгарски филмаџии, со завидна филмографија зад себе која брои 14 режисерски остварувања. Своите сценарија ги реализираше во текот на 80-те и 90-те години на минатиот век, неретко освојувајќи и фестивалски награди, како „Златна камера“ на Канскиот фестивал за филмот „Мојот 20 век“ (1989). Но, по одличниот „Симон магионичарот“ во 1999 година Ењеди се повлекува од филмската сцена. На радост на многумина, по 18 години таа го реализираше „За тело и душа“ кој финишираше во ТОП 5 најдобри филмови за 2017 година снимени надвор од САД, по што авторката доби покана да стане член на Академијата за науки и уметности (АМPAS).

Од истата авторка беше прикажан и филмот „Мојот 20 век“ за кој Ењеди ја доби наградата „Златна камера“ на Канскиот фестивал во 1989 година.

Викендот, пак беше резервиран за проекции на филмовите „Нежен син: Проектот Франкештајн“, сценарио и режија: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo), работен според романот „Франкенштајн“ на Мери Шели (Mary Shelley) и „Јупитеровата Месечина“, сценарио и режија исто така на Мундручо. Учесникот на канскиот фестивал и добитникот на фестивалските награди во Сараево и Севиља го стави во фокус како еден од најинтересните млади европски автори во новиот милениум.

Корнел Мундручо (1975) и‘ припаѓа на новата генерација на унгарски филмаџии кои со своите први и втори остварувања веќе се наметнаа како нов бран во унгарската и европската кинематографија. Интересно, тој е успешен и како сценарист, и како актер, но најпознат е како режисер, неретко играјќи помали улоги во своите остварувања. Зад себе има неколку наградувани кратки и телевизиски серии и филмови, а неговата филмографија веќе брои 7 долгометражни филмови, меѓу кои овие два кои се дел од ревијата, според критичарите, се неговите најдобри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет2 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ3 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ4 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија4 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија5 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа6 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа6 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт16 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија20 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ22 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион23 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура23 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Досие