Контакт

Актуелно

Објавено видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Објавено пред

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика по главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата, Артуро Галансино, соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред“, напиша Галансино на „Твитер“.

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка, со која е извршен нападот, е портрет од Абрамовиќ што го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Најдоброто од „Киненова“ повторно во Кинотеката на Македонија

Објавено пред

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ повторно ќе ги прикаже филмовите што ги понесоа наградите на овогодишното издание на фестивалот, но и филмови што предизвикаа силен интерес кај публиката и филмофилите.

Репризната програма се отвора в сабота во 20 часот со апсолутниот победник на годинашното издание на „Киненова“, филмот кој ги освои срцата на жирито, контроверзниот „Блискост“ на рускиот режисер Кантемир Балагов, кој ги доби трите главни награди во Скопје: најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија.

Следниот ден, в недела, двојно кино-задоволство: од 18 часот ќе биде прикажан филм од перуанската кинематографија, наградуваниот „Ретабло“ на авторот Алваро Делгадо Апарисио, приказна која нè носи на прекрасните Анди и низ визуелно супериорен пејсаж ни раскажува за малите луѓе, кои секогаш со себе носат неоткриени тајни. Во 20 часот, како фино надоврзување, уште еден визуелен спектакл, големото пријатно изненадување од соседната, бугарска кинематографија, филмот „Ага“ на Милко Лазаров, кој пред само два месеца го освои „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Билетите чинат 50 денари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Мултимедијален концерт „Сонувања за заборавеното“ во Прилеп

Објавено пред

Во салата на киното „Мис Стон“ во Прилеп беше изведен несекојдневен мултимедијален концертен перформанс насловен „Сонувања за заборавеното“. Публиката во Прилеп имаше ретка можност да присуствува на одличен музички настан кој беше базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминираше изведба на класичната западноевропска музика од 17 и 18 век, кон која како контрапункт беа вклучени нејзините источни паралели.

Идејата на проектот беше да се направи споредба на музичкото творештво на нашите простори со она во западноевропските центри и на сето тоа да му се даде поширока рамка поврзувајќи ги музичките и историските збиднувања.

Низ динамичната и експресивна изведба на сопранот Ана Митоска Стојаноска, зачинета со нарацијата на актерот и режисер Димитар Ѓорѓиевски, за првпат на македонска почва беа изведени дела од Франческа Качини, Доменико Скарлати, Барбара Строци, Георг Ф. Хендл, но и византиски и народни изворни песни како „Море два се змеја“ и „Домаќине гости ти дојдоа“. Во проектот свој белег оставија и Верица Шотаровска – пијано, Катерина Попоска – мецосопран, Гоце Секулоски – труба и вокал, Денис Најдоски – пијано и вокал, Антониј Колевски – вокал и Милан Секулоски – актер.

Публиката беше воодушевена од настапот, а носителот на проектот, Ана Митоска Стојаноска, најави можност за гостување низ другите градови во Македонија, со цел и пошироката македонска јавност да може да ужива во овој уметнички перформанс.
За време на целиот настап сликаше уметничката Бојана Артиновска – Трпческа, а техничката и визуелна реализација беше дело на Томе Темелкоски и Саша Нацевски.

Прикажи повеќе...

Актуелно

За изложбата „100 години Требениште“, Владата ќе потроши 1,2 милион денари

Објавено пред

Владата ќе потроши 1,2 милион денари за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште“.

„Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рамките на предвидените средства потребни за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија да обезбеди парични средства во износ од 1.200.000 денари во рамките на средствата обезбедени од државниот буџет за реализација на меѓународната изложба ‘100 години Требениште’“, соопшти Владата.

Од таму информираат дека по повод 100 години од првите истражувања на некрополата Требениште кај Охрид, Археолошкиот музеј на Македонија, Националниот археолошки институт со музеј – Софија и Народниот музеј Белград, во името на пријателските односи и соработката во областа на културно-историското наследство и научното истражување, ќе организираат три заеднички изложби, кои ќе се одржуваат последователно во Скопје, Софија и во Белград. Изложбата ќе се одржи во периодот од 15 ноември до 15 мај 2019 година.

„Изложбите се посветени на промоција на заедничките европски вредности и европската интеграција на Западен Балкан, прогласена за главен приоритет на надворешната политика на трите држави – Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија. Со изложбата ќе се претстави дел од богатото културно наследство на Република Македонија, кое се наоѓа во три држави, пред пошироката јавност, со што таа одблизу ќе биде запознаена со еден од најзначајните локалитети од Република Македонија“, велат од Владата.

Изложбата, се додава во соопштението, ќе биде несомнено најголемиот промотор на македонското културно-археолошко наследство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија4 часа

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата. „Се...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија8 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија10 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија10 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет11 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет11 час

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија12 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет13 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет13 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија23 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Досие