Контакт

Култура

Оливера Николова: Она што го работиме никогаш не ќе знаеме со сигурност кои бедеми ги поставува сè додека не го пропуштиме времето да истрча пред нас

Објавено пред

Денес, кога мојата земја и мојот јазик успешно го множат своето ехо, а ние се чувствуваме срчни и полетни, зошто да не кажеме дека еве и ние вредно ја ткаеме мрежата на светот заедно со другите? Мрежата на светот како некоја земна галаксија во која сите соѕвездија светат еднакво за секого. Дека се трудиме да веруваме оти е тоа така и дека мора да биде така. Нели веќе без страв го исправаме своето пред плимата на туѓото? Зошто да не го кажеме тоа? Дека ни било земано недозволено и дека и самите сме земале недозволено, дека сме давале и ни давале и дека сите подрачја вон уметничкото секогаш ни се чинеле банални и обични, а дека вистинската смисла на патетичното, вистинската смисла на драматичното за нас не била да им ја дадеме нивната фотографска вредност, туку нивното највисоко духовно значење, рече Оливера Николова синоќа во своето видеообраќање по повод врачувањето на наградата „Прозарт“, што ѝ ја додели интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи им се на писателите и велејќи дека сигурно ќе ја разберат за што зборува, Николова додаде дека „никогаш не ќе знаат со сигурност кои бедеми ги поставува она што го работат сè додека не го пропуштат времето да истрча пред нив и да им мавта од иднината за повикување“. Затоа само ги поздрави жалејќи што не е во состојба да го направи тоа во живо, како што рече, „со понизноста за која обично сите гласаме, а која, всушност, го издига во триумф знамето на посветеноста, мечтите и разумот“.

Секој од авторите гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даутпашиниот амам синоќа читаа писателите: Дамир Каракаш од Хрватска, Броња Жакељ од Словенија, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли и поетот Пијан Славеј. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на програмата „Скопје fellowship“. Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими прочита извадок од неговиот роман „Враќањето на козите“, кој тој го прочита на своето гостување на фестивалот во 2016 година.

Фестивалот го затвори неговиот основач Дејан Трајкоски, кој напомена две работи, кои сведочат како доказ зошто ваквите фестивали и манифестации треба да постојат и рече:
„Првата работа му се случи вчера на Владислав Бајац кога се сретна со жена со која се сретнал пред 20 години која му кажа дека читањето на неговата ‘Книга за бамбусот’ и романот ‘Друидот од Синдидун’ ѝ го смениле животот. Втората е писмото што на еден од нашите лауреати Георги Господинов му го пратила повозрасна жена од болница, а меѓу другото, во писмото пишувало „ве читав и почувствував дека уште ми се живее“.

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, вечерва, во 20 часот, во Кинотеката во Скопје, ќе биде прикажан филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на „ПРО-ЗА Балкан“. Пред проекцијата ќе разговораат Петар Арсовски, Александар Прокопиев и Рајко Грлиќ.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медија“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Францускиот институт во Скопје, Кинотеката, Национална галерија, СПОНА.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Лена и Владимир“ на Игор Алексов вечерва на свеченото затворање на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Дебитанскиот филм на Игор Алексов, приказната за двајцата бегалци Лена и Владимир, раскажана во сценариото на Александар Русјаков, ќе го затвори годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

На денешната прес конференција беше претставена екипата од филмот.

-Снимањето се одвиваше во 2018 година, но се случи една бура и го уништи речиси целиот сет и дел од сретствата што беа планирани за постпродукција се префрлија таму. Потоа проектот застана во постпродукција, имавме една пауза година и половина кога не се правеше ништо, но потоа најдовме копродуцент од Србија и така успеавме да го завршиме филмот како што сакавме, раскажа режисерот Игор Алексов.

Продуцентот Дејан Илиев рече дека да не била екипата која помогнала да се надминат сите тешкотии немало да успеат.
Душан Кардалевски е кинематографер на филмот. Тој проговори за боите во филмот, како течело снимањето… Се потсети дека Алек Русјаков му подарил книга, која откако ја прочитал посакал да сними филм за истата и кога добил покана за навистина да го направи тоа и го добил сценариото за филмот не можел да поверува дека му се остварила желбата.

-Бидејќи ова не е класична приказна, туку повеќе е фантазија, повеќе е бајковита приказна одлучив да снимам со Ари Алекса камера. Сакавме да ги одвоиме двата света на Лена и Владимир. Во светот на Лена користев многу остри објективи без никаква филтрација, сакав тоа да биде што постудено бидејќи нејзиниот живот беше таков. За разлика од неа, во прикажувањето на другиот свет користев потопли тонови. Таму боите се помеки и користев специјална филтрација, објасни Кардалевски.

Александар Русјаков е автор на сценариото за филмот и тој упати честитки за кинематограферот. Раскажа дека „Лена и Владимир“ е одамна напишана приказна и дека не било класично сценарио бидејќи содржело многу книжевни елементи.

-Го напишав пред 25 години, тукушто имав завршено филмска режија и не гледав начин како тој филм може да се изведе. Но, сега во разговор со Игор напишаното се преточи во вистинско сценарио. Тоа е едно поинакво читање на бајката, која воопшто не се држи до приказната затоа што јас сакам да си играм со формите. Овој пат сакав да напишам приказна која е инспирирана од бајка, но нема врска со бајката и се случува денеска. Многу се израдував кога Игор ми рече дека му се допаѓа сценариото и пресреќен сум што на филмот работеше Душан Кардалевски за кого сметам дека е најдобар кинематографер, рече Русјаков.

Монтажерот на филмот подвлече дека монтажата на филмот воопшто не била исцрпувачка како што знае да биде најчесто, бидејќи целата екипа на сетаот одработила одлично така што не морал да влегува при монтажата во т.н. темни лавиринти за да го спасува филмот како што најчесто се случува.

-Иако, јас лично сметам дека добро напишано сценарио и добро режиран филм е база за одличен производ, односно дека добра монтажа не може да спаси филм. Главното изразно сретство кај секој филм, па и кај овој е актерската игра и јас сум благодарен на секој актер затоа што едноставно можев да креирам.

Филмот раскажува за два лика- тој ја изгубил љубовта, осуден на осаменост, таа, како сираче, силувана, малтретирана- двајцата доживуваат пролет во еден студен јануари и се вљубуваат во животот.

Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска, а споредните улоги: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски, Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.

-Се е посебно, соработката, сценариото, режијата, анализите, пробите…Ова беше многу посебен процес кој верувам дека секој актер би посакал да има ваков проект во животот. Разликата да се работи на нискобуџетен филм кај нас и во странство е во магијата. Ние сме мајстори исто толку колку што се мајстори и во Америка само цифрата што го одредува буџетот е разликата, но не и магијата. На масава седам со мајстори кои донесуваат магија која прави волшебства во секој проект во кој што работат, рече Тони Наумовски.
За Дениз Абдула особен впечаток оставило темелното работење со режисерот, им дал слобода на сите сектори и можеле слободно да креираат и да го дадет најдоброто од себе.

За улогата на Лена, Сара Климоска во 2021 беше избрана за една од десетте млади и надежни актери во Европа, „European Shooting Stars 2021“, со зборовите: Со очи кои навистина служат како прозорец кон нејзината душа, изведбата на Сара Климоска е истовремено шармантна и разиграна, жестока и разорна. Откровение во вистинска смисла на зборот, со емотивна длабочина што ги демантира нејзините години, таа не привлекува во животот на нејзиниот отпадник со шарм и леснотија што јасно го покажува нејзиниот ѕвезден потенцијал.

-Овој филм можеби доаѓа подоцна во мојата кариера, но беше прекрасно искуство. Актерите како што добиваат повеќе искуства, така почнуваат да рационализираат за тоа како треба да се игра и кој е пристапот. Прекрасна база беше ликот на Лена, Алек е темелен и нуди варијанти за да се одигра. Исто така соработката со Тони Наумовски беше драгоцена и сите останати атери, ми помогнаа и направија да се чувствувам поудобно на снимањето, рече Климоска.

Продукција е на „Минд продукција – Скопје“, продуценти се Дејан Илиев и Илија Циривири, музиката е на Дарко Спасовски, кинематографер Душан Кардалевски, костими- Раде Василев, сценографија Александра Петкова и Влатко Христов, кастинг Катерина Грубач, продукција Влатко Зафирковски.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на уметникот Митко Панов во „Мала станица“

Објавено пред

Во „Мала станица“, на 5 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложбата на Митко Панов, концептуален, мултидисциплинарен уметник. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на отворањето на проектот со наслов „Наместо вовед“. Изложбата ќе биде поставена до 29 октомври.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност, концептот е приказ на творештвото, каде што авторот е визуелен раскажувач.

Митко Панов е посветен на своето творештво во истражувањето нови изразни форми, каде што прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на светот што го опкружува преплетено со неговата имагинација создава ликовен свет во кој се обликуваат визуелните претстави.

Панов ја вткајува реалноста како инспирација во својата специфична творечка експресија. За него, реалноста е простор за преиспитување на емоционалното присуство на човекот и потрагата на лична вистина и суштина на постоењето. Во неговиот ликовен универзум реалноста е пренесена преку сопственото искуство, сфаќање и чувствување за светот, сопственото битисување во него создавајќи личен императив за еден друг реалитет, каде што не ги менува фактите на реалноста, туку го менува начинот на размислување во однос на стварноста. Перцепцијата преку окото на уметникот создава внатрешен свет, кој преку естетизираната визуелност станува слика што го отсликува домот на уметникот, т.е. неговата лична архива и опстојување.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши третиот Скопски поетски фестивал

Објавено пред

Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Претходно, се одржа и интернационалното поетско читање, на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија).

Настаните од фестивалот се одвиваа на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар – Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“, а настапија шест поети од странство и повеќе од 60 домашни поети пред публика од вкупно околу петстотини присутни.

Во програмата на фестивалот се одржаа неколку поетски читања, промоции на книги, изложба на фотографии, беа прикажани неколку поетски филмови, се одржа мастер-клас, односно работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.

Прикажи повеќе...

Најново

Билтен22 минути

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над...

Македонија35 минути

Ристески: 200 студенти на само ден пред почетокот на академската година без сместување во студентски

Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се...

Економија59 минути

Затворени се 10 маркети кои не ги намалиле цените, тој што ќе го повтори прекршокот ќе биде затворен подолго, вели директорот на пазарна

Државниот пазарен инспекторат затвори 10 маркети во Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Кавадарци, Тетово и Струга, информира директорот на Државниот пазарен...

Економија1 час

Небезбедниот јогурт е вратен во Србија, ако Трипуновски не верува, нека го бара низ маркети, рече директорот на Агенцијата за храна

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски ги отфрли и последните тврдења на Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека протеински...

Топ3 часа

(Детално) Во пластично шише наполнила бензин и го запалила станот: мајката на убиецот во Хром сакала да ги скрие трагите од убиството

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во...

Топ3 часа

Нов протест за скандалот на онкологија, утре во 18 часот пред Владата

Утре во 18 часот пред Владата повторно ќе се одржи протест за скандалот на клиниката за онкологија. „Ние бараме задоволување...

Економија3 часа

Утре започнува исплатата на пензиите, зголемени се за 5,3%

Исплатата на зголемените пензии започнува утре. Пензионерите ќе добијат процентуално покачување од 5,3%. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија,...

ФОТО:Маја Јаневска Илиева ФОТО:Маја Јаневска Илиева
Македонија4 часа

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Со повеќе од 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 9. издание на Виз Ер Скопски маратон. Покрај маратонската...

Свет5 часа

(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад...

Македонија6 часа

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Економија6 часа

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

За прв пат граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот...

Регион6 часа

Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани...

Топ6 часа

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им...

Регион6 часа

Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за...

Регион21 час

Тензиите растат: борбени возила на српската армија во околината на Прокупље, се упатуваат кон внатрешноста на централна Србија

Колона борбени возила на Војската на Србија денеска повторно е забележана, овојпат во околината на Прокупље. Репортерите на српски Курир...

Регион22 часа

(Фото) Проценките достигнаа 5 милијарди евра: Грција ги сумира штетите од разорните поплави

Во Грција се сумираат штетите од разорните поплави што го погодија централниот дел на земјата поради невремето Даниел на почетокот...

Македонија23 часа

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата,...

Македонија23 часа

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата. „Апсолутно не е соодветно ниту...

Економија1 ден

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во...