Контакт

Книги

Објавена книга со проза и есеи од врвната руска авторка Марина Цветаева

Објавено пред

Во издание на книгоиздателството „Виг зеница“ од Скопје објавена е книгата „Проза – есеи“ со избор од осум исклучителни творби на руската писателка Марина Цветаева, едно од најголемите имиња на современата руска и светска поезија и литература.

Изборот го направил писателот и издавач Глигор Стојковски, а преводот од руски јазик е на Анета Сусинова.

„Станува збор за книга во која на над 400 страници се објавени прозните дела на Цветаева, попозната како авторка на врвни поетски творби. На истиот начин таа се потврдува и низ своите прозни и есеистички текстови напишани во текот на триесеттите години, сега публикувани во новата објава на Цветаева на македонски јазик: ‘Дом покрај стариот Пимен’, ‘Ѓаволот’, ‘Мојата мајка и музиката’, ‘Повест за Соњечка’, ‘Неовдешна вечер’, книжевните белешки ‘Заробениот дух (Мојата средба со Андреј Бели)’, како и вонвременските есеи ‘Епот и лириката на современа Русија’ и ‘Поетот и времето’“, наведуваат од издавачот.

Освен овие есеистички размисли и книжевни белешки, книгата ја исполнуваат и богатите имагинативни прози со слободоумни, ерудитски и драматични чувствувања на блиските, на светот, на времето и на литературата.

Тука стојат забележани творби исполнети со копнежи и носталгични чувствувања, напишани во егзил во западноевропските земји пред судбоносното враќање на Марина Цветаева во Советскиот Сојуз во 1939 година и следувањето на личните трагедии, што ќе завршат со нејзината смрт во 1941 година.

Книги

„Летни приказни“ за љубителите на добрата книга

Објавено пред

Од

Tрадиционално, на почетокот на летото, од денеска па сè до 1 септември, во книжарницата „Или-или“ ќе се одржат „Летните приказни“, и тоа десетти јубилеен пат. Во овие осумдесетина дена љубителите на добрата книга ќе имаат можност да ги купат изданијата на издавачките куќи „Бегемот“ и „Или-или“ со намалени цени од 20 до 70 отсто како прва нивна заедничка соработка од ваков вид и отворање книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература.

Меѓу понудените 200 наслови секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од нобеловци и наградени европски и светски автори, па сè до книгите на новата генерација македонски писатели и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања. Во рамките на „Летните приказни“ ќе бидат промовирани и неколку нови изданија.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на збирката раскази „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку

Објавено пред

Од

Во мултимедијалниот центар „Матица“ во Паркот на книгите во 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку, преведна од албански на македонски јазик од Маноил Богдановски.

Книгата е во издание на „Матица македонска“, а ќе ја промовираат проф. д-р Беса Арифи и писателот Блаже Миневски. Книгата „Љубовта на Генерал Ш“ доаѓа природно во нагорна линија, што е доказ за раскажувачката дарба на младата авторка Лира Бојку, констатира академик Али Алиу во препораката на ова дело. Лира Бојку (Скопје, 1990) е автор на книгите со раскази „Црвените чевли“ и „Љубовта во машина за перење“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена „Пената на црниот бран“ – книга со раскази од Владимир Илиевски

Објавено пред

Од

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата со раскази „Пената на црниот бран“ од Владимир Илиевски.

Книгата содржи 17 раскази, од кои дел претходно е наградуван на анонимни конкурси.

„Во своите раскази Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку, напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство. Својата раскажувачка техника Илиевски не ја затвора во еден унифициран модел. Тој вешто експериментира со начините на раскажување обидувајќи се притоа секоја од тие наративни техники да ја задржи и да ја оправда својата функционалност во расказот како прозна целина“, наведува издавачот во врска со ова дело.

Според рецензентот на книгата, Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа и во сето тоа откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија.

Владимир Илиевски (Скопје, 1970) дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје, општа и компаративна книжевност.

Автор е на поетските книги: „Гледач на линија“ (1997), „Избор и случајности“ (2000), „Мојата лична амортизација“ (2002), „Нема исти утра“ (2008), „Ноќна еротска програма“ (2011), „Лични податоци“ (2014), „Брзината не убива“ (2016), како и на книгата од областа на книжевната теорија „Цитатноста во лириката“ (2007).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија48 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести1 час

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија15 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие