Контакт

Книги

Објавена книгата „По трагите на древните цивилизации“ на Искра Тасевска Хаџи-Бошкова

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје неодамна ја објави книгата на Искра Тасевска Хаџи-Бошкова – „По трагите на древните цивилизации“, во која се синтетизирани разновидните проучувања, кои се однесуваат на најдревните културни традиции, писма и литератури.

„Книгата овозможува детален увид во специфичностите на одделните цивилизации, а особено на древните литератури кои им припаѓаат на тие цивилизации. Во неа се опфатени месопотамската, египетската, индиската и хеленската цивилизација. Особено се обработени најрепрезентативните книжевни дела кои им припаѓаат на тие цивилизации“, велат издавачите.

Во рецензијата на проф. д-р Венко Андоновски, која е објавена како поговор, пишува дека книгата на Тасевска Хаџи-Бошкова е идеална хармонија на два пристапа: енциклопедискиот (кој подразбира акумулација и систематизација на научно проверени податоци, синхрониски и дијахрониски) и херменевтичкиот (интерпретација, односно толкување на книжевниот текст)“.

„Тасевска Хаџи-Бошкова овде направила научен подвиг… Импресионираат нејзините познавања од десетици научни дисциплини, кои се нужни за да се говори за првите цивилизациски жаришта. Археологија, историја на писмата, религија, филозофија, антропологија, етнологија, митологија – сè е тука, во оваа книга, уредно систематизирано и подредено во систем кој се помни. Ова е книга по чие читање многу малку нешта се забораваат зашто се подредени во мнемотехнички систем на идеален учебник. Од друга страна, интерпретациите се доближуваат до идеална книга на херменевтички аналогии, асоцијации и метафори. И уште – во книгата на еден сосема дискретен и речиси невидлив начин се применети сите современи филолошки методологии на проучување на книжевниот текст, од наратологијата до семиотиката, од структурализмот до деконструкцијата, од иманентниот close reading-метод до теоријата на рецепцијата и проучувањето на улогата на читателот. Тасевска Хаџи-Бошкова се служи со методолошки симултанизам и синестетичност на научните парадигми за да може да исцеди што повеќе значења од овие не само полисемични, туку и поликултурни први книжевни текстови“, пишува Андоновски за книгата на Искра Тасевска Хаџи-Бошкова.

Искра Тасевска Хаџи-Бошкова е доктор на филолошки науки и работи како доцент на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено педесетина научни трудови од областа на науката за книжевноста, македонската книжевност и културологијата во еминентни научни списанија и публикации (во земјата и странство), како и една стручна монографија, посветена на Бахтиновата теориска парадигма (Бахтин и стилското разногласие во македонската литература, „Македоника литера“, 2015).

Книги

Бестселерот „Ереб“ објавен на македонски јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик се објави романот „Ереб“ од познатата австриска писателка Урсула Познански. Објавувањето е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Станува збор за светски бестселер кој досега е преведен на 36 јазици. Романот од германски го преведе Катерина Јосифовска.

„ЕРЕБ е компјутерска игра. Таа те набљудува, разговара со тебе, те наградува, те проверува, ти се заканува…
Ник е опседнат со Ереб, играта што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никого. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
Штој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos (Богот на подземјето) да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?“, германско-австрискиот издавач кога го најавува првиот дел на романот.

„Трилер на годината!“, пишува за романот угледниот германски весник „Ди цајт“.

„Волшебен роман за млади соочени со опасностите што ги крие виртуелниот свет“, пишува „Бригите магазине“ (Brigitte Magazine)

Стилот на пишување на Познански стана многу привлечен за сите генерации, иако најмногу ги привлекува младите. На многу интересен начин ги обелоденува социјалните и психолошките предизвици, како и опасностите со кои човештвото се соочува при вмрежувањето на модерниот електронски, виртуелен со реалниот свет.

Романот е наградуван повеќекратно со високи признанија, меѓу кои во 2011 година беше добитник на престижната германска награда за литература за млади Deutscher Jugendliteraturpreis, како и на наградата Jugendjury.

Урсула Познански е родена во 1968 година во Виена, Австрија. Авторка е на повеќе познати прозни дела и детски книги, но исто така пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Романот „Ереб“ е дел од проектот на „Бата прес“ под мотото „Време е за книга“, со кој наскоро ќе бидат објавени 10 мега популарни книги за млади од реномирани и европски автори од различни земји. Проектот беше прифатен во ЕУ во силна меѓународна конкуренција. Визионерската цел на проектот е времето поминато по социјалните мрежи и на електронските уреди, младите да го заменат со читање на книги во печатена или електронска форма.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „По дождот“ и средба со Раде Шербеџија

Објавено пред

Издавачки центар „ТРИ“ ја претставува авторската книга „По дождот“ на филмскиот, телевизиски и театарски глумец Раде Шербеџија.

Промоцијата на книгата ќе биде на 26 февруари (среда), во Клуб-ресторанот во МКЦ, со почеток од 19 часот.

Промотор ќе биде истакнатиот писател и колумнист Венко Андоновски.

Книгата излезе од печат во 2018 година, a главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните. Тие често како тегобност создаваат немир за кој мора да се пишува. За да се ослободи мислата, минатото, да се вкрстат патеките, да се заспие покрај морето или океанот. Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси, како странец во друга земја.

Секогаш неодреден, секогаш надвор од метежот, а внатре во себеси – Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна. Опишувајќи ја славата, но и осаменоста низ призмата на релациите меѓу себе и семејството, но и со холивудската немилосрдност, тој во „По дождот“ ни нуди токму таков амбиент. Сонце што огрева откако сите облаци ќе се расчистат.

Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја создава својата книга на животот со леснотија опишувајќи ја најтивката и најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши.

Прикажи повеќе...

Книги

„Шрапнел“ на Игор Анѓелков нова книга од „Или-Или“

Објавено пред

В понеделник, на 24 февруари, од печат ќе излезе новиот роман „Шрапнел“ од Игор Анѓелков. Седум години по „Фото синтеза“, во неговиот трет роман Анѓелков низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното.

„Шрапнел“ е 181 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, за чиј дизајн на корицата се погрижи Марија Смилевска. Во понеделник книгата по промотивна цена ќе може да се купи во ИЛИ-ИЛИ, а веќе од следниот ден и во другите книжарници во Скопје и низ државава.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со години наназад активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков зад себе има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, и „Филмски град“ (2018). „Шрапнел“ е негов трет роман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ59 минути

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија1 час

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија2 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион2 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет2 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет3 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа3 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија4 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија14 часа

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион15 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија18 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија19 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија23 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет23 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија24 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион24 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион1 ден

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа1 ден

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Досие