Контакт

Култура

Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови

Објавено пред

По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.

dobivaj vesti na viber

Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.

Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.

Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk

Култура

„Некој ме гледа романтично“ – љубовен концерт на Македонската филхармонија

Објавено пред

„Некој ме гледа романтично“ е насловен традиционален љубовен концерт кој ќе се одрќи в четврток, со почеток во 20 часот. На програмата е „Балет за Марта“ од балетот „Пролет на Апалачите“ од Арон Копланд, Три танцови епизоди од балетот „Од градот“ од Леонард Бернштајн и арии од љубовната опера „Порги и Бес“ за сопран, баритон, хор и оркестар од Џорџ Гершвин. Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а како солисти ќе настапат сопранистката Бети Гарсес (Колумбија) и бас баритонот Кевин Шорт (САД). Ќе настапи и хорот „Про Арс“ кој го подготви маестро Сашо Татарчевски.

dobivaj vesti na viber

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрирал во Израел, каде што дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски бил избран од страна на славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“. Тогаш ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел. По турнејата во поранешниот Советски Сојуз (СССР), која за него била значајна во кариерата, во 1991 година станал уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар прераснал во еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Жанеиро, со кој остварувал турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедеа. Во тој период, Шаровски го формирал Младинскиот симфониски оркестар на Бразил, кој станал еден од најпознатите ансамбли во земјата. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф диригент на Македонската филхармонија.

Извонредната Бети Гарсес Бедоја моментално се смета за една од најистакнатите колумбиски сопранистки. Родена e во Буенавентура, на бреговите на колумбискиот Пацифик, и таа е првата Афроколумбијка којашто изградила растечка кариера како лирски сопран. Дел е од колективното движење „Opera for Peace“. Во 2021 година беше почестена со високо уметничко признание за културен придонес од претседателот на Колумбија и Министерството за култура. Таа беше дел од листата „Forbes Creative 2020“ и неодамна ја доби специјалната стипендија за престој на нов уметник во подем, доделена од „RWLE Möller Stiftung“ во Германија. Бети Гарсес настапува во значајни оперски продукции, активно одржува концерти и рецитали ширум светот. Магистрирала на Универзитетот за музика во Келн, специјализирајќи се за опера, со фокус и на ораториум, симфониски репертоар и камерна музика. Нејзиниот оперски репертоар вклучува бројни улоги како Аријадна во „Аријадна од Наксос“, Амелија во „Симон Боканегра“ или Леонора во „Моќта на судбината“. Исто така, ги изведувала улогите на Мими во „Боеми“ и Лиу во „Турандот“. Во Колумбија успешно дебитира како главен лик во зарзуелата „Сесилија Валдес“ во Театро Колон во Богота. Во 2016 година, беше солистка на светската премиера на мултимедијалната опера „3 Мил Риос“ на композиторот Виктор Гама. Бети Гарсес е извонредна и страсна интерпретаторка и на соло песните и редовно одржува рецитали на најголемите сцени. Нејзиниот репертоар вклучува дела од композитори како Штраус, Корнголд, Берг, Шенберг, Малер, Шосон, Онегер, Буланже, Бритн, Гинастера, де Фаља, Рахмањинов.

Американскиот бас-баритон Кевин Шорт, кој во 2021 година се приклучува на наставниот кадар на престижната школа „Џулијард“, настапува низ целиот свет во репертоар што опфаќа дела од Моцарт, Монтеверди, Верди, Бизе, Вагнер… Неговите настапи во Северна Америка вклучуваат изведби со операта „Метрополитен“, Њујоршката оперска компанија, оперите во Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес, Вашингтон, Сиетл, Филаделфија…, но и неговите европски и азиски достигнувања вклучуваат настапи со повеќе оперски куќи, оркестри и фестивали, во Париз, Велс, Келн, Дрезден, Берн, Катанија, Финска, Австрија, Шпанија… Шорт исто така има активен концертен и рецитален распоред, настапувајќи со бројни оркестри во светот. Своето образование го стекнал на Универзитетот Морган, институтот за музика Кертис и Американскиот оперски центар на „Џулијард“. Добитник е на бројни награди и признанија. Неговиот соло ЦД-албум „Mephistopheles and Other Bad Guy“ за „Пентатон“, беше прогласен за еден од извонредните класични записи во 2018 година од WQXR.

Прикажи повеќе...

Култура

„Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Објавено пред

На 14 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Зоран Сотиров, во улогата на Шарплес, Марјан Јованоски, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Пучини вешто ги спојува елементите на западната и источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател.

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Прикажи повеќе...

Култура

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје

Објавено пред

После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко Стефановски, познатиот виртуоз на гитара, со концерт со пријателите ќе го заокружи и одбележи 50-годишниот јубилеј на кариерата на 9 мај со почеток во 20.00 часот, во Македонската Филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Концертот ќе биде пресек на неговата долга и успешна музичка кариера, почнувајќи од „Леб и сол“ до неговата соло кариера. Феноменалните изведби на Влатко ќе бидат надополнети со познати гости. Публиката ќе ужива во спој на инструментален рок, етно-џез, блуз и македонска традиционална музика.

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Македонија, каде што ја започнал својата музичка кариера како млад гитарист. Првиот значаен успех го постигнал како член на култната група „Леб и сол“, која беше пионер во комбинирање на традиционалната македонска музика со модерен рок звук. Преку работата со „Леб и сол“, Стефановски стана препознатлив по неговата извонредна техника на гитара и креативен пристап кон музиката.

По распадот на групата „Леб и сол“, Влатко се посвети на самостојна кариера и објави бројни албуми кои го одразуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, истражувајќи области како џез, блуз, етно-музика и акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз.

Наградуван и признат, Влатко Стефановски е добитник на македонската државна награда за животно дело во културата и уметноста „11 Октомври“. Покрај тоа, тој доби почесен докторат по уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потврдувајќи го неговиот значаен придонес на светската музичка сцена. Неговата страст кон музиката не само што ја обликуваше неговата кариера, туку остави и траен белег во музичкото наследство на регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за...

Македонија6 минути

Таравари: Немам информација од Токсикологија за труење со парацетамол поради предизвик

Министерот за здравство, Арбен Таравари нема информации од Клиниката за токсикологија за труење на млади пациенти поради опасниот предизвик со...

Македонија2 часа

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 часа

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија3 часа

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...

Македонија4 часа

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири сè додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на...

Свет5 часа

Ослободениот израелски заложник не знаел дека Хамас ги убил неговата сопруга и ќерките

Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во...

Свет5 часа

Трамп вели дека разговарал со Путин; Реагира Кремљ, ги објави условите за преговори

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако...

Свет5 часа

„Тие изгледаат како преживеани од холокаустот“, реагира Трамп на фотографиите на тројцата ослободени израелски заложници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас откако...

Европа5 часа

Макрон: Ќе инвестираме 109 милијарди евра во вештачка интелигенција во Франција

Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот...

Свет14 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија17 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија17 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија22 часа

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија22 часа

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ24 часа

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија1 ден

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ1 ден

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...

Македонија1 ден

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено...