Контакт

Изложби

Од утре отворена изложбата „Сета љубов“ во МСУ со светски познати уметници

Објавено пред

Од утре, 15 декември, во 16 часот па сè до февруари следната година, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сета љубов (All the Love)“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот е отворен од 10 часот за посетители секој ден, освен понеделник, но поради специфичноста на изложените дела, кураторките сугерираат дека поставката е најдобро да се погледне меѓу 16 и 20 часот, освен недела кога музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

dav

Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и видеа, ќе се претстават 11 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома Њујорк…

Ќе бидат претставени дела од Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи Хагборг (САД), Коко Фуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија), Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска (Полска), Рена Редл и Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска) како и македонските уметници Велимир Жерновски и Никола Узуновски.

„Една од целите на МСУ Скопје е активно да соработува и изложува автори кои денес можат да се видат во сите водечки уметнички центри низ светот и кои се предводници на актуелната уметничка сцена по прашања кои отвораат ангажирани тематики. Темата на која се фокусиравме е особено важна затоа што е поврзана со денешните состојби на несигурност и истовремено бара начини преку различни уметнички медиуми да нè воведе во доживувањето на различното, односно нè насочува кон идејата дека светот може да се доживее од аголот на разновидноста, од перспективата на другиот. Дискурсот за љубовта, почнувајќи од авангардната и радикална политика од минатиот век, е во центарот на политичките и социјалните промени поттикнати од женските права, правата на ЛГБТ-заедницата, различните начини на борби на граѓанското општество. Оттука изложбата се фокусира на дела кои ја манифестираат нејзината способност да се пробие низ најсилните спротивставувања и радикалните поделби“, вели кураторскиот тим.

Изложбата „Сета љубов“ ги анализира состојбите на единство и солидарност во локалниот и глобалниот капиталистички контекст. Целта на изложбата е низ анализа на конкретни уметнички практики, да ги истражи етиката, естетиката и политиката на љубов како радикализам.

Поаѓајќи од идејата дека капитализмот неизбежно наметнува потреба од фокусирање на себството (идентитетот), изложбата ги покренува прашањата за можностите на свет создаден и доживеан од перспектива на разликите, а не од перспектива на идентитетот. Од друга страна, додека љубовта се определува преку двојството, политиката се манифестира преку колективното. Следејќи ја дефиницијата според која политиката е колективна, единствениот начин да се воспостави значајна врска меѓу политиката и љубовта е да се размисли за тоа како заедничкиот поредок ќе ја преиспита љубовта и ќе овозможи таа да се создава на нови начини што капитализмот ги оневозможува.

Оттука, изложбата покренува прашања во врска со можните изводливи и позитивни алтернативи на дејствување од доменот на заедничкото, на теренот помеѓу политичкото и приватното, со нови видови организации, структури и заедници. Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Еуролинк осигурување. Голема благодарност до Музеј на македонската борба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

Објавено пред

Во четврток ( 21 јануари 2021 година) во 12 часот во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – во Куманово ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“, на ликовната уметница Јана Јакимовска. На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.

„ Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели… Јана Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела“ вели во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска.

„ Со сѐ поголемиот замав што го зема дигитализацијата и присутноста на новите медиуми, резултат на времето во кое живееме, се чини како уметниците во одредена мера да ги ,подзабораваат’, да го губат допирот, релацијата со покласичните форми и медиуми на изразување во доменот на сликарството, скулптурата и цртежот. Но, Јана Јакимовска е авторка која и покрај тоа што се занимава со концептуална уметност, главно насочена кон дигитални и фотоманипулации, во овој нејзин најнов циклус дела, преку својата четка и сликарското платно нѐ однесе на едно ,патување’ од Скопје преку Струмица и Охрид во светските гиганти Токио и Њујорк, за повторно да нѐ врати назад во Скопје, укажувајќи ни дека просторно и временски каде и да сме, тоа е она исто небо што истовремено е ОВДЕ и СЕГА, за сите исто и единствено, поради што и оваа изложба може да се сфати и како симбол за нашата, условно кажано – ,просторна ограниченост’, но истовремено и… ,бескрајна безграничност’“ вели во рецензијата за изложбата, историчарката на уметност Ангела Витановска.

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.

Прикажи повеќе...

Изложби

Зоран Попоски изложува во Јужна Кореја

Објавено пред

Македонскиот уметник Зоран Попоски учествува на меѓународната изложба Перспективи 2021 во Музејот КИКА во Гимпо, Јужна Кореја, во периодот 30 декември 2020 до 17 јануари 2021 година.

На изложбата се застапени педесет уметници од САД, Франција, Канада, Бразил, Кина, Кореја, Јапонија, Британија, Германија, Грција, Венецуела, Италија, итн.

„Изложбата во Кореја е јубилејна за мене, бидејќи е стота изложба на моите дела. Во моментов мои дела се застапени уште во две тековни изложби во САД и Италија. Последната изложба во Македонија ја имав пред четири години. Се надевам дека наскоро македонската публика повторно ќе има можност да ги погледне моите дела“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Од утре, 17 декември, во 12 часот, до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“.

Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а в недела музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Од МСУ велат дека ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чијашто речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Сликар по вокација, Шумковски досега зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција. Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ4 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа4 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет7 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа7 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа8 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија8 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија9 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа9 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа10 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија10 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија11 час

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија11 час

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа12 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет12 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет23 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија1 ден

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет1 ден

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Досие