Контакт

Книги

Објавен вториот том од избраните дела на Методија Фотев

Објавено пред

Во рамките на избраните дела на Методија Фотев, деновиве во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Селани и војници“.

Тоа е втора книга од петтомниот проект, во кој писателот Фотев ќе биде претставен и со романите „Големите скитачи“, „Неплодна вода“ и „Вивариум“. Во оваа едиција минатата година беше објавен првиот роман на Методија Фотев, „Потомците на Кат“.

Избраните дела на Методија Фотев излегуваат со критички толкувања на Петар Т. Бошковски и Слободан Мицковиќ, а во редакција на Веле Смилевски.

Методија Фотев (1932 – 2019) е еден од најистакнатите македонски романсиери. За своето творештво добитник е на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“ и „Дијалог“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје известува дека во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ в среда (21 октомври) со почеток во 19 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде промовиран романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот…

„Скриени желби, немирни патувања“ истовремено е и роман за патувањата низ надворешните и внатрешните простори, роман што ги истражува разликите, пресекувањата и поклопувањата на овие навидум различни територии. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување го создава необичниот тон на книгата, кој е еден од најважните аспекти на книгата.

Промоцијата е замислена како разговор со авторот, кој ќе го води писателот Владимир Мартиновски. Во рамките на промоцијата ќе бидат претставени и две видеа со извадоци од романот, направени врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Објавил три романи, две книги фотоесеи во соработка со фотографот Иван Блажев и книга разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Настанот ќе биде организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Гостите се замолуваат да дојдат 15 минути пред почетокот на настанот.

Прикажи повеќе...

Книги

Дебата на „Литера“: преку приказните во книгите децата полесно се соочуваат со реалноста

Објавено пред

На децата не треба да им создаваме искривен свет, не е сѐ „си живееја среќно до крајот на животот“ и затоа што преку книгата може да се отворат и многу табу-теми. Можеме многу непријатни работи да кажеме преку приказна. Не смееме да им создаваме илузии на децата. Детето треба од најмала возраст да се соочува и со убавото и со грдото. И Андерсен го направи тоа и на некој начин ги коригира некои моменти од Грим. Но, тие ги напишаа овие приказни и тие се дел од колективната меморија. Треба да бидеме отворени, искрени кон децата и да не ги потценуваме зашто ако ги штитиме премногу, им правиме лошо, рече проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на дебатата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“, што се одржа во Europe House Skopje во рамките на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

Интересни прашања за местото на книгата и нејзиното значење во развојот на децата, какви илустрации сакаат децата, колку книгата може да помогне во надминување на проблемите, каква е состојбата со македонската книга за деца – ова се некои од прашањата на кои, освен Мојсова-Чепишевска, разговараа и проф.д-р Владимир Мартиновски, психологот Христина Стефановска и Искра Димковска од издачката куќа „Сказнувалка“.

Со литературата детето се соочува со реалноста, приказните ја содржат метафората на целиот живот вклучувајќи го сознанието дека човекот е и смртен и се соочуваат и со помалку розовите страни на животот, вели Мартиновски.

„Често ја спомнуваме ‘Девојчето со кибритчињата’. Таа приказна ја гледаме во чамци на Медитеранот, во моментот на раскрсниците во Скопје има куп такви деца. Една од функциите на уметноста е, секако, емпатијата. Уметноста е исклучително важна во секакви времиња. Неодамна на фестивалот ‘Друга приказна’ имаше поетско читање, на кое 15-ина претежно млади и од средна генерација автори читаа песни пред дечињата со маски. Нивните реакции, спонтаноста, целата тешка ситуација ни ја вратија надежта дека уметноста секогаш е важна“, вели Мартиновски.

Психологот Стефановска истакна дека книгата многу помага во надминување на проблемите на децата, влијае врз критичкиот ум на детето, врз имагинацијата.

„Книгата стимулира добар речник, добар фонд на зборови, го стимулира центарот за говор. Ако постои синоним за орална хигиена – четката за заби, книгата е синоним за ментална хигиена и кај возраасните, но кај децата особено. Набргу треба да излезат четири мои книги интерактивен психолошки прирачник. Токму во едната книга зборувам за загубата, за смртта. Најприфатлив начин за детето да се сретне со неа е баш преку книгата, како на советувањата така и на дебатите треба да создаваме психологшки имунитет, да не ги ставаме децата во стаклено ѕвоно. Не постојат само приказни со среќен крај, тие се среќаваат со такви приказни во реалноста, раскинати другарства, во ситуации во кои биле цел на насилно однесување, дали вербално или физичко. Растењето не е лесно. Книгата е таа што многу лесно може да му покаже дека на многу деца им се случува истото тоа низ кое поминува детето. Тогаш детето се охрабрува“, вели Стефановска.

Таа е категорична дека родителите не треба да ги модифицираат приказните, а децата треба и во секојдневието да ги оставиме да грешат.

„Книгата како литературно дело ја користам и во работата со децата, во психолошката терапија. Лесно можам да надминам развод кај родители, на пример, кај дете што настрадало од тоа. Со книга може да му објасните многу работи што му се случуваат. Илустрацијата може да се користи за стимулирање на себеизразувањето. Свесни сме дека децата сѐ помалку имаат контакт со околината, свесни сме дека се оставени на механички дразби. Ако немаме идеја што да правиме со детето, ќе му отвориме сликовница и ќе поведеме разговор“, појаснува Стефановска.

За Димковска, не постои приказна од која детето не може да си најде нешто добро. Секој аспект од приказната и од илустрацијата му дава нешто на детето и ако тоа биде правилно поттикнувано, детето ќе има придобивка.

„Пред пандемијата издадовме две книги многу важни за овој период. Едното издание го третира прашањето на препознавање и прифаќање на емоциите, без разлика дали општестовото ги перципира како добри или лоши, дали е спокој или тага. А второто – „Празнина“ – го води детето низ процесот на тага, низ искуства во кои детето нешто губи и потоа му недостига. Сметам дека родителот треба да биде ангажиран другар во чинот на читањето. Ако и вие ја сакате книгата, и детето ќе ужива. Мислам дека добра приказна и илустрација не може да стане застарен медиум, без разлика на целата дигитализација, зашто нуди поинакво доживување, нуди можност да се гледа, контемплира, да се бараат детали, децата тоа многу го сакааат – да измислуваат паралелни приказни, треба само да им се даде можност и на целото тоа искуство да му се пристапи со уживање“, вели Димковска.

Мојсова-Чепишевска потсети на една особено важна навика, која особено позитивно влијае врз децата, а тоа е бавното подготвување за спиење на децата и читањето приказна пред спиење.

„Детето навечер не треба да биде пред таблетот, телевизорот, треба да му се навратиме на раскажувањето. Децата се најактивни токму пред заспивање. Да го искористиме ова зловреме да му се свртиме на своето дете и сите ние како родители, баби, тетки, наставници и да станеме нови маркоцепенковци. Да раскажуваме, да измислуваме приказни и детето самото да го прави тоа. На тој начин ќе ја освежиме и уметноста и таа ќе има нова перспектива“, посочува професорката.

Учесниците на дебатата се согласија дека литературата за деца бележи видливо придвижување во однос на квалитетот, но и квантитетот. Да се воведе посериозно уметничко образование во средното училиште, како и да се обрне поголемо внимание на литературата за млади, каде што имаме најмалку наслови. Треба да контролираме колку всушност технологијата ќе има место во секојдневието на децата.

„Истиот проблем со кој се соочуваат децата го имаат и возрасните. Некои мои блиски пријатели ми имаат кажано – „убаво тоа што вие пишувате, ама јас веќе не можам да читам книги“. Толку многу сме инфицирани со тој свет на инстант-информации, што возрасните им даваат всушност лош пример на децата. Многу мали може и самите да бидат автори. Класичниот формат на книга првин овозможува спокојство, нешто што брзите технологоии ни го одземаат“, рече Мартиновски.

Кога родителот ужива во книгата што ја чита, и тоа задоволство му го пренесува на детето. Начинот на кој го прави тоа го фасцинира детето. Ако рано им го доближиме целото богатство, таа фасцинација ја помни целиот живот, истакна Стефановска.

-„Детето учи по модел. Ако родителот со себе носи книга и детето гледа дека тој ужива, таа љубопитност ќе ја пренесеме. Конекцијата со родителот е поголема. Книгата пред спиење го амортизира стресот кај децата. Тој тек на читање, таа долготрајност е нешто што детето ќе го врзе за книгата и ќе го сака. Тоа е ритуал, а ритуалите го растоваруваат телото од стресот, не само читањето. Дури и да немаме многу време, книгите нека бидат околу нас“, категорична е Стефановска.

Фестивалот „Литера“, вечерва, во 19 часот, во Europe House Skopje ќе биде затворен, а ќе бидат доделени награди за најдобро илустрирано дело и за најдобра детска книга. Награда ќе додели и Халк банка за најдоброто дете автор што твореше на фестивалот. Викендов беа реализирани повеќе работилници, меѓу кои и со слончето Халки, со кое децата учеа за штедењето.

Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, а го помагаат: Делегацијата на ЕУ во Скопје, Министерството за култура, Град Скопје, Халк банка.

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурс за наградата „Даница Ручигај“

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2019 година до крајот на октомври 2020 година. Со оглед на моментната ситуација предизвикана од Ковид-19, авторките и издавачите треба да ги достават книгите во електронска форма на адресата на ДПМ – [email protected] (со назнака за конкурсот за наградата „Даница Ручигај“) најдоцна до 10 ноември 2020 година. Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на настан што ќе соодветствува на мометната ситуација.

Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион53 минути

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет2 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија2 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет3 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија3 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет3 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет4 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија4 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион15 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет15 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија17 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија17 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија19 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија22 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија24 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија1 ден

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 ден

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Досие