Контакт

Култура

Нов албум од класичната музика Non-Fungible Scriabin Barber Bach на пијанистката Мимоза Ќека

Објавено пред

Новиот албум од класичната музика со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин на пијанистиката Мимоза Ќека е веќе достапен за слушање на платформите YouTube, Spotify, Apple Music, Deezer, Amazon Music.

dobivaj vesti na viber

Албумот кој носи наслов Non-Fungible Scriabin Barber Bach”, претставува прва соло албумска објава на пијанистката, а обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20тиот век.

Во албумот се содржани две пијано – сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Северна Македонија од страна на пијанистката.

Мимоза Ќека пијано започнува да учи на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност. Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски музички свечености, Денови на македонска музика, Festival international de piano Jeunes Talents во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на Bristol Music Club во Обединето Кралство. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Настапува и во камерни состави, со ансамблот ConTempora, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

Култура

„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”​

Објавено пред

Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое го загатнува најважното за секој човек – животот. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Симона Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање на секој човек.

dobivaj vesti na viber

Петреска преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање, благосостојба… Преку своите лични искуства и анализи таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.

Авторката си поставила цел со книгата да му помогне на читателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен, поосмислен живот, менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.

Нејзината цел е остварлива, секако, ако читателот се нурне во напишаните редови. Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови што допираат до сечие срце.

„Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија“, вели мотиваторката Петреска.

Инаку, книгата можете да ја најдете во сите книжарници на „Три“ и на „Книга.мк“.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

Откажани двете претстави на Драган Маринковиќ-Маца во Скопје и во Битола

Објавено пред

Двете претстави на познатиот комичар Драган Маринковиќ-Маца, во Скопје и во Битола, кои требаше да се одржат на 27 и на 28 мај, се откажани поради болест на актерот.

dobivaj vesti na viber

Маца во Македонија требаше да ја игра хит-претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“, која го освои регионот и досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе.

На сите оние што ги купиле билетите средствата ќе им бидат вратени на местата на кои ги купиле.

Прикажи повеќе...

Култура

Францускиот анимиран филм „Детето фантом“ на „Џифони филмски денови“

Објавено пред

Фестивалот „Џифони Македонија“ на седмата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“ в сабота (21 мај) во 10 часот во Кинотеката. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, продукцијата е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол.

dobivaj vesti na viber

Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.

По дискусијата на филмот, во 12.30 часот ќе почне филмската работилница со режисерката Марија Џиџева за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. По секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот, ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што останавме доследни и на што...

Македонија1 час

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ2 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Европа3 часа

Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа7 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа7 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа7 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија17 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија18 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет20 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија21 час

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет24 часа

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија1 ден

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...