Контакт

Книги

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.
Во предговорот приредувачот Киро Донев, меѓу другото, пишува:

„Корејската народна книжевност ја претставуваат неколку познати епови и безброј сказни и легенди изникнати во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочинуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина.

Корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршува легендата, а каде започнува бајката. Во многу од нив е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во корејскиот фолклор има многу приказни за првите познати предци, основачите на древните корејски држави. Митските ликови се претставени како полуисториски, полулегендарни владетели или херои на Кореја… Во книгава е опфатен само мал дел од народното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска традиција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци.“

Книги

Објавена книгата „Вовед во кинеската култура“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“ од кинеските автори Је Ланг и Џу Лијангџи.

Книгата претставува монографско претставување на кинеската култура – од почетоците на кинеската цивилизација и големите пронајдоци на древна Кина до денес. Во неа е даден преглед на севкупната кинеска култура, со посебен детален опис на најзначајните аспекти и на одредени уникатни карактеристики и одлики на кинеската култура.

Во 30 поглавја и со голем број илустрации во книгата се објаснуваат класичната филозофија, мудроста и религијата на Кина, креативноста и комуникацијата, уметноста и естетиката, како и нејзините народни обичаи и традиции. Книгата се фокусира на културниот дух и основните вредности демонстрирајќи го шармот на кинеската култура со атрактивни описи, како и животните ставови и естетскиот вкус на кинескиот народ и универзалните вредности содржани во кинеската култура.

Освен општото знаење, оваа книга дава детален вовед за одредени специфични особености и акценти на кинеската култура, односно духот и суштинските вредности на кинеската култура, особено оние со универзално значење овозможувајќи им на читателите да стекнат подлабоко разбирање и запознавање на суштината на кинеската култура. Темите опфатени во оваа книга се движат од древните чуда, како што се Забранетиот град, Големиот ѕид, теракотната војска и традиционалните живеалишта на обичните луѓе, па сè до трајните уметнички дела во калиграфијата, сликарството, пејзажното сликарство, градинарството, пекиншката опера, порцеланот.

Авторите се врвни познавачи на кинеската култура. Ѓе Ланг е професор по филозофија и декан на Факултетот за уметности на Универзитетот во Пекинг. Неговите главни дела се однесуваат на историјата на кинеската естетика и естетика во кинеските романи. Џи Лијангџи е професор по филозофија на Универзитетот во Пекинг. Автор е на повеќе дела за кинески уметности.

Овој монографски преглед на кинеската култура е веќе објавен на петнаесетина јазици, односно речиси на сите поголеми јазици во светот. Преводот на македонското издание од англиски јазик е на Елена Саздовска.

Прикажи повеќе...

Книги

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик

Објавено пред

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

Романот е достапен во печатена и електронска форма преку интернет-платформите на Barnes & Noble, синџир од над 600 книжарници во САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки.

Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн-нарачка, како и преку „Амазон“, каде што беше првично објавен.

Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, а лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска.
Македонското издание на книгата беше објавено во 2018 од издавачкиот центар „Три“.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата на внуката на Трамп продадена во милион примероци за еден ден

Објавено пред

Мемоарите на Мери Л. Трамп, внуката на американскиот претседател, се продадени во милион примероци уште првиот ден, што е рекорд за издавачката куќа „Симон и Шустер“.

Книгата „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“, која зборува за животот во семејството Трамп и психата на сегашниот главен командант на вооружените сили на САД, беше продадена во 950.000 примероци во еден ден.

„Книгата ’Премногу и никогаш доволно’ стана културен феномен и мора да ја прочита секој што сака да ја разбере уникатната семејна динамика што го произведе најмоќниот човек во денешниот свет. Тоа е и откривачки психолошки портрет и дело од историска важност”, рече Џонатан Карп, извршен директор на „Симон и Шустер“.

Мери е психолог чиј татко е најстариот брат на Трамп, Фред. Во книгата пишува дека нејзиниот чичко е токсичен, чуден, дека мамењето е неговиот начин на живеење и дека го омаловажувал својот татко кога заболел од Алцхајмерова болест.

Американскиот претседател и неговото семејство се обидоа да го спречат објавувањето на книгата на суд.

И помладиот брат на претседателот, Роберт Трамп, неуспешно се обиде да го блокира објавувањето на книгата, тврдејќи дека Мери го крши договорот за необјавување, потпишан во 2001 година, по поделбата на имотот на нејзиниот дедо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија13 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија17 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија18 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија20 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ21 час

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ23 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија23 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија24 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ24 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет1 ден

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет2 дена

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа2 дена

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија2 дена

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија2 дена

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Досие