Контакт

Култура

Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил фестивал 2019“

Објавено пред

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за 10. издание. Финалната вечер ќе се одржи на 6 декември во Кинотеката на Северна Македонија кога ќе бидат прогласени победниците.

Право да се пријават имаат сите филмови снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови што ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 20 ноември 2019 година.

Филмовите можете да ги пријавите на следниот имејл [email protected]

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди: за најдобар филм „Ратка Илиевска – Лале“, за најинвентивен филм, за најоригинална приказна, за најдобра идеја и награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил фестивал“. Организатор на „Мобил фестивал“ е продуцентската куќа „КТ филм и медија“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Пред 92 години прикажан првиот цртан филм со Мики Маус

Објавено пред

Денес се навршуваат точно 92 години од првото прикажување на анимираниот цртан филм „Паробродот Вили“, кој е првиот звучен цртан филм во историјата.

Покрај тоа што претставува пресвртна точка во анимираните филмови, „Паробродот Вили“ е и првиот цртан филм на Мики Маус. „Паробродот Вили“ е краток цртан филм во режија на Волт Дизни и Уб Иверкс.

Произведен е во црно-бела боја од студиото „Волт Дизни“. Во ова остварување за првпат се појавува Мики Маус, како и неговата девојка Мини. Тоа е исто така прв филм на Дизни со синхронизиран звук, како и прво остварување со неговата оригинална музика.

Веднаш по својата премиера, „Паробродот Вили“ станал најпопуларниот цртан филм на своето време. Во 1994 година „Паробродот Вили“ е рангиран во 50-те најдобри цртани филмови на сите времиња, заземајќи го 13. место. Американскиот национален филмски регистар го карактеризираше како културолошко, историско и естетски значајно достигнување.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“ ќе се одржи следната седмица

Објавено пред

Во текот на следната седмица, поточно од 28 септември до 3 октомври, ќе се одржи Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“, кој е во заедничка продукција на НУ „Театар комедија“ и на Општина Аеродром.

,,Фестивалот на комедијата годинава се одржува малку подоцна, на поинаква локација и со малку подизменет концепт. Мора да истакнеме дека долго анализиравме дали воопшто да се одржи годинашново издание на Фестивалот или да се одложи за следната година. Сепак, одлучивме да го одржиме, но да е од ревијален карактер, со тоа што годинава ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. И локацијата на одржување на фестивалот е сменета, бидејќи така налагаат протоколите, па овој пат тој ќе се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка ‘Сонце’ во реонски центар Аеродром.

Подготовките за овогодишното издание веќе привршуваат, а програмата на фестивалот ќе биде објавена кон крајот на оваа седмица. Целата органзација и реализација се одвиваат во рамките на протоколите кои се одобрени од страна на Комисијата за заразни болести за организација на настани на отворено. Ќе бидат запазени сите мерки за безбедно следење на фестивалот од публиката, како и за безбедноста на сите учесници. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, столчињата на кои ќе седи публиката ќе бидат распоредени на соодветно растојание, а ќе бидат спроведени и сите други мерки кои се во согласност со протоколите за одржување настани на отворено. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публика ќе бидат отворени од 19 часот. Како што споменавме, во текот на оваа седмица ќе ја објавиме целосната програма на фестивалот, како и протоколот“ – истакнуваат од управата на „Театар комедија“.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечерва и утре „Тивко кино“ на „Синедејс“ со проекции на 4 филма

Објавено пред

Mеѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ за првпат годинава овозможува „Тивко кино“ (Silent cinema) на два кинопростора.

Проекции ќе има денеска и утре на локациите на кината „Напредок“ и „Маџари“.

„Во густо населените средини, со цел да не им пречи на граѓаните кои живеат во непосредна близина, ‘Синедејс’ ја покрена иницијативата ‘Тивко кино’. При проекција на филмовите не се создава бучава, секој ќе има можност звукот да го слуша на слушалки, и да има многу лично доживување на содржината“, вели Маргарита Арсова, координаторка на фестивалот.

На репертоарот се четири филма од програмата Синедејс ретро. Проекциите на филмовите и користењето на реквизитите (слушалките) е согласно протоколите за одржување на настани на отворено.

КИНО НАПРЕДОК

20:00 ХЕРБЕРТ
режија: Томас Стубер

Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт, ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сé поочигледни. Херберт конечно оди на прегледи кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.

22:00 МУСТАНГ

режија: Дениз Рамзе Ергувен

Доаѓа лето. Во едно село во северна Турција, Лале и нејзините четири сестри се враќаат дома од училиште и патем невино си поигруваат со неколку момчиња. Неморалот на нивната игра доведува до скандал со неочекувани последици. Семејниот дом полека се претвора во затвор. Училиштето е заменето со домашно школување, а почнуваат да се договараат и бракови. Петте сестри што ја делат истата страст за слобода, наоѓаат начин да ги заобиколат наметнатите ограничувања.

КИНО МАЏАРИ

20:00 ТИЛВА РОШ
режија: Никола Лезаиќ

Бор, Србија, некогаш најголемиот рудник за бакар, сега само најголема дупка во Европа. Се случуваат мали работнички протести, Тода и Стефан се најдобри другари, скејтери, кои го поминуваат првото лето по завршување на средното училиште. Стефан наесен ќе оди на факултет во Белград. Тода вели дека не би се запишал на факултет дури и да има пари. Времето го помунуваат во снимање видеа во стилот на „Џекес“ и дружење со Дуња, која се враќа од одмор во Франција, и полека започнуваат тивка борба за нејзиното внимание. Во тој необичен однос на пријателство во изумирање и ривалство, постојано се обидуваат да се надминат. Но, кога малиот работнички протест прераснува во огромен бунт, нивната деструктивност ќе ги врзе повторно.

22:00 СМРТ НА ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ
режија: Мирослав Момчиловиќ

Почетокот е – смртта на еден композитор. Црна комедија, која го истражува балканскиот менталитет. Камерна драма со многу хумот, одлични дијалози, необична снимателска работа. Осумдесет минути камерата е во еден агол на станот, а сé пред неа се случува со необична динамика и темпо. Во филмот се препознаваат сите лоши аспекти на Балканот, од ситните интереси, суеверието, страв од власта, лицемерието. Филм преполн со маниризам и сатира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10 честичките не работат, велат од Министрството за здрава...

Македонија1 час

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија2 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија3 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа5 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија5 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија5 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет7 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија7 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет20 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија22 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Досие