Контакт

Книги

Објавен романот „Во темнината“ од чешката писателка Ана Болава

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Во темнината“ од чешката писателка Ана Болава, во превод од чешки јазик на Јасминка Делова-Силјанова. Оваа книга е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за проза за 2016 година.
Романот е лелеава приказна за билките. Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена која цел живот е зависна од собирање лековити билки.

Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековити растенија за главната хероина е хоби кое се граничи со зависност; билките се на прво место, а сè друго се чини дека за неа е од мала важност. Жената е многу осамена, но таа е и многу среќна. Но, за жал, животот посветен на билките не ја заштитува хероината од сериозна болест. Приказната кажува дека секоја зависност, па дури и спрема добрите нешта, води до изолација на личноста.
Книгата е напишана на убав метафоричен јазик. Оценета е како магична книга која тешко се чита во еден здив, зашто тера на размислување. Таа е книга во која на прекрасен начин се запознаваат убавините на природата и на билките, но истовремено е и меланхолична, сурова и болна приказна. Како да опишува (или раскажува) монотонија, а ја набљудува физичката и менталната дезинтеграција на една личност која својата смисла на живеење ја нашла во собирањето билки. Од една страна, приказната изгледа обична и секојдневна, а од друга страна, неповторлива.

Ана Болава, чие вистинско име е Бохумила Адамова (1981), е чешка прозаистка и поетеса. Родена и е израсната во Јужна Чешка. За време на студиите на Филозофскиот факултет при Карловиот универзитет во Прага сменила неколку занимања – утрински разнесувач на весници, работничка во фабрика, чистачка во министерство… По дипломирањето на бохемистика на Карловиот универзитет, кусо време работела во Институт за чешки јазик како уредник, рецензент и јазичен коректор. Ана Болава има сопруг и три деца, а денес работи како соматолошки советник во здравствено осигурување. Одгледува црвена репка, собира лековити билки, лови риби, фотографира, чува деца и пишува текстови од различни жанрови. Живее во Прага. Автор е на следните дела: „Црна година“ (2013), збирка поезија; „Во темнината“ (2015), роман; „На дното“ (2017) година, роман, кој исто така беше номиниран за „Магнезија литера“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Со признание за писателката Славенка Дракулиќ вечерва почнува фестивалот „Букстар 4“

Објавено пред

Со промоција на збирката раскази „Невидлива жена и други раскази“ од една од највлијателните авторки во Европа во моментот, Славенка Дракулиќ, вечерва, со почеток во 19.30 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ, ќе почне четвртото издание на фестивалот на европска литература „Букстар 2018“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На писателката Дракулиќ ќе ѝ биде доделена и наградата „Букстар“ за книга што ја одбележува 2018 година. Како што велат од организаторот, расказите во книгата „Невидлива жена и други раскази“ ги осветлуваат темните слепи точки на нашето општество со тоа што ја земаат невидливоста на повозрасните луѓе смело прикажувајќи ги универзалните интимни мисли што секогаш ги одложуваме.

На вечерашниот настан промоторки на делото ќе бидат Ангелина Бановиќ-Марковска и Ана Мартиноска, а наградата на авторката ќе ѝ ја додели актерката Наташа Петровиќ.

Во рамките на годинешното издание на фестивалот, кој ќе трае од 13 до 21 ноември, покрај Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), пред македонската публика ќе бидат претставени уште шестмина докажани и признати писатели од самиот книжевен врв на Европа: Џамал Уаријачи (Холандија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Антон Баев (Бугарија), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), како и домашните Живко Грозданоски и Јосип Коцев (Македонија).

Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Зоран Кардула, а настанот е организиран во соработка со издавачката куќа „Готен“.

Годинешната фестивалска програма вклучува најголем број книжевни настани досега, при што, секако, во фокусот се гостувањата на авторите и промоциите на нивните дела. Фестивалските настани ќе се одржат на разни локации во Скопје, а влезот е бесплатен.

 

Прикажи повеќе...

Книги

Поезија од Јовица Тасевски – Етернијан објавена во американското универзитетско списание ,,Езра”

Објавено пред

Во новиот број на американското универзитетско списание „Езра“ се објавени избрани песни од афирмираниот македонски поет Јовица Тасевски–Етернијан препеани на англиски јазик. Поезијата на Етернијан ја препеа еминентната американска поетеса Џудит Скилман.
„Езра“ е специјализирано списание во кое се објавуваат преводи на англиски јазик на дела од познати светски автори и осврти за преведени книги. Списанието го издава Универзитетот „Роџер Вилијамс“, а уредник е проф. д-р Питер Томсон.

Поезијата на Јовица Тасевски–Етернијан во списанието е објавена веднаш по новите препеви на англиски јазик на избрани песни од шпанскиот поет Рафаел Алберти, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на низа други угледни награди, а во овој број читателите можат да прочитаат и песни препеани на англиски од класиците Сергеј Есенин и Отокар Бржезина, еден од најважните чешки автори на 20 век, водечки симболистички поет кој неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда, потоа препеви на песни од познатата современа португалска поетеса Роза Алиси Бранко, добитничка на престижната награда „Еспирал Мајор“ за најдобра поетска книга објавена во Португалија, Бразил, Ангола и Галиција итн.

Јовица Тасевски–Етернијан е автор на шест поетски книги и на две книги со книжевни критики, есеи и студии. Негови песни се препеани на дваесетина јазици и се објавени во списанија и антологии во околу триесет држави. Ова е второ претставување на поезијата на Етернијан во реномираното списание „Езра“ на Универзитетот „Роџер Вилијамс“, а освен во ова универзитетско списание, препеви на негови песни се објавени и во списанијата што ги издаваат Универзитетот на Арканзас, Универзитетот на Хаваи со седиште во Хонолулу, Универзитетот „Диакин“ во Австралија и др.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова студија „Книжевноста и политичкото насилство “ од Славица Гаџова Свидерска

Објавено пред

Деновиве, во издание на Издавачката куќа „Восток“ излезе студијата „Книжевноста и политичкото насилство “ од д-р Славица Гаџова Свидерска која е единствена од овој вид на македонскиот културен простор. Спојувајќи ги македонскиот и латиноамериканскиот контекст, преку делата на Живко Чинго, Иво Трајков (филм работен врз книжевната предлошка на Чинго), Габриел Гарсија Маркес, Хулио Кортасар и Марио Варгас Љоса, оваа комплексна студија ги разгледува сложените односи на феномените на репрезентација во наративните текстови и политичкото насилство на ниво на приказна и на ниво на дискурс. Истражувањето има нагласено компаративен и интердисциплинарен карактер. Книжевноста, уметноста воопшто, како и филмот, се спротивставуваат на моќта и на насилството со специфични естетски стратегии, а и самите не се имуни на создавање и практикување моќ и насилство.

Славица Гаџова-Свидерска (1984, Битола) е доктор на филолошки науки, поет, есеист, книжевен теоретичар и преведувач. Ги објавила поетските збирки „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015) и „Тела“ (2016) и научнате студии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013) и „Книжевноста, и политичкото насилство (2018)“ Учествувала на повеќе поетски фестивали и е добитничка на голем број награди, меѓу кои „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012) и на наградата „Караманов“ (2016). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, словачки, чешки, српски, хрватски, босански, италијански и албански јазик. Се занимава со проучување на врските меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија5 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија6 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија7 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија8 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања10 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија10 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток11 час

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија11 час

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија12 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток12 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија14 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет14 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија15 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа15 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет15 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија16 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија17 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија17 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија1 ден

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие