Контакт

концерти

Одличен концерт на Каролина Гочева во Охрид

Објавено пред

Каролина Гочева синоќа одржа одличен концерт за пребирливата охридска публика.

Песните од новиот албум „Извор“ илјадната публика во Спортската сала „Билјанини извори“ ги пееше во еден глас со Гочева и нејзиниот одличен пратечки бенд составен од 10 фантастични музичари. Никола Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а стиховите за девет од нив ги напиша Весна Малинова.

Во вториот дел од концертот Каролина се претстави и со неколку нумери од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, кои исто така беа одлично прифатени од публиката.

Концертот беше во организација на FEEL Продукција и беше официјална охридска промоција на новиот албум на Каролина Гочева.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Џез-импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

Објавено пред

Од

Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, во организација на „3 гонга“, скопјани ќе може да уживаат во концертиот настап на српските џез-виртуози, гитаристот Душан Јевтовиќ, миленикот на нашата публика, Васил Хаџиманов на клавијатури, и Богдан Џурџевиќ на тапани.

Српскиот гитарист, кој по потекло е од Крагујевац, а со години живее и работи во Барселона, Шпанија, го издаде својот петти по ред албум со наслов No answer. Новото издание набргу доживеа голем меѓународен успех со повеќе од 30 позитивни музички критики и рецензии во светот, а Душан оваа музика ја направи заедно со Васил Хаџиманов.

„Васил снимаше во студио со мене и сакавме да се вратиме на оној стар трио џезерски звук, кој беше популарен во 60-тите и во почетокот на 70-тите години. Сакавме да направиме нешто интересно и мислам дека успеавме во тоа. Хаџиманов е навистина неверојатен со неговата лева рака и умее да направи чуда, многу е стабилен како музичар, врвен професионалец, така што знам дека направивме вистински потег соработувајќи заедно“, вели Јевтовиќ.

Инаку, Душан Јевтовиќ го вбројуваат во најталентираните европски гитаристи од помладата генерација, чиј музички сензибилитет критичарите го споредуваат со оној на Роберт Фрип. Неговата соработка со исклучителниот Васил Хаџиманов, едно од најголемите џез-имиња на овие простори за кој и не е потребна посебна најава, е интензивна изминативе години. Музиката на овие двајца талентирани и успешни музичари е своевиден амалгам од џез-импровизации, во кои е вткаен дури и сензибилитетот на големиот Џими Хендрикс. И на сето тоа го додаваат и дискретниот шарм на српскиот етнофолклор. Овие музичари создаваат еклектична фузија од звуци, кои несомнено заслужуваат да бидат слушнати.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Инес Неделковска во малата сала на Македонската филхармонија

Објавено пред

Од

Македонска пијанистка Инес Неделковска, на 18 мај, во организација на Музичката младина на Македонија, ќе одржи солистички концерт во малата сала на Македонската филхармонија со почеток од 20 часот.

Со само 15 години, со своите постигнати успеси во светот, Инес Неделковска претставува вистински амбасадор на Република Македонија. Во нејзината биографија веќе се удомени шест први награди на државните натпревари и девет први меѓународни награди. Инес е добитник на три први награди во Њујорк, како и добитник на гран при од жирито (тоа е посебна награда доделена од страна на жири-комисијата на најдобриот натпреварувач од сите дисциплини на целиот натпревар), прва награда на интернационалниот натпревар по пијано во Лондон, победник во Италија – Наполи и Бари (апсолутен победник), Монте Карло и др. Овие награди резултираат со настапи на младата пијанистка во најпрестижните сали во светските метрополи: Њујорк – „Меркин хол“ во Кауфман центарот, како и светски реномираниот „Карнеги хол“ (каде што Инес има настапено веќе двапати), а потоа и во легендарниот „Ројал Алберт хол“ во Лондон.

Инес исто така има реализирано и значајна концертна меѓународна активност. Како член на престижната светска Фондација за млади таленти „Владимир Спиваков“ од Русија, на 10-годишна возраст Инес настапи на три концерти во Москва, како и во Љубљана, Загреб, Белград.
Покрај тоа што повеќепати има настапено како солист со Македонската филхармонија, талентираната Инес реализира исклучителни настапи како солист со камерниот оркестар од Софија, Бугарија; камерниот оркестар „Ансамбл арт линк млади виртуози“; во престижната сала „Коларац“ во Белград, со Младинскиот симфониски оркестар на Новосибирск, а концертот беше пренесуван од страна на Руската национална телевизија.

Неделковска е во деветто одделение во ОУ „Лазо Ангеловски“ и ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класата на Нина Костова, а под менторство на Људмила Романова.

Како што вели самата Инес, успесите ги постигнува благодарение на постојаната желба за нови сознанија, огромната трудољубивост и посветеноста кон инструментот, но, пред сè, поради огромната заложба и посветеност на професорката Нина Костова-Јаневска.

 

Прикажи повеќе...

концерти

Мајкл Најман, Стив Рајх и Тери Рајли во изведба на пијанистката Дуња Иванова

Објавено пред

Од

Денеска, во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, концерт ќе одржи истакнатата пијанистка Дуња Иванова.

И овој пат во фокусот на програмата на Иванова се дела од современи композитори. Ќе бидат изведени неколку композиции од култниот филм „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и The Heaven Ladder од Тери Рајли и Clapping Music од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност. Како гостинка на концертот ќе се појави македонската композиторка Ана Пандевска.

Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел при Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонската музика, „Музика вива“, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото. Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија, ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика -ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.
Автор е на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20 век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија35 минути

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија54 минути

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека...

Македонија2 часа

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија4 часа

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет4 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија14 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија15 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија21 час

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија23 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Досие