Контакт

Култура

Ноќ на литературата во Културно-информативниот центар во Софија

Објавено пред

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, на Осмата европска ноќ на литературата – 2019, што ќе се одржи на 15 мај, од 18 до 22 часот, на различни места („гнезда“) низ Софија, ќе се претставува во Националниот студентски дом, сала „Репетициона 304“, кат 3, плоштад Народно собрание 10 во Софија.

Актерите Игор Дамјанов и Ѓорги Георгиев – Антика ќе читаат делови од книгата „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од младиот македонски писател Стефан Марковски.
Приказната на романот е структурирана во шест дела во кои вајарот и скулптор Максимилијан Комнениус создава бронзени статуи посветени на шесте типови љубов – Ерос, Лудус, Сторге, Прагма, Манија и Агапе, минувајќи низ различни фази од животот, односно сонот и јавето, човечкото и божественото.

Максимилијан халуцинира девојка по име Катја, која синтетизира своевидна отелотворена инспирација и возвишена љубов. Вајарот е зависен од сопствената халуцинација и склучува договор, чија цел е халуцинациите да станат пореални и повивидни, што ултимативно би довело до тоа таа да се претопи во неговата реалност во замена за совршена изработка на шесте статуи.

Паралелно на ова, во романот е прикажан и неговиот социјален живот и дружбата со Џими, заробен во недоумици поради сопствени психолошки проблеми и животни перипетии, што е еден од наведувачките фактори кои ја задаваат склоноста за експериментирање со наркотици. Овде се вклучени и активностите на музичкиот бенд „Сагитариус“, од кој, покрај Џими, дел е и русокосата Марјана, пријателка на Максимилијан.

Паралелно со ова се случуваат немили настани и исчезнувања на девојки за кои полицијата разоткрива дека на еден или друг начин се поврзани со настапите на бендот.
Орнаментираниот и полиасоцијативен стил на раскажување е една од помоќните алатки со кои авторот нè воведува во приказната. Променливиот раскажувач во различни сегменти од романескното дејство на различни начини се преплетува меѓу субјективен и објективен, оставајќи го читателот самостојно да сфати во кои мигови од дејството раскажува објективниот наратор, а во кои Максимилијан.

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ со својата деликатна, повеќеслојна структура што го прави пристапен до различни нивоа за различни типови читатели е, како што би рекол Јордан Плевнеш, „пресвртнички чин во тековите на новата македонска проза, кој би можел да биде сведен на Прозонема или роман во една реченица или, пак, во Роман-Река што може да ги однесе во духовна поплава сите негови идни читатели заедно со авторот“. Овој роман е прва објава на книга од Марковски на бугарски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Охридско лето“ утре одбележува 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт посветен на јубилејот, 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски.

На авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски“.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија,Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казакстан, Русија, Швајцарија, Србија и Кина.

Прикажи повеќе...

концерти

Младиот пијанист Величков се претстави на „Охридско лето“

Објавено пред

Mладиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија кој со пијаното другарува уште од шестгодишна возраст синоќа се претстави на фестивалот „Охридско лето“ музицирајќи под сводовите на црквата „Света Софија“.
Лауреатот, победникот на многу натпревари за млади пијанисти, вечерта ја започна со Прелудиум. Опус 3 бр.1 од Сергеј Рахмањинов, а ги изведуваше и делата за пијано од синоќешната програма.

„На фестивалскиот репертоар се претставив со композиции од Сергеј Рахмањинов,со Етидитите на Александар Скрјабин, како и со композиции од Модест Мусоргски. Исто така, свирев и дела од двајца бугарски композитори, Красимир Кјуркчијски и Александар Владигеров. Со пијаното сум од мојата шестгодишна возраст и се надевам дека публиката беше задоволна од она што јас го научив во изминатите години“, рече младиот уметник Величков.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија.

Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Веќе трета година тој е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

„Студентите се малку помлади од мене и многу добро се согласуваме. Јас го давам максимумот од себе да им го предадам целото мое знаење и вештини, и се надевам дека успевам во тоа“ појаснува Величков.

Извонредниот уметник првпат настапува на„Охридско лето“ и како што вели, голема е честа да се настапува на еден ваков фестивал којшто ги носи најголемите уметнички имиња од светот на класичната музика.

Прикажи повеќе...

Култура

Младиот пијанист Величков вечерва ќе се претстави пред публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Репертоарот на класична музика во рамки на 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе го збогати младиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија.
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија. Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Од 2017 година е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион2 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет3 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет5 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет5 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет18 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет18 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион18 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион19 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет21 час

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет22 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион1 ден

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ1 ден

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет1 ден

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Досие