Контакт

Изложби

Отворен повикот за учество на најголемиот саем на уметност во Македонија, „Ин Ситу“

Објавено пред

Меѓународниот саем на уметност„Ин Ситу“,- досега познат како „Паратисима Скопје“, за својот прв јубилеј на своето петто издание оваа година се ре-брендира, постанувајќи единствен независен саем на уметност од овој вид и размер во Македонија.

Петтото издание на саемот ќе се одржи од 13 до 15 септември во Младинскиот културен центар, Скопје.
До сега саемот брои претставување на повеќе од 450 автори учесници кои потекнуваат од 39 земји, чии дела ги проследи растечки број  посетители кој во првите две години броеше 2-3000 посетители за да прерасне кон 5-7000 посетители кон четвртото издание на саемот.

Повикот за учество во изложбената поставка за дизајн, под кураторство на Драган Христов – Лудус, ќе биде отворен до 20 јули. „Ин Ситу воспоставува комуникација помеѓу ‘локалното’ и ‘меѓународното’ по повеќе основи; пред сѐ во контекст на исклучителните и сериозни соработки вклучени во процесот на презентирање на поставките и програмата, потоа преку квалитетот на условите за изложување на независната сцена, а воедно и во однос на разновидната програма која не само што создава нова, многубројна публика и ја одржува љубопитноста туку ја пласира македонската сцена како рамноправна со меѓународната. Во улога на културен катализатор, Ин Ситу го премостува и нашиот локален јаз, обединувајќи ги различностите во изразувањето, потеклото, познанствата, возраста, академската поткрепа и сите други ‘формалности’ кои досега беа (зло)употребувани како изговор за професионална видливост и творечка препознатливост“, вели Бојана Стојменовска, организатор на саемот за уметност „Ин Ситу“.

„Ребрендирањето на саемот е почеток на ново поглавје каде што фокусот ќе биде квалитетот во понатамошниот развој на популарниот саем. Ги поканувам сите дизајнери кај нас, регионот и пошироко и ги охрабрувам да ги претстават најновите колекции, производи и прототипи пред нашата многубројна публика и да ја искористат единствената можност што ‘Ин Ситу’ ќе им ја понуди како саем со интернационален карактер, голема посетеност и награди од различен вид“, изјави Драган Христов.

Тричлено жири ќе биде селектор на учесници кои ќе бидат наградени со независни изложби, учество на меѓународни саеми надвор од Македонија и можности за професионален развој и претставување.
Овогодишната програма на саемот ќе содржи три програмски единици: уметност, дизајн и архитектура, проследени со off-програма од предавања, работилници, проекции и музички настапи во соработка со национални и меѓународни автори и организации.

 

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ од денеска ќе биде отворена галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ ќе биде отворена утре во галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Чудниот рај“ на Сашо Блажес во Скопје

Објавено пред

Денеска, во галеријата „КО-РА“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес од Охрид.

Изложбата која ќе трае до 23 ноември претставува прво претставување на авторот пред скопската публика со дела работени меѓу 2005 и 2013 година.

Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8:30 до 16:30 часот.

В петок ќе бидат изложени дела обединети под еден наслов „Чудниот рај“, дела изработени во периодот од престојот во Букурешт од 2005 до 2013 година. Делата естетски се осврнуваат на проблемите во цртежот, комбинирањето со други графички елементи, но и сликарски моменти и премрежја.

За неговото творештво кураторот на изложбата, Виолета Калиќ, кажа дека „Чудниот рај“ е можност да се допре дел од инспирацијата, која допира многуслојно опсервирање на човековата природа.

„Имаме и еден свет кој е и личен и универзален во ист момент, конгломерат на надреални собитија.Тоа е една растреперна атмосфера каде јавето и сонот се поклопуваат, глобалните проблеми и сништа сето она што едно човечко битие успева да го апсорбира во свеста и потсвеста“, вели Калиќ.

Блажес дипломирал и магистрирал на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега Блажес има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њу Јорк, Темишвар, Сараево и Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија2 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања4 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија4 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток5 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија5 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија5 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток6 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет8 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија8 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа9 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија10 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија11 час

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија11 час

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија19 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Досие