Контакт

Култура

„Нов културен бран“ – Деновите на македонскиот филм во девет града во Македонија

Објавено пред

Од вечерва во центрите за култура во републиката почнува прикажувањето циклус домашни играни филмови.

Деновите на македонскиот филм е во организација на Здружението на филмските продуценти на Македонија – МЗФП Скопје со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“. Овој проект почнува вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со проекција на македонската малцинска копродукција „Банат“ во режија на Адријано Валерио.

До 20 септември предвидено е да бидат прикажани шест филма на мнозински и малцински македонски копродукции. Сите љубители на филмската уметност бесплатно ќе може да ги проследат филмовите. Проекциите ќе се изведуваат во центрите за култура според следниот редослед:

Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга:
14. 9. 2018 – „Банат“ во режија на Адријано Валерио
16. 9. 2018 – „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип:
17. 9. 2018 – „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ

Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово:
17. 9. 2018 – „Скршено“ во режија на Едмонд Будина и „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски

Центар за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш:

18.09.2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
21.09.2018 – „Височините“ во режија на Виктор Божинов

Дом на културата „Наум Наумоски Борче“ – Крушево:
18. 9. 2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
20. 9. 2018 – „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ

Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино:
19. 9. 2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
20. 9. 2018 – „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар :
19. 9. 2018 – „Височините“ во режија на Виктор Божинов
20. 9. 2018 – „Скршено“ во режија на Едмонд Будина

Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија:
19.09.2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево:
20.09.2018 – „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ
21.09.2018 – „Скршено“ во режија на Едмонд Будина

Деновите на македонскиот филм годинава ќе се одржат првпат како дел од заложбите на МЗФП за промоција на македонската кинематографија.

Книги

Мемоарите на Мишел Обама попродавани од бестселерот „Педесет нијанси сиво“

Објавено пред

Книгата на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, се продава подобро од бестселерот „Педесет нијанси сиво“, објави „Амазон“.

Иако на пазарот е 65 дена, книгата „Бикаминг“ влезе меѓу највлијателните наслови на деценијата, објави „Си-ен-ен бизнис“.

Мемоарите на поранешната прва дама е најпродавана книга на „Амазон“ во последните 47 дена.

Книгата е објавена на 13 ноември. Во неа Мишел раскажува за својот живот почнувајќи од детството. Пишува за расизмот во јавниот живот, за бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, но и за личните искуства како прва дама со афроамериканско потекло.

Од издавачката куќа „Рендом хаус“, која наводно платила 65 милиони долари за авторските права на мемоарите, соопштиле дека книгата е продадена во повеќе од 1,4 милион примероци само во првата недела од издавањето.

Книгата е преведена на 23 јазици, а освен во САД, на прво место е и во Финска, Норвешка, Данска, Германија, Португалија, Англија и во Сингапур.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа

Објавено пред

 

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување. Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еротизмот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и последно, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состојки што секогаш го дополнуваат задоволството од читањето на оваа писателка.

Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со преземениот антијунак на Џемс Џојс преку кого дејствува авторката во романските ситуации.

„Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поетесата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам“. (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)

Нора Југа е литературниот псевдоним на Елеонора Алмоснино. Таа е позната романска поетеса, романсиер и преведувач од германски јазик. Родена е во 1931 година во Букурешт. Татко ѝ бил виолинист, а мајка ѝ балерина.

Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Букурешт (1953). Работела како професорка по германски јазик во 1954 и 1955 година, а потоа како библиограф во Државната централна библиотека во периодот 1955 – 1969. Од 1969 до 1977 била уредник во Енциклопедиското издателство. Била новинар во весниците на германски јазик Neuer Weg и Volk und Kultur (1977 – 1986). Од 1971 година е член на Сојузот на писателите на Романија и член на ПЕН-клубот.

На 70 години Нора Југа стана највозрасен литературен блогер. Во 2009 година ја доби најзначајната стипендија доделена од германската влада на странски писател Deutscher Akademischer Austausch Dienst (DAAD). Добитник е на петнаесетина книжевни награди.

Има објавено повеќе триесетина книги поезија и проза, превела над 15 книги од германската литература, а нејзините книги се преведени на повеќе од десет странски јазици.

Романот „Сапунот на Леополд Блум“ е објавен во 1993 година за кој во 1994 година беше добитник на наградата на Сојузот на писателите на Романија. Романот доживеа второ издание во 2007 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Жан-Патрик Конрад, годинешен добитник на наградата „Гоцева мисла’

Објавено пред

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинешната меѓународна награда „Гоцева мисла“ му се доделува на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз (Франција). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија-Србија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Доделувањето на наградата е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, од 15 јануари до 15 февруари 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител, Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет4 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија22 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија24 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија24 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија24 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие