Контакт

Изложби

„Отаде црнилото“ – изложба на Велимир Жерновски

Објавено пред

На 1 јуни со почеток во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба со наслов „Отаде црнилото“ (Beyond the blackness) на македонскиот уметник Велимир Жерновски.

Преку инспиративното патување низ космичкиот наратив посетителите ќе имаат можност да го погледнат светот од поинаков агол. Да навлезат во нови светови, отворени за излез од претпоставената безизлезност. Пораката за можните иднини се пренесува низ просторни инсталации од светло, објекти и видеопродукција. Инспириран од популарните слики на НАСА (Националната астрономска и вселенска администрација) и ЕСА (Европската вселенска агенција) Контрастот се гради преку серија видеопродукции од пејзажи на нашата планета и осамени космонаути во вселената со минималистички естетски пристап. Овој проект го отсликува меланхоличниот пат на човековата интеракција со природата. Вонземската атмосфера ќе ве инспирира да погледнете отаде црнилото.

На изложбата ќе бидат претставени 3D испечатени скулптури изработени од биоразградлив и биоактивен термопластичен материјал, добиен од обновливи билошки извори.

„Изложбата на Велимир Жерновски е критика на монструозната логика на капиталот. Алармира за неизвесноста на нашата иднина, за можноста неповратно да ја загубиме својата природна и симболичка средина и да се сведеме на празна обвивка, на тело без супстанцијална содржина. Неговата видеоинсталација е визија на едно такво тело, тело редуцирано само на својата основна функција: дишењето. Но, Жерновски во исто време си „поигрува“ и со научната претпоставка на Стивен Хокинг дека „црните дупки не се така црни“ дека тие, и покрај тоа што создаваат огромна гравитација на којашто ништо не може да ѝ избега, па дури ни светлината, сепак, можат да послужат и како премин кон некој друг универзум“, се вели во текстот на кураторката на изложбата, Љиљана Неделковска

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура на РМ, Еуролинк осигурување, Jameson Whiskey и Винаријата „Езимит“.

На отворањето музички сет ќе има Соња Исмаил.

Велимир Жерновски работи цртежи, видеа, инсталации, интервенции во јавен простор и сценографии преку кои ги истражува поимите поврзани со популарната култура. Жерновски досега има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија, Европа и САД.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Кина во моите очи“ – изложба по повод 70 години од основањето на НР Кина

Објавено пред

Во Заводот и музеј во Битола од синоќа па во наредните седум дена е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Заменик-градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна Костурски.

Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во Амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата ‘Еден појас, еден пат’, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на заемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.

Настанот, кој го организираа Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ претставена во музеј во Солун

Објавено пред

„Сè што ни е заедничко“ е основното мото во делата на 14 уметници од Југоисточна Европа во рамки на изложбата организирана од Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе се отвори в среда, 17 јули, во 20:00 часот во Момус – експериментален центар за уметност во Солун.

Изложбата ја испитува несигурноста во различните социјални, политички и културни контексти поврзани со ранливоста и егзистенцијалната непредвидливост во земјите од Југоисточна Европа.

Видео, сликарство, фотографија и инсталации се медиумите кои се користат за да се подигне свеста за општата опасност и да нè натера да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели.

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова од Музејот на современата уметност – Скопје.

Во изложбата се претставени делата на уметниците Ана Адамовиќ (Србија), Лучезар Бојаџиев (Бугарија), Флака Халити и Албан Муја (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу и Антонис Питас (Грција), Рената Полјак (Хрватска), Анри Сала (Албанија / Франција), Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски (Северна Македонија).

Изложбата „Сè што ни е заедничко” е соработка помеѓу двата музеи како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот, Европа и пошироко. Музејот на современа уметност во Скопје на крајот од септември 2019 година ќе биде домаќин на изложба на дела од колекцијата од Музејот на современата уметност Момус од Солун.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 септември 2019.

Изложбата е финансиски подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и „Еуролинк осигурување“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена изложбата „Великата Степа: историја и култура“

Објавено пред

Во присуство на голем број гости и посетители, вчера во Археолошкиот музеј свечено беше отворена изложбата „Великата Степа: историја и култура“, која се реализира во рамките на проектот „Патувањето на Златниот човек низ музеите во светот“.

Изложбата за отворена ја прогласи министерот за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека оваа изложба на Националниот музеј на Република Казахстан, од Нур Султан, ќе ни ја доближи земјата што ја живее својата цивилизациска сегашност врз темелите на сопственото богато минато.

„Пред нас се артефактите што ни ги илустрираат историските секвенции од културното наследство на Казахстан и кои истовремено се потврда за негувањето на мултикултурниот и мултирелигискиот аспект на граѓаните кои живееле и живеат на територијата на оваа држава. Велат дека Казахстан е земја во која се соединуваат Европа и Азија. Нејзината историја, култура и културното наследство денеска се претставени преку ексклузивните раритетни предмети, како: накит, воена опрема, традиционални ракотворби, кои говорат за историското траење на оваа земја и нејзиниот културен идентитет. Особено вреден и најзначаен артефакт на оваа изложба, секако, е симболот на казахстанското културно наследство – Златниот човек или Казахстанскиот Тутанкамон од 5 век пред нашата ера, идентификуван како воин на народот Сака”, рече Исмаили.

Тој додаде дека оваа изложба, која патува низ музеите во светот, е извонредна можност македонската јавност да се запознае со историјата и културното наследство на Казахстан, кои се потврда за разновидноста и посебноста на казахстанската култура. Изложбата „Великата Степа: историја и култура“ ќе биде отворена за посетителите до 11 август.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија2 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија3 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија4 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион6 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија8 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија9 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија12 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија12 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија12 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија13 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија14 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија16 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава17 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет17 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет18 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион18 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие