Контакт

Култура

Од 10 до 23 септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“

Објавено пред

Од 10 до 23 септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ која првпат годинава за посетителите ќе понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти, информираат организаторите.

„Програмата која изобилува со културни, музички и спортски настани, стартува овој понеделник со отворање на спортската манифестација во мал фудбал „Геге-куп”, која по долги години се враќа на игралиштето во основното училиште ‘Страшо Пинџур’. Воедно, во рамки на тие 10-тина дена предвидени за незаборавни моменти во Ѓорче Петров, на 20 септември ќе биде одбележан и патрониот празник на општината“, се наведува во соопштението.

Понатаму се додава дека дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов се познати македонски музички бендови и изведувачи, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер-перформанси, како и презентација на храна и пијалаци од локални производители.

концерти

Концертна промоција на новиот албум на „Фолтин“ на 25 мај во Скопје

Објавено пред

„Фолтин“ на 25 мај во клубот Кабрио во Скопје ќе го промовира новиот албум МОМОМА. Настанот е закажан за 21 часот.

Писателот Дејан Трајкоски за албумот напиша:

„МОМÓМА е најзрелиот албум на Фолтин. Музички клуч под дипле. Со кој влегувате којзнае каде.
Благо џезиран. Бескрајно љубовен. И, замислете, пријатно поинаков од сѐ претходно, а препознатливо фолтиновски.
МОМÓМА е како Шпато да седнал со “Бич Бојс”, па отсвириле пет-шест ствари. Онака, како од шега, ама пресериозно. И тоа од таа нивна чудесна „Pet sounds“
фаза. Кога правиш нешто сосема поинакво од очекуваното и ги збунуваш сите до радост.
МОМÓМА е и „Скопје фест“, оној од седумдесеттите, од Оџаклиевска, Хаџиманов,
Спирова, Панчетовиќ, Биг-бендот… но со Фолтин, место сите нив заедно. Албумот нè гали и со влијанијата од Херби Хенкок – од “Thrust”, на пример,
управувани од бојата на неговиот вселенски синтисајзер.
Во песната „Ми се води љубов“ можеби можете да го препознаете и Том Вејтс, како да влегол во романтична џез фаза, па пее пригушено низ мегафонот од “Chocolate Jesus”. А потоа од некаде излегува и Боуви, со онаа негова проклето прекрасна насмевка.
А текстовите? Тие се такви какви што ги очекувате – безмилосно нежни и силни. „МОМÓМА“ е оној момент којшто не сакате да заврши. Во ноќта кога, рече, може
само да ме сонуваш. Кога ви се води љубов. Малку неморално. Раскошно и блудно”.

Цената на билетите ќе изнесува 400 денари во предпродажба и 500 денари на врата на денот на концертот, билетите може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Прикажи повеќе...

Култура

Танчери од Кина ќе го затворат 15. „Танц Фест“ во Скопје

Објавено пред

Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Танц Фест“ ќе биде затворено утре, 23 април, со почеток во 20 часот. Големата сцена на Македонскиот народен театар и македонската публика ќе бидат домаќини на претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.

Во претставата учествуваат петнаесет млади танчери од Кина, кореографијата е со потпис на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, додека костимите се на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за Инкубатор младите уметници кои годинава во голем број учествуваа во програмата, преку три уметнички категории, музика, современ танц и визуелни уметности.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата за 18. ОФФ-фест

Објавено пред

Традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи во рекордни шест дена од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм.

Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, со концертна премиера на својот исклучително интересен и вреден материјал, во придружба на неговите најблиски музички соработници од првата лига на њујоршката џез сцена.

На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм „Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Bassekou Kouyate и неговиот бенд Ngoni Ba, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум „Miri”.

Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни, во МОБ, со настапот на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФ-Фест, атрактивната африканска дива Fatoumata Diawara.

Во рамките на т.н. Balkan Fever Night, на 6 јуни во МКЦ, ќе се „судрат“ две големи балкански world-music атракции: неприкосновените претставници на „унгарската тамбурица“ Sondorgo и струмичкиот „фанки тигар“ Џамбо Агушев со неговиот многуброен, експлозивен и светски популарен дувачки оркестар.

Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ фасцинантниот аудио-визуелен перформанс на либанскиот одговор на Gotan Project – групата Love And Revenge и фуриозната електро-психоделична cumbia на Колумбијците Romperayo.

Фестивалот ќе финишира на 8 јуни, во клубот Епицентар, со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од Massive Attack.

Влезниците за ОФФ-Фест 2019 ќе бидат пуштени во продажба на 23 април (вторник), а информацијата за цените и продажните места ќе биде објавена дополнително.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ31 минута

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 20192 часа

Пендаровски во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од ДИК

Стево Пендаровски е во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки...

Избори 20192 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет2 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ2 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести2 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 201911 час

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 201912 часа

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 201913 часа

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 201913 часа

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Избори 201913 часа

Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

„Победивме, но целосно не ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори....

Избори 201913 часа

Силјановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Не сум човек што потонува во триумфализам, знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако ние добивме толкав број...

Избори 201914 часа

Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми, не сакаше да го коментира резултатот од изборите во однос на албанското...

Избори 201915 часа

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја...

Избори 201916 часа

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места...

Избори 201916 часа

МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под...

Избори 201917 часа

Претседателските избори со најмал одѕив досега

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските...

Избори 201917 часа

Одѕивот до 18.30 часот 39,71 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесува 39,71 проценти, односно...

Свет21 час

(Видео) Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Досие