Контакт

Книги

Објавен романот „Биро за проверка“ oд рускиот писател Александар Архангелски

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Биро за проверка“ на современиот руски писател Александар Архангелски, во превод од руски на македонски јазик на Ленче Тосева.

Романот „Биро за проверка“ е добитник на „Бољшаја книга“ – втора награда, за 2018 година.

Дејството на романот се вклопува во само девет дена од јули 1980 година, се одвива на територијата на Москва, при што Александар Архангелски, без никаква трага на носталгија или одвратност кон таа советска ера, многу успешно ја доловува атмосферата од тоа време. И токму во тие девет дена, додека Москва ги слави и ги живее деновите на Олимписките игри и во исто време се збогува и тагува по поетот Владимир Висоцки, Алексеј Ноговицин, дипломираниот студент на хуманистичкиот универзитет (и главен лик во приказната), ги живее своите кобни денови од животот кога сите негови надежи за убава иднина се претвораат во длабоки разочарувања. Лагите, стравот и опортунизмот длабоко вкоренети како во религиозната така и во научната средина сосема ја менуваат неговата судбина и животот му тргнува во неизбежна слепа улица. Но, јунакот од овој роман нема направено, ниту прави нешто лошо, тој само се обидува да љуби, да се пронајде во својата младост, да ја пронајде смислата на животот и нешто во што ќе верува…

Комуникацијата со професорот филозоф, која го води до спознанието за Бог и православието, и запознавањето со девојката Мусја, што го води до земната љубов, како да го поделуваат неговиот живот на земен и духовен. Но, не, романот „Биро за проверка“ не зборува за религијата, тој зборува за младешката страст и желба за слобода и потребата да се има право на избор, кои во тоа време се чини биле луксуз. И тоа е она што овој роман го прави своевиден портрет на една ера и заплет на денешните противречности. И што може да се именува како биро за проверка на човечката душа.

Александар Архангелски (1962) е руски прозаист, публицист, телевизиски и радиоводител, литературен критичар и истражувач. Работи како редовен професор по комуникации, медиуми и дизајн во Москва. Негов посебен научен интерес и специјалност се филолошките науки, рускиот јазик и руската книжевност, со посебен акцент во своите истражувања на историјата на книжевноста и на културата. Докторирал за лирските жанрови во поезијата на Пушкин. Бил член на комисиите на највисоките книжевни награди во Русија. Наградуван е за својата педагошка и новинарска работа и за своите научни и белетристички дела. Добитник е и на високите книжевни награди „Книга на годината“ (2013) и „Бољшаја книга“ („Големата книга“, 2018). Добитник е и на Наградата на владата на Руската Федерација за 2013 година од областа на масовните комуникации. Автор е на неколку документарни филма.

Архангелски е автор на дваесетина книги од областа на литературната наука и белетристиката, меѓу кои и: „Музеј на револуцијата“ (2012), „Цена на отсекувањето“ (2008), „1962. Послание до Тимотеј“ (2007), „Биро за проверка“ (2018). Во неговата проза приказната на одделни ликови секогаш се одвива врз фонот на познати знаци на времето. Таков е случајот и со романот „Биро за проверка“, кој во исто време може да се чита и како детективска приказна и како приказна за растењето, за младешките желби, страсти и потреби…



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец

Објавено пред

Романизирана биографија за Видое Подгорец објави писателот за деца и негов долгогодишен пријател и соработник Киро Донев. Книгата насловена „Видое Подгорец – незавршена приказна“ е документ не само за животот и писателската работа на Подгорец, туку открива и многу негови размислувања и ставови за литературата, за писателскиот повик и за животот воопшто.

Рецензентката на книгата д-р Ана Витанова Рингачева во предговорот ќе рече: „Киро Донев со години живее со чувството на неспокој што катадневно се раѓа од натрупаните спомени од животот поминат со пријателот и учителот Видое. Измачуван од потребата вистината да се качи на пиедестал за да си го заслужи своето место во историјата, Киро Донев започнува да ја раскажува приказната за себе и Видое“.

Промоцијата на оваа книга ќе биде вечерва во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица, во склоп на Деновите на литературата за деца „Средби под јаворите – Видое Подгорец“. Овие настани се дел и од манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“.

Прикажи повеќе...

Книги

Нови книги за деца и млади од Венко Андоновски, Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева

Објавено пред

На 3 јуни, в четврток, во 18 часот, во Градскиот парк на Школка ќе се случува најголемиот настан пред самиот дочек на летниот распуст.

Ќе се промовираат новите книги за деца и млади на истакнатите македонски автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски, во кои главните ликови се Стела и Сани! Исто така, ќе се промовира и целата едиција сликовници „Стела и Сани“, како и новата „Еден облак бел и 12…“ напишани од Бистра Георгиева, а илустрирани од Катерина Николовска.

Целиот проект, што ги опфаќа книгите во издание на Паблишер, е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, а е во соработка со „Вертиго Вижуал“, кои се творците на овие двајца анимирани херои.

Целта на овој проект е да ja искачи книжевноста за деца чекор погоре на скалата на уметнички, образовни и морални вредности. Токму затоа книгите се пишувани од едни од највлијателните творци на македонската проза. Макар што Сани и Стела се ликови во сите книги, тие се наоѓаат во различни ситуации и се на различна возраст.

„Ѕвездена џунгла“ од Јагода Михајловска-Георгиева ќе ги однесе најмалите до вселената заедно со Едан и Асја, Винка Саздова, пак, во „Ти носам пустински песок“ ќе ги наведе малку поголемите нестрпливо да ѕиркаат во поштенското сандаче, а Венко Андоновски ќе ги повика тинејџерите да го допишат романот „Имаш пчела на носот“. Но иако се наменети за деца од различни возрасти, од најмали до тинејџери, книгите имаат иста идеја: квалитетна литература.

Настанот ќе изобилува со активности, организирани на тој начин што ќе ја поттикнат детската љубопитност и желбата за знаења. Низ забава, почнувајќи од средба и читање со авторите, преку пеење со Стела и Сани, работилници и играње, децата ќе можат да стекнат трајни спомени од овие поучни и неповторливи мигови.

Прикажи повеќе...

Книги

УКИМ ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Во Зборникот се објавени препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови на Конески остварени од странски македонисти – слушатели на двата напредна курса за литература и за преведување на Зимската школа, со што делови од творештвото на Конески коишто претходно не беа преведени на сите овие јазици, сега се објавуваат на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик.

Ова е прв зборник на МСМЈЛК во којшто се објавуваат во толкав обем и на толку јазици препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК. Истовремено, во Зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странски македонисти – академиците Зузана Топољинска, Иван Доровски, Виктор Фридман и Горан Калоѓера.

Промоцијата ќе се одржи виртуелно, на платформата „Зум“, на 3 јуни 2021 година, со почеток во 12 часот, а со свечена реч ќе ја отвори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Република Словенија и проф. д-р Даниела Костадиновиќ од Филолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш, Република Србија.

Свое учество на промоцијата ќе имаат и лектори по македонски јазик, литература и култура на неколку универзитети: м-р Марија Пандева на МГУ „Ломоносов“ (Руска Федерација), м-р Марина Цветаноска на Истанбулскиот универзитет (Република Турција) и м-р Биљана Стојановска на Универзитетот во Риека (Република Хрватска). Потоа, семинаристите на Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе прочитаат свои препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови од Конески, објавени во Зборникот.

На настанот ќе бидат споделени и искуствата од Првата зимска школа на МСМЈЛК, на Роза Тасевска, којашто го водеше курсот по преведување и на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, којашто го водеше курсот по литература.

Инаку, на Првата зимска школа на МСМЈЛК учествуваа дури 50-тина учесници од 15 земји. Промоцијата на Зборникот од Школата е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ и се организира во рамките на Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија12 часа

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт13 часа

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија18 часа

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија19 часа

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија19 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија22 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија23 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт24 часа

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија2 дена

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија2 дена

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија2 дена

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија2 дена

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија2 дена

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија2 дена

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ2 дена

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Досие