Контакт

Книги

Објавен романот „Гордиот Дабидеш“ на чешката писателка Ирена Доускова

Објавено пред

„Македоника литера“ го објави романот „Гордиот Дабидеш“ на чешката писателка Ирена Доускова, кој е едно од најпознатите чешки прозни дела на 21 век, извонредно успешен и познат бестселер со повеќе изданија на чешки јазик и е преведен на петнаесетина јазици. Неговата сценска адаптација долго време се изведува во чешките театри и често е прикажувана на чешката телевизија.

„Гордиот Дабидеш“ е најуспешната книга на Доускова. Ова дело стана едно од најпознатите чешки прозни дела објавени во времето на кадифената револуција. Само во Чешка се продадени повеќе од 65.000 примероци.

Приказната во оваа книга ја раскажува едно девојче, кое истовремено е и паметно и наивно. Хелена Соучкова нè води во текот на една година од првиот период на владата на комунистичкиот претседател Хусак опишувајќи комични, како и малку забавни епизоди и ситуации во кои се вклучени деца и возрасни.

Кратките епизоди создаваат компактна приказна, која ги открива и малите и поголемите трагедии од детството на Хелена.

Хелена Соучкова, осумгодишна ученичка во мал провинциски град, се соочува не само со лошата страна на животот во комунистичка Чехословачка, туку и со повеќе универзални проблеми, како што се смртта, училишни вечери, вина, тапи учители, предавство, љубов, еврејство, немирни помали браќа, речиси отсутни татковци, сурови соученици, лажни возрасни лица, морничави соништа и кошмари што го рефлектираат општеството околу неа. Дете на своето време, Хелена сепак се издигнува над сето тоа со својата грижливост, здравиот разум и мрачни замислувања, кои денес ни зборуваат со јасност и моќ. Хелена стана добро познат архетип во чешкото општество.

„По својата природа `Гордиот Дабидеш` е лесна, опуштена, нежна и интелигентна лектира, што кај читателот предизвикува смеа до солзи и наплив од носталгија“. (Бара Грегорова, „Литература“)

Ирена Доускова (1964) е чешка писателка: романсиер, раскажувач, поет и драмски автор. Завршила правен факултет, а работела како новинар, библиотекар и драматург. Од 2006 година заработува за живот од пишување книги, драми и филмски сценарија. Живее во Прага.

Автор е на десетина прозни книги, кои се продадени во повеќе од 100.000 примероци само во Чешка. „Гордиот Дабидеш“, „Онегин од Русија“ и „Дарда“ може да се сметаат за трилогија. Ги поврзува главниот лик – Хелена Соучкова. Овие три романи се нејзините најпопуларни дела. Сите три книги имаат и сценска адаптација од авторот и сè уште успешно се играат во чешките театри. За главната улога во „Гордиот Дабидеш“, која е одиграна во повеќе од шестотини претстави, Барбора Хржанова е наградена со највисоката чешка драмска награда „Талија“.

Книгите на Ирена Доускова се објавени на англиски, германски, руски, бугарски, унгарски, полски, словенечки, белоруски, шпански (во Мексико), босански, хрватски, украински, турски и на латвиски. Ова е прво нејзино дело објавено на македонски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавена книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Објавено пред

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, излезе книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.
Книгата со својата содржина е особено актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски за да се дојде до XIX век со потреба од изразување на сопствен литературен јазик, поинаков од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид, кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит втор Хомер во Атина, за да дојде до сознание дека еден општословенски јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него литературен јазик. Пред него и денес горат безбројни кандилца во Охрид. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ  запира и на заедничките мотивации за создавање слова, особено влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори“, вели рецензентот,  проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.

Покрај 12 труда од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (првпат во печатена форма), за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“, посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид, да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари

Објавено пред

Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15 јануари.

Според конкурсот, право на учество имаат романите што првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот, што не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. Димитрие Чуповски бр. 23/1-1) или по пошта, на адресата на Фондацијата, бул. Кузман Јосифовски – Питу 19/6-40, Скопје.

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи што благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“, која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена 22 пат.

„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници што оваа награда ја доби вторпат по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена збирка поезија на д-р Михаил Левенски „Лачи искрини“

Објавено пред

Излезе од печат збирка поезија на д-р Михаил Левенски „Лачи искрини“.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, со голема благодарност до издавачката куќа „Матица македонска“ и почитуваниот Раде Силјан, објави дека во чест на 78-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од заминувањето на д-р Михаил Левенски, излезе од печат неговата поезија во една збирка песни под име „Лачи искрини“.

Збирката „Лачи искрини“ е ексклузивно обликувано поетско издание што на близу 300 страници содржи избор песни од две стихозбирки на Левенски – „Создавање на светот во мене“ (1996) и „Лош препис од оригиналот – З“ (1997).

Надвор од секоја хронологија, 78-те песни се поделени во два дела: „Чувственик“ – љубовна лирика и „Ѕвездопад“ – рефлексивна лирика. Името на збирката е една од неговите оригинални синтагми којашто метафирички упатува на тоа дека секој во своето време ги создава светлините што остануваат да светат и по неговото заминување: „Сегашната ни светлина ќе ја чува засекогаш нашата небиднина“. / „И кога не ќе сме ние… ќе се појавуваме во лачи искрини.“

Севремената поезија на Михаил Левенски е богатство извадено од ковчеже. Нејзиниот нов здив од неа ја избриша сета патина и сега сјае и отсјајува, а ќе го облагороди секој оној што над неа ќе се наднесе и нештедливо ќе и ги отвори своите сетила“.

Фондацијата смета за неопходно, во ова време, да се потсетиме на основните вредности на живеење, да се вратиме кон човечноста, добрината, убавината, благодарноста и смислата на живеењето. Токму затоа, од разновидниот творечки опус на Левенски, за крај на оваа 2020 година и почеток на 2021 год., Фондацијата избра да се реиздаде неговата поезија, затоа што е поезија што е против „ужасот на празнината и бесмислата“ и со својот „виталистички принцип“ праќа пораки, поставува патокази, потсетува, опоменува, поучува, облагородува…

Рецензиите се на: акад. Витомир Митевски, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Киро Донев (кон новото издание), а книгата ги содржи и рецензиите од првичните стихозбирки потпишани од Видое Подгорец и Јован Котески.

„Авторот како да сака да им даде правец на залудните талкања по среќата, да ги исправи неправдите и скршнувањата, да нè врати од патот кон понорот и да нè соочи со себе, за да ги препознае секој човек сонцата во себе, да се стреми кон височини и да остане човек човечен “ – од рецензијата на акад. Витомир Митевски

„Да се има в раце поезија од еден славен македонски психијатар, значи да се добие непроценливо богатство: увид во душата на оној кој ги лекувал и исцелувал нашите души…Левенски се доближува до сфаќањата на Блаже Конески за поезијата како сеизмограф кој ги бележи и најситните, најнечујните и најневидливите треперења во космосот, како и најситните конвулзии на душата…“ – пишува во својата рецензија Венко Андоновски.

Стихозбирката „Лачи искрини“ на д-р Михаил Левенски ќе биде во продажба во 2021 година во книжарниците на книгоиздателството „Матица македонска“.

Д-р Михаил Левенски (1942-2010), психијатар и писател: поет, раскажувач и драматург. Во психијатријата беше истражувач со посебен интерес кон социјалната патологија. Во своето книжевно дело пак, беше нијансиран познавач на убавите страни на душата. Автор е на голем број литературни дела, радио и ТВ-драми и сценарија за филмови како на книгата „Како да станам свој“ – посветена на младите за себеизградување, мотивација и себереализација. Д-р Михаил Левенски е докажан хуманист, поборник за вистина, правда и човеково достоинство.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, основана во 2012 година од неговото семејство, продолжува да делува на полето на „човекољубие и природољубие“, под слоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија1 час

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Економија2 часа

Компаниите се ослободени од царинските давачки за една година

Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во...

Македонија3 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија6 часа

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија6 часа

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија9 часа

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија9 часа

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет10 часа

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија11 час

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија11 час

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет1 ден

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт1 ден

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија1 ден

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија1 ден

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет1 ден

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија1 ден

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ1 ден

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија1 ден

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Досие