Контакт

Изложби

„Отпорност“ – изложба на фотографии од жени кои инспирираат промени

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците ширум светот.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе биде поставена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ од 25.11.2022 до 11.12.2022

Отворањето на изложбата е на 25 ноември (петок) во 20 часот.

Изложбата ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а ќе се обрати и Холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан Коп.

Во рамките на изложбата кураторката од фондацијата World Press Photo, Марика Цукровски ќе одржи предавање во Кинотеката на Северна Македонија в сабота, 26.11.2022, во 11 часот. Предавањето е наменето за сите љубители на фотографијата, а влезот е слободен.

Исто така од 21.11 – 07.12. 2022 Македонскиот центар за фотографија организира фотоработилница за документарна фотографија на тема „Човекови права” на која учествуваат 11 студенти по фотографија.

Изложбата е организирана од страна на Македонскиот центар за фотографија во партнерство со Националната галерија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.

За изложбата:

Родовата еднаквост и правдата се основно човеково право од клучно значење за поддршка на кохезијата на едно општество. Сепак, жените ширум светот се соочуваат со длабоко вкоренета нееднаквост и сè уште се недоволно застапени во политичките и економските сфери. Во 2021 година жените во светот претставуваа само 26,1% од околу 35.500 места во парламентот, само 22,6% од над 3.400 министри и 27% од сите раководни позиции. Насилството врз жените се наметнува како сериозен глобален проблем за нивното здравје и сигурност. Во просек, една од три жени ќе доживее физичка или сексуална злоупотреба во текот на својот живот.

Оваа заедничка изложба ја афирмира посветеноста на Холандија на правата на жените и родовата еднаквост и правда. Повеќе гласови, документирани од 17 фотографи од 13 различни националности, нудат увид во прашања како што се сексизмот, родовото насилство, репродуктивните права и пристапот до еднакви можности. Изборот на приказни истражува како женските и родовите прашања во 21 век еволуирале и како фоторепортерството ги менувало начините на кои тие се прикажуваат.

Наоѓајќи ја слободата во водата од Ана Бојазис, ја споделува приказната за учениците од основното училиште Киџини кои учат да пливаат и да спасуваат давеници во Индискиот Океан, во близина на плажата Мујуни, Занзибар. Традиционално, девојките од архипелагот Занзибар не се поттикнуваат да научат да пливаат, најмногу поради немање пристојни костими за капење. Во северниот дел на Занзибар, проектот Пање ги учи локалните жени и девојчиња да пливаат во обид да се намалат високите стапки на давење. Обезбедени се скромни костими за капење. Освен што проектот го предизвика патријархалниот систем, тој воспостави и одржлив циклус оспособувајќи ги ученичките да обучуваат и други.

Плач за слобода од Фору Алаеи ги документира навивачките на кои им е забранет влез на фудбалските стадиони во Иран. Во јуни 2018 година, под притисок на ФИФА, се донесе одлука со која се дозволува стадионот Азади во Техеран да прима ограничени групи на жени, но сè уште им е забрането присуството на повеќето натпревари. Ризикувајќи апсење, навивачките се маскираат во мажи за да влезат на стадионите и да се залагаат за правата на жените. Додека работела на оваа приказна, фотографката се облекла како маж за да влезе на стадион со друга навивачка.

Ветувањето од Ирина Вернинг ја следи Антонела (12), која живее во Буенос Аирес, Аргентина. Во август 2020 година Антонела вети дека ќе ја скрати својата долга коса само кога ќе може да продолжи со часовите во живо на училиште, кое беше прекинато како резултат на пандемијата Ковид-19. Антонела рече дека го нуди своето најскапоцено богатство во замена за враќање на училишниот живот. Нејзината коса беше нејзиниот идентитет. Таа рече: „Кога конечно ќе се вратам на училиште, тие ќе знаат дека сум друга личност, се чувствувам како друга личност“. Таа ја скрати косата на 25 септември 2021 година, викендот пред да се врати на наставата.

Други фотографи кои се застапени на оваа изложба се: Финбар О’Рајли, Маика Елан, Каталина Мартин-Чико, Пабло Тоско, Оливија Харис, Терел Грогинс, Џонатан Бахман, Хеба Камис, Даниел Берехулак, Робин Хамонд, Дијана Маркосијан, Јан Граруп, Магнус Венман, и Фулвио Бугани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Симфонија на бои во пентаграм“ на Дренуша Палоши во Мала станица

Објавено пред

На 15 декември во Мултимедијалниот центар Мала станица, во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Симфонија на бои во пентаграм“ на ликовната уметница Дренуша Палоши. Истата ќе биде достапна за публиката до 25 декември 2022.

dobivaj vesti na viber

Пентаграмите во сликите на Дренуша се претставени како потпорен и заштитен столб на колоритот и фракциите на добиените нијанси. Преклопувањето на боите по определен редослед создава мелодија која не е композитно комплицирана, но која визуелно се разјаснува, изразувајќи интерпретативни вештини на музикалноста и љубовта кон музиката.

Боите се како нотите. Тие се фиксни во одреден број. Она што ги прави попродуктивни гледано од креативен аспект е нивната меѓусебна комбинација. Ова е втората способност развиена на мелодичната ткаенина на сликарката. Секоја боја комбинирана на пентаграм ги претставува кодните ноти на симфонијата, што доаѓаат од пијаното, кое е главниот елемент, создавајќи рамнотежа во формирањето на мелодијата која се манифестира визуелно, која истотака може да се доживее во внатрешноста на набљудувачот давајќи му слобода да создаде индивидуален мелодичен ритам.

Играта внатре во сликите е пријатна и многу оригинална бидејќи е проследена со детска носталгија обвиена во љубов и спомени од часовите по пијано. Тие се претставуваат како невротични искри кои имитираат нервни влакна опиени од мелодијата на спомените! Секоја слика е придружена со посебен облик, воден од моменталната емоција која му дава уникатно значење!

Дренуша, се чини дека таа природно ја претставува среќната личност, харизмата исполнета со мелодии на среќата на нејзината ткаенина. Колоритот добиен со акрилна техника зборува многу, зборува за моќната енергија што ја има сликарката, за сигурноста и експресивноста што ја разлева врз ткаенината додека се бара формата и просторна координација на ткаенината.

Слободно можеме да кажеме дека детството поминато на часови по пијано, опкружено со љубов кон класичната музика и нежните звуци на татковата гитара кои често водеа кон еден дует, комбиниран со љубовта меѓу татко и ќерка, може да произведува вистински производ од овој вид, како што се преставува Дренуша во овој циклус.

Заробена помеѓу двата уметнички света, вреднувајќи го секој со иста љубов, сликарката избра заговор меѓу нив, помеѓу меѓусебното испреплетување, каде што во исто време слика музика и изведува сликањe.

Енеса Мемети, професор по ликовна уметност

Национална галерија на Република Северна Македонија

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата на Беди Ибрахим, Мојот дневник“, во Истанбул, Турција

Објавено пред

Денес, во Културно-информативниот центар на Македонија во Истанбул, Турција, во 19 часот ќе биде отворена изложбата на Беди Ибрахим со наслов „Мојот дневник“.

dobivaj vesti na viber

Творештвото на Беди Ибрахим изминативе децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво, каде што се присутни основната идеја и мотив за концептот на неговите преокупации и личниот уметнички ракопис. Тој твори во разни медиуми и изразни ликовни дисциплини (цртеж, колаж, скулптура, слики-објекти, видео, инсталација…) кои се само алатка на визуализација на концептуалните идеи за себерефлектирањето, каде што визуелниот мотив во концептуалниот уметнички дискурс станува метајазик или визуелен текст преку кој ги разјаснува своите мисли за уметноста како неограничен и бескраен простор на изразување, носи со себе автентичност, која е сублимат на автохтон творечки транскрипт. Тој уметнички концепт, всушност, е емпириски багаж, кој како непрекината нула и круг го изодуваме по беспаќата на еден веќе во голема мера артифициелен свет.

Беди Ибрахим, процесирајќи и трансформирајќи ги видливите артефакти во нивната визуелна опсервација, воспоставува современ дијалог со минатото создавајќи надреалистички асоцијативни форми. Визуелната претстава (со асоцијативни белези) e своевиден симулакрум на мисловниот контекст и концепт произлезен од лабораторијата на Беди. Тој процес на редефинирање на видливата содржина во надреална е акцентиран со збиен психолошки набој и еклектицизам во неговата материјализација. Во имагинативниот вознес и надреалната перцепција секогаш е содржана реалноста.

Токму од тука, ми се чини, почнува идејната нишка на Беди Ибрахим за оваа изложба со наслов „Мојот дневник“. Тој одредува сопствена игра на чепкање по личните доживувања, настани и сеќавања и извлекувајќи артефакти од собраната архива на вредни спомени од минатото создава визуелна фрагментирана археологија на меморијата. Во таа игра на визуелна нарација и интерпретација на меморијата се обединуваат приказната со ликовноста, фантазијата со реалноста, стварното со нестварното, измислицата со вистината… градејќи нови сликовни и наративни претстави. Оваа изложба, всушност, претставува ослободување на котвата што ги држи минатото и пловењето кон иднината. Неговата уметност е уметност на мислите, еден вид електроенцефалограм преточен во креативна енергија.

Оваа изложба е составена од повеќе тематски целини (Птици, Гнездо, Порти…) присутни во творештвото на Беди Ибрахим, чиј меѓусебен однос сочинува присоединување на микронаративите, кои создаваат нова естетско концептуална целина – макронаратив со заеднички именител означен од авторот – „Мојот дневник“. Така се создава нова уметничка ситуација, во која се рефлектираат одредени конкретни состојби на основите на личните и интимните приказни, кои се колку лични толку и воопштени и развиваат нови односи, перспективи и погледи на светот. Изразот и аргументите од реалноста ја отсликуваат чистотата на сеќавањето, еден вид симболично резиме на сопствениот живот, т.е. соочување со себеси.

Беди со необична смелост им пристапува на вечните дилеми што ги прогонуваат уметниците, едната од нив е онаа: како е возможно да се репродуцира, на една површина, со молив или четкичка, глетка што стои пред нас? Тие лирични замрзнати глетки, кои зрачат со топлина и хармонија, приказни затворени во две димензии, како некој шепот да излегува од нив, ни раскажуваат овие слики некакви приказни, кои ни се од некаде познати, ни зборуваат за нешто што сме виделе или само насетуваме. Иако можеме да ги прифатиме и како наши, тоа се сепак премногу лични приказни раскажани од Беди, автентични и препознатливи, само негови…

И на крајот, базична цел во „Мојот дневник“ на Беди Ибрахим е да се изрази слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување на сопствената историја и нејзино естетско визуелно вообличување како чин на себеспознанието…

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на улицата Македонија на Живко Поповски-Цветин

Објавено пред

Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје, денес, во периодот од 12 до 14 часот, ќе изведе уличен арт-перформанс, во кој ќе бидат вклучени над дваесетина уметници, поети, просветни работници, новинари, ученици, кои подарок добиле слика од реномираниот уметник и хуманист Живко А. Поповски-Цветин, а добредојдени се и сите што добиле цветен цртеж да дојдат и да го изложат.

dobivaj vesti na viber

Перформансот ќе се состои во спонтан собир на учесниците на улицата Македонија, пред спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што ќе бидат изложени сликите што уметникот им ги подарува, а тој ќе ја изложи својата „ЦВЕТНА ПАТЕКА НА МИРОТ“, долга 101 (сто и еден) метар.

Ова е традиционална средба, која се одржува неколку години на улицата Македонија во Скопје, по повод 29 Ноември, кога бил и првиот јавен настап на овој познат уметник.

„Откако во моето село Брезово завршив од прво до четврто одделение, потоа, со оглед дека и татко ми беше сезонски работник во монополот во Демир Хисар, до 8 одделение учев таму и имав голема привилегија што воспитувач ми беше Коста Хаџи Антоновски од Битола, кој подоцна ја основа ‘Мал битолски Монмартр, манифестација позната во светски рамки. Јас сум најстариот ученик на Коста и често гледаше како моите соученици и другарчиња од интернатот доаѓаат кај мене и ми даваат листови со бои и сè што треба, четки, да им сликам нешто, да им нацртам за утре да добијат петки на часот по ликовно. И еден ден ми вели: Живко, ќе ти дадам една задача на празникот 29 Ноември, Денот на Републиката, на табла со креди да го нацрташ грбот на државата. Јас на почетокот некако бев збунет, меѓутоа тој ме убедуваше дека нема да биде тешко, дека ќе вежбам една недела пред тоа и дека ќе успеам убаво да го нацртам. Се согласив, и покрај големата трема, вежбав и дојде времето да се појавам на таа манифестација во училиштето ‘Гоце Делчев’ пред огромна публика затоа што во тие места таквите настани се доста посетени. И првата точка беше посветена на мене. Јас мал, низок, се појавувам на бината и Коста, кој беше голем педагог, ѝ вели на публиката да се изгаси струјата во салата. Се изгасна струјата, настана штама, мене ми одговараше мислејќи дека никој не ме гледа, тој ми даде едно столче да се поткачам да ја дофатам таблата. Така се случи грбот на Југославија да го нацртам за многу кратко време, се симнувам од столчето, одам кон публиката и грмнува еден силен аплауз. Завршува приредбата, јас го гледам цртежот симетрично поставен, со сите елементи, па сфатив дека аплаузот е заслужен“, се потсетува денес познатиот уметник…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион9 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа14 часа

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија15 часа

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет15 часа

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа16 часа

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа16 часа

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет1 ден

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија1 ден

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа1 ден

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија1 ден

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија1 ден

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија1 ден

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија2 дена

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија2 дена

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија2 дена

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет2 дена

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет2 дена

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...