Контакт

Книги

Објавена „Пената на црниот бран“ – книга со раскази од Владимир Илиевски

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата со раскази „Пената на црниот бран“ од Владимир Илиевски.

Книгата содржи 17 раскази, од кои дел претходно е наградуван на анонимни конкурси.

„Во своите раскази Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку, напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство. Својата раскажувачка техника Илиевски не ја затвора во еден унифициран модел. Тој вешто експериментира со начините на раскажување обидувајќи се притоа секоја од тие наративни техники да ја задржи и да ја оправда својата функционалност во расказот како прозна целина“, наведува издавачот во врска со ова дело.

Според рецензентот на книгата, Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа и во сето тоа откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија.

Владимир Илиевски (Скопје, 1970) дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје, општа и компаративна книжевност.

Автор е на поетските книги: „Гледач на линија“ (1997), „Избор и случајности“ (2000), „Мојата лична амортизација“ (2002), „Нема исти утра“ (2008), „Ноќна еротска програма“ (2011), „Лични податоци“ (2014), „Брзината не убива“ (2016), како и на книгата од областа на книжевната теорија „Цитатноста во лириката“ (2007).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција и трибина за книгата „Што е архитектура?”

Објавено пред

В четврток, 20 февруари, со почеток во 19 часот, во EUROPE HOUSE ќе се одржи промоција и трибина за книгата „Што е архитектура?“

„’Што е архитектура?’ го истражува светот на архитектурата низ 100 прашањa и 100 одговори. Основната идеја за реализација на овој проект е доближување до поапстрактни теми врзани за архитектурата како феномен до обичните читатели, a особено до младата публика, и не само до професионалците од фелата. Вешто избегнувајќи монотоно симплифицирање на интелектуалната мисла, оваа книга може да поттикне љубопитност кај читателите за продлабочување на интересот за некои навидум очигледни прашања, чии одговори никогаш не се ниту конечни ниту едноставни. Имено, авторите му помагаат на читателот да премине од неупатеност до коректна естетска, академска или историска дискусија, со тоа што даваат еден сосем кус одговор на прашањето – честопати шеговит, секогаш прониклив – а потоа и уште еден, поопширен и поедукативен одговор.

Ова е искрено четиво што нуди субјективно видување во форма на само некои од потенцијалните одговори што овие прашања ги заслужуваат. Имено, вистинската вредност на оваа книга се состои токму во прашањата. Што е архитектура, зошто светот е најубав на самрак, дали објектите имаат спомени, дали историјата има иднина, што e камен, која е улогата на политиката во архитектурата, се само дел од прашањата што ги поставуваат авторите на оваа книга. Интересно е тоа како овие прашања, кои ги интригираат читателите со својата универзалност, може да се поставуваат одново во разни контексти. Па, така, лесно можеме да ги приспособиме на еден локален контекст и прашањето што во книгата е: Дали Дубаи е град?, да го преформулираме и да го поставиме: Дали Скопје е град?“, се вели во најавата за промоцијата.

Учесниците на трибината (проф. д-р Анета Поповска, Мартин Пановски и Марта Илиевска) ќе пробаат да одговорат на некои од прашањата во наш локален контекст.

Изданието „Што е архитектура?“ ќе биде прво од едицијата ИГО на издавачката куќа „Гаврош“, која се обраќа на една повозрасна читателска публика. Преведувач на изданието е Саше Тасев.

Прикажи повеќе...

Книги

Дваесет романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за годинешната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Николина Андова-Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова-Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), од пристигнатите 38 романи во првата селекција, избра 20 наслови што ја продолжуваат трката за  наградата.

Жири-комисијата, која ќе направи повеќе селекции до соопштувањето на награда, на својот состанок ја констатира изедначеноста на квалитетот на пристигнатите романи и разновидноста на тематските и стилските определби на авторите.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а свеченото врачување на наградата ќе се биде во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21. пат. Неа ја утврди и ја доделуваше „Утрински весник“ сѐ до неговото згаснување во 2017 година кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Листа на селектираните романи:

1. „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“
2. „Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“
3. „Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“
4. „Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми-Ан“
5. „Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“
6. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
7. „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
8. „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
9. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
10. „Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, „ПНВ публикации“
11. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
12. „Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“
13. „Вилино“, Винка Саздова, „Три“
14. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или-или“
15. „Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“
16. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
17. „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или-или“
18. „Вергина“, Јана Узунова, „Или-или“
19. „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
20. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Прикажи повеќе...

Книги

Друштвото на писатели денеска ќе ги додели традиционалните книжевни награди

Објавено пред

Денеска, 13 февруари, со почеток во 12 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи свеченост на која ќе бидат врачени традиционалните книжевни награди на писателската асоцијација за 2019 година.

Како што веќе беше соопштено, добитници на наградите се: Јован Стрезовски за книгата „Чувар на тајни“ (награда „Стале Попов“ за проза); Панде Манојлов за книгата „Јужни реки“ (награда „Ацо Шопов“ за поезија); Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ (награда „Димитар Митрев“ за критика и есеј) и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ (награда „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади).

На свеченоста жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите, односно авторите кои оваа година се здобија со високо признание од страна на колегите-писатели.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа18 минути

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе е...

Свет41 минута

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 час

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзит доведе до пад на...

Свет2 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за...

Спорт11 час

(Видео) Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет13 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион14 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион15 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ15 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија17 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ18 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија19 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија20 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија20 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија20 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет21 час

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија22 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија23 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Досие