Контакт

Актуелно

Објавен конкурсот за меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Објавено пред

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот преку кој ќе се избираат најдобрите поетски творби за годинешното издание на манифестацијата, што се организира шести пат.

Како што е наведено во конкурсот, право на учество имаат поетите од Македонија и од балканските земји, и тоа во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање три необјавени песни не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик). Темата и формата на песните се слободни. Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: [email protected] заедно со лични податоци за авторот.

„Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која, освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка. Ги покануваме сите афирмирани поети, како и младите талентирани поетски пера да се пријават. Најдобрите ќе настапат на поетското читање во Гостивар и ќе се борат за фестивалските награди, кои се состојат од статуетки и книги“, велат од здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“, организатори на фестивалот.

Крајниот рок за пријавување е 11 април.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се организира во чест на 24 Мај, Денот на св. Кирил и Методиј. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура.

Актуелно

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Објавено пред

Македонскиот писател Венко Андоновски на 24 и 25 мај ќе учествува како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург.

На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментот најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Објавено пред

Познатиот хип-хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло-албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка.

„Сниман е во студиото ‘Knobs Keys ‘n Stuff’ заедно со Бојан Филиповски ‘Gloomie’, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио. Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас-гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОИ се и да преземат одговорност за сопственото постоење. Насловот ‘Од изворот на изборот’ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“, објаснува Петковски.

Албумот е отпечатен во 1.000 копии и ќе го има во продажба од 23 мај.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал за обнова на Домот на културата во Ченто

Објавено пред

Еднодневен културно-едукативен фестивал ќе се одржи в недела, 19 мај, со почеток во 10.30 часот, во населбата Ченто, со цел да направи иницијатива за обнова на напуштенот Дом на културата во оваа населба.

Населбата Ченто порано имаше прекрасен дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе во трекот на годините. На површина од 2.800 квадратниметри, бина од 85 м2 и сала со 328 седишта, овој простор беше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место.

„По примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови во Македонија потребна им е стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма според потребите на граѓаните“, велат од здружението „Културно ехо“, кое е организатор на настанот.

Локацијата е паркот „Методија Андонов-Ченто“, кој се наоѓа помеѓу булеварите Ченто и Маџари. До местото може да се стигне со автобусите 23, 45 и 65. Доколку не ви е позната оваа област, предлагаме да ја видите точната локација ОВДЕ.

ПРОГРАМА:

од 10.30 до 12.30 – Екоакција за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13 часот – парк „Методија Адонов-Ченто“
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА:
Како од напуштен објект до мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор надвор од центарот на градот?
(учесниците ќе бидат објавени набргу)

МУЗИЧКА ПРОГРАМА – парк „Методија Адонов-Ченто“
15 ч – Drums & Percussion Дамјан Грујо
16 ч – Man In a Suit – Куманово
17.30 ч – DJ-сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

Во склоп на музичката програма ќе се одржи работилница за перкусија за сите заинтересирани.

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ1 час

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет3 часа

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа6 часа

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија6 часа

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт6 часа

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потрагата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија7 часа

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет20 часа

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Свет22 часа

„Фејсбук“ отстранил над три милијарди лажни профили

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни...

Свет23 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ1 ден

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски1 ден

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија1 ден

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион1 ден

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет1 ден

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт1 ден

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа1 ден

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава2 дена

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија2 дена

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 дена

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Досие