Контакт

Книги

Објавени три книги од серијалот за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл

Објавено пред

Три значајни книги од книжевниот серијал за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл излегоа од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за: „Студија во скарлетна боја“, „Авантурите на Шерлок Холмс“ и „Баскервилскиот пес“, кои веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Артур Конан Дојл (22 мај 1859 година, Единбург, Шкотска – 7 јули 1930, Минстид, Англија) е шкотски писател најпознат по детективските приказни за Шерлок Холмс, што се сметани за најголема иновација на полето на криминалистичката научна фантастика. Тој е автор на историски дела, романи со научна фантастика, драми, поетски дела и реалистични дела.

Од 1876 до 1881 година, додека студирал медицина на Универзитетот во Единбург, почнал со пишување раскази. Првиот расказ го објавил на 20-годишна возраст во весникот „Чемберс Единбург журналс“. Работел како лекар на брод што се движел до западна Африка. Во 1882 година отворил мала амбуланта со неговиот партнер и пријател Џорџ Бад, но соработката се покажала неуспешна и набрзо се прекинала. Затоа, Конан Дојл решил сам да отвори мала клиника во Саутси. Додека работел во својата не толку успешна работа, тој повторно почнал со пишување раскази. Негово прво позначајно дело било „Студија во скарлетна боја“, каде што по првпат се појавува ликот на Шерлок Холмс.

Конан Дојл ја напишал приказната за Холмс кога имал 27 години, и тоа само за три недели. Како инспирација за создавање на ликот на Шерлок му послужил неговиот професор од факултет, Џозеф Бел, кој можел само со еден поглед да им ја дијагностицира болеста на пациентите. Подоцна, кога Радјард Киплинг му честитал на Дојл за успехот на неговиот јунак, го прашал дали се работи за неговиот стар пријател доктор Џо? Големо влијание во креирање на ликот на детективот има и фиктивниот детектив Август Дупин, кој се појавува во две новели на Едгар Алан По. Ракописот „Студија во скарлетна боја“ бил одбиен од многу издавачи, додека на крајот не го прифатила една мала издавачка куќа, која дотогаш објавувала книги за кулинарство и домаќинство. Тиражот не поминал добро, а набрзо паднал и во заборав. Артур Конан Дојл напишал 56 кратки приказни, а објавил шест книги за Шерлок Холмс. Денес важи за ден од најпознатите книжевни ликови, со неколку стотици филмски и театарски изведби.

Во продолжение е содржината на првите три книги од овој серијал:

„Студија во скарлетна боја“

Романот „Студија во скарлетна боја“, објавен во 1887 година, го обележува првото појавување на детективот Шерлок Холмс и неговиот помошник д-р Џон Вотсон. „Студија во скарлетна боја“ е првата во низата авантури на легендарниот двоец од улицата „Бејкер“, бр. 221Б.

Во една куќа во јужен Лондон лежи мртов човек: на неговото тело нема знаци на насилство, но неговото лице покажува ужас, омраза и грчевита борба за живот. На ѕидот е напишан само еден збор и напишан е со крв. Полицијата е збунета, а само еден човек во Лондон може да им помогне. Никој не би претпоставил што сè се крие зад оваа мистерија – никој, освен, сè разбира, детективот-аматер, Шерлок Холмс.

Книгата е достапна за онлајн нарачка.

„Авантурите на Шерлок Холмс“

Книгата „Авантурите на Шерлок Холмс“, објавена во 1892 година, е првата збирка раскази за ненадминливиот лондонски детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи некои од најпознатите раскази на Артур Конан Дојл, меѓу кои се вбројуваат „Скандал во Бохемија“, „Сојузот на црвенокосите“ и „Лентата со точки“.

Кралот на Бохемија е уценет од својата претходна љубовница; свршеникот на една млада дама ненадејно исчезнува на денот на венчавката; црвенокос господин се наоѓа во крајно бизарна ситуација што не може да ја разбере; млада девојка е загрижена за својот живот откако сестра ѝ мистериозно умира. Само еден човек има одговор на сите овие мистерии, а тоа е секако Шерлок Холмс.

Книгата е достапна за онлајн нарачка.

„Баскервилскиот пес“

Романот „Баскервилскиот пес“, првпат објавен во продолженија во 1901 година, е третиот роман за лондонскиот детектив-аматер и неговиот помошник. Заради злокобната атмосфера, таинствениот пејзаж и грозоморноста на злосторството, овој хорор-детективски роман е едно од највпечатливите достигнувања на Артур Конан Дојл и траен миленик на публиката сè до денес.

Сер Чарлс Баскервил е мртов; смртта е ненадејна, а околностите мистериозни. Жителите на Дартмур се истовремено шокирани и многу исплашени. Дали за смртта на сер Чарлс е виновен ѓаволскиот пес кој го прогонува семејството Баскервил со генерации? Истовремено се повикани новиот наследник на имотот и двоецот Холмс и д-р Вотсон. Доделена им е двојна задача: да го решат случајот и да го зачуваат животот на новиот наследник на Домот на Баскервилови, бидејќи песот – ако навистина постои – сè уште е на слобода.

Книгата е достапна за онлајн нарачка.

(ПР-текст)

Книги

Почина писателот Радован П. Цветковски

Објавено пред

Вчера, на деведесет и двегодишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е на 3.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.

Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии.

Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил следните дела:

Поезија: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“.

Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“

Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“.

Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“.

Критики истудии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.

Фолклористички дела: „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“.

Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.

Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.

Прикажи повеќе...

Книги

Распишан е конкурсот за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2022 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2021 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2022 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2022 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“ која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 23-ти пат.

„Скриени желби, немирни патувања“ на авторот Владимир Јанковски („Антолог“, 2020) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2020 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Oбјавена книгата „Слободата на стихот“ – студија за македонскиот слободен стих од авторката Сузана В. Спасовска

Објавено пред

Деновиве, од печат излезе книгата „Слободата на стихот“, студија за македонскиот слободен стих, од авторката Сузана В. Спасовска, како самостојно издание. Книгата е поддржана на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2021 година. Студијата претставува магистерски труд на авторката, одбранет на Филолошкиот факултет во далечната 2002 година. Рецензенти на изданието се професорите Венко Андоновски и Славен Јуриќ од загрепскиот универзитет. Во рецензијата за оваа книга, меѓу другото, може да се прочита и следново: „Спасовска направила две нешта: прво, сумариум на досегашната стихологија на балканските и потесно на македонските простори и, второ, понудила своја типологија на слободниот стих. Тоа е крупен чекор не само за стихологијата, туку за филолошката наука воопшто“.

Книгата содржи 270 страници, во кои се проблематизира прашањето на слободниот стих во теориската литература и преку структуралистичко-семиотички пристап се прави обид да се дефинира слободниот стих, да се категоризираат неговите карактеристики и да се типологизираат видовите слободен стих. Книжевните анализи во книгата се направени врз примери од поезијата на осум современи македонски поети: Конески, Шопов, Тодоровски, Матевски, Урошевиќ, Ѓузел, Павловски и Ренџов. Книгата „Слободата на стихот“ претставува една од ретките научни публикации посветени на прашањето на слободниот стих.

Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година, во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во моментот работи на својата докторска теза од областа на орфизмот и поезијата. Досега објавила шест стихозбирки – „И љубов и заговор“ (1996, „Македонска книгаз“), „Смртно писмо“ (2004, „Блесок“), „Божествена жена“ (2006, „Темплум“), „Низ темјанот, еден лилјан“ (2014, „Антолог“), „Пеперутка од пепел“ (2018, самостојно издание) и „Јазикот на светлината“ (2020, „Македонија презент“).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија3 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ3 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија3 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет5 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија6 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет6 часа

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет6 часа

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет7 часа

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион19 часа

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион20 часа

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија21 час

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет22 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија23 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа1 ден

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија1 ден

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија1 ден

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија1 ден

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Досие