Контакт

Изложби

„Остен биенале на цртеж“ – изложба на Марија Павловска

Објавено пред

„Остен“ почна со претставување на уметниците учесници на годинешното „Остен биенале на цртеж Скопје 2022“ со проектот на Марија Павловска „Г-ѓа и г-ца Х“.

dobivaj vesti na viber

Денеска во галеријата „Остен“ беше претставен мултимедијалниот проект „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската и интернационална уметница.

Проектот се состои од изложба на полиптих од 32 дигитални дела (50 х 50 см, секое) и видео како составен дел од изложбата.

Истовремено, од страна на „Остен“ беше изготвена графичка мапа од 12 избрани дела од проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ во едиција од 5 копии и со нивното потпишување уметницата Павловска стана дел од групата на интернационални уметници чии графички мапи ја сочинуваат единствената библиотека на графички мапи „Светско културно наследство“ во издание на „Остен Скопје“.

Циклусот на Павловска од 32 дигитални дела и видео, наречен „Г-ѓа и г-ца Х“, е ехо на исклучително силната женска енергија на авторката, која ја претставува повеќеслојната комплексна природа на женскиот елемент – од жената како мајката Земја до жената г-ѓа и г-ца Х како рамноправен субјект на современото општество со комплетно задржани атрибути на женственост.

Три елементи доминираат во оваа серија – жицата, кругот и ѕидот.

Жицата – како симбол на нескршливост, која добива форма на безброј кругови, правилни и неправилни (симбол на безброј одлуки во животот на жената), но секогаш совршени (како кругот), како и нивните рефлексии (сенки) врз белата површина од ѕидот – континуираните пречки и предизвици во животот на секоја жена.

Видеото (кое е дел од изложбата) со звукот и подвижните слики – само визуелно го надополнува моментот на повеќедимензионалнот и комплексност на жената и нејзината трансформација. Моментот на трансформација во овој проект има универзално значење зашто еднакво важи за трансформацијата на жената во текот на нејзиниот живот во оваа земна димензија како и за трансформацијата на жената во текот на целата историја на човештвото.

Уметничко патување на Павловска почнува уште од рана возраст. Родена е во Скопје, Македонија (Југославија), по студиите почнала резиденција и имала самостојни изложби во Париз, Берлин, Словенија, Виена, Белград, Загреб, Сараево, Нирнберг (Германија) и во Њујорк. По нејзиното прво соло во Њујорк во 2007 година, таа живее во Њујорк и продолжи да биде активна на њујоршката уметничка сцена и на меѓународно ниво. Нејзини дела се претставени во целиот свет на над 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни изложби. Нејзините уметнички дела се претставени во многу списанија, написи во весници и каталози на музеи и галерии во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Продажна уметничка изложба „Времеплов“ на Кате Биновска

Објавено пред

Утре, од 16 до 20 часот, Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС ги отвора вратите на својот дом (центарот) за културните дејци, каде што преку афирмација, изложба и продажба на нивните дела би обезбедиле средства за одржливост на центарот.

dobivaj vesti na viber

„Ги отвораме вратите за поддржувачи на култура, поддржувачи на заедницата, емпати, луѓе што веруваат во заедничко подобро утре. Со збогатување и развој на активностите во центарот ќе се даде поквалитетна помош за ресоцијализација и рехабилитација на луѓето што употребуваат дроги и нивните семејства, стекнување поголема доверба кај нив, како и придонес кон самоодржливоста на центарот“.

Првата уметница што ќе ја има честа да има своја продажна ретроспективна изложба „Времеплов“ е Кате Биновска. Родена е 1984 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, отсек графика и графички дизајн.

Таа зела учество на повеќе изложби, меѓу кои изложбата GraphICON во Отвореното графичко ликовно студио на Музејот на Град Скопје во декември 2008 година, со својата графика „Спротивно од одразот“. Графиката со име „Филм“ во техника акватинта била избрана да биде дел од изложбата организирана од Друштвото на ликовните уметности на РС Македонија, во Музејот на Домот на АРМ во Скопје. Истата таа 2009 година во ноември, на изложбата за минијатура во Музејот на АРМ, го освојува второто место со графиката „Г“, техника линорез.

Кате била дел од проектот за оживување на Старата чаршија во Скопје“ – „Филигран и рачно изработени теписи“, воден од германскиот проф. Ханс Херприхт. Стажирала во Музејот на уметностите во Нимберг, Германија, помагајќи при организирање изложби, како и дизајнирање и изработка на рачно изработен накит од сребро.

Во Амбасадата на РС Македонија во Виена во 2017 година, по иницијатива на невладината организација Kultur Ohne Grenzen, била одржана првата самостојна изложба на Кате. Истата година во Варшава, Полска, биле одржани уште две изложби, од кои едната била поддржана од Амбасадата на Република Северна Македонија во Полска.

Девет години живеела и работела во Полска, каде што има направено неколку мурали и неколку дигитални решенија за двете најголеми банки во Полска (Bank Zachodni, Santander Bank). Моментно живее во Македонија и се занимава со рачно цртање дизајни на текстил и со графички дизајн.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворање на изложбата „Гозби за живите, предците, боговите и светците“

Објавено пред

Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите со поставување на изложбата „Гозби за живите, предците, боговите и светците“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе биде отворена в среда, 18 мај, во 12:00 часот и влезот за посета на музејските поставки ќе биде слободен до недела, 22 мај 2022 година.

Гозбите претставуваат посебни оброци по својата природа, како и по количината на храната којашто се дели меѓу поширок круг на луѓе. Тие се повод не само за јадење и разговор, туку и за музички изведби, свечени говори, молитви и жртви, политички мотивирани собири и трговии. Гозбите се сеприсутни низ човековата историја, но археологијата не може јасно да ги дефинира. Оттаму, сознанијата за нив ги бараме во етнографските записи, особено за темите како што се ритуалот, церемонијалната размена и жртвувањето. Така преку денешните ритуали и прослави забележани во нашата традиција, добиваме целосната слика која зборува за многу традиции кои водат потекло длабоко во минатото. Оваа изложба е еден семиотички пристап каде преку јадењето и пиењето, како особено моќни медиуми, се опфаќа човековиот живот, неговото битисување во општеството, верувањата и обичаите.

Изложбата обработува четири теми, преку кои се раскажува приказната за гозбите. Преку прослави кои се врзани за секојдневниот живот на луѓето и ги одбележуваат нивните важни моменти, свадби и крштевки, но и поводи за подготвување на заеднички гозби, како принесување крвни жртви, курбани, погреби и помени. Со тоа се затвора дел од циклусот на животот на човекот. Овој наратив се следи преку повеќе медиуми како музејски предмети, уметнички и документарни фотографии и документарни филмови.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2022“ во Куманово

Објавено пред

Овој четврток (19 мај 2022 година) во Куманово, со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово ќе биде отворенa клупска изложба на фотографија „Мајски салон 2022“. Изложбата е во организација на фото-кино клубот „Козјак” – Куманово и ќе содржи 44 фотографии на членовите на клубот. Покровители на изложбата се градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Народна техника и НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, a истата е под патронат на Фотосојуз на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Уметноста е продукт на културата, таа е вид на естетска комуникација помеѓу авторот и публиката, а нејзина главна цел е презентација на едно субјективно видување на постоењето. Пораката на уметничкото дело може да биде насликана, напишана, извајана, отсвирена, а може и да биде заробена во еден единствен момент фатен со скаменетото око на фотоапаратот.

Фотографијата истовремено е уметност, наука и практика, која ја има таа моќ да раскажува приказни преку боите, мигновените изрази на лицето и телото, пејзажите, движењата и емоциите фотографирани и ставени во рамка. Иако строго визуелна по дефиниција, нејзината порака се чита со сите сетила и допира до секоја емоција.

Една ваква уметничка презентација на светот гледан низ објектив, претставува и овогодишната клупска изложба на Фото-кино клубот „Козјак“, „Мајски салон 2022“. Публиката ќе има можност да види четириесетина фотографии, мигови од реалноста, специфичен вид на сведоштва за она што, низ уметничката перспектива на нашите членови, значи да се биде ОВДЕ и СЕГА. Оваа изложба има за цел да го презентира и надополни естетскиот сенс за уметничката фотографија, кој го гради нашиот клуб веќе половина век. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која ѝ пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК Козјак.

Изложбата ќе биде поставена до 1.6.2022 год.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија2 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија3 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија4 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија4 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија6 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет6 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија7 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ7 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет7 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет7 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет8 часа

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет8 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет8 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет8 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа20 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ1 ден

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија1 ден

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...