Контакт

Култура

Охридско лето донесе уникатна програма на четири пијана и гудачки камерен оркестар со чешки уметници

Објавено пред

Вечер што долго ќе се памети приредија синоќа врвни уметници од Република Чешка, кои во рамките на музичката програма на фестивалот Охридско лето, во предворјето на црквата „Света Софија“ го одржаа концертот „Бах за вас“.

Концертот го најави амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кој порача дека во ова тешко време не смееме да се фокусираме само на епидемиите, туку, како што рече, мора да продолжиме да живееме.

„Во ова незгодно време многу е важно сите да се држиме заедно. Драго ми е и се гордеам што Република Чешка успеа да ги поддржи своите пријатели вклучително и Република Северна Македонија во борбата против Ковид-19. Сепак, не смееме да се фокусираме само на епидемиите. Мора да живееме и затоа мислам дека е многу важно да се поддржи културната соработка, дури и во сегашните тешки околности. Среќен сум што и покрај сѐ, успеавме да го организираме овој исклучителен концерт. Најдобар доказ за тоа дека не дозволивме да се откажеме е токму нашето присуство на Охридско лето, рече амбасадорот Томан.

Чешкиот амбасадор во земјата упати огромна благодарност до организаторот на концертот, фестивалот Охридско лето и до директорката Наташа Поповиќ, со која, како што рече, ги договарале сите детали за настапот на чешките уметници кои свиреа на чешки пијана од производителот „Петроф“.

„Чешката компанија ‘Петроф’ е една од најистакнатите производители на пијана во светот и една од ретките што сѐ уште работат во Европа. Во текот на своите 156 години историја оваа семејна компанија произвела повеќе од 632 илјади парчиња и многу од нив биле извезени во поранешна Југославија, а особено во Македонија. Четирите пијана на сцената беа изработени специјално за оваа пригода, а по концертот, ќе се пренесат во „Пијано-центарот“ во Скопје, каде што може да се видат или купат“, додаде амбасадорот Томан.

Вистински симбол на македонско-чешкото пријателство е пијанистката Ема Једличка-Гогова, која вчеравечер во предворјето на „Света Софија“ настапи заедно со своите колеги, солистите Хелена Вајзер, Сара Медкова и Лукаш Клански и со 11-члениот гудачки камерен оркестар „Чешки виртуози“.

„Во името на сите чешки уметници што синоќа настапија на реномираниот и светски познат фестивал Охридско лето, сакам да изразам голема благодарност за организацијата. Концертот ‘Бах за вас’ беше посветен на еден од најголемите светски композитори – Јохан Себастијан – Бах, кој годинава слави 335 години од раѓањето и 270 години од неговата смрт, што се вклопува со јубилејната година на фестивалот Охридско лето. Затоа се трудевме преку сите пречки да ги споиме јубилеите на еден од најголемите светски музичари и композитори заедно со големиот и прочуен фестивал“, рече Једличка-Гогова.

Четворицата исклучително вируозни чешки пијанисти одржаа четири концерти за клавир со оркестар. Самата концепција беше поставена така што публиката имаше можност да ужива во концерт со едно пијано и гудачки оркестар, со две пијана и гудачки оркестар, за три пијана и гудачки оркестар и на крајот – концерт за четири пијана со оркестарот.

„Овие концерти се од многу големо значење затоа што во историјата на музичката и пијанистичката литература тоа се први солистички концерти напишани за пијано, односно во тоа време чембало и оркестарска придружба“, појасни пијанистката со интернационална музичка кариера Једличка-Гогова, која е родена во Штип, а живее во Република Чешка.

Чешката вечер на фестивалот Охридско лето се одржа со поддршка од Амбасадата на Република Чешка во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Заштитата на културното наследство, младите и евроинтеграциите – трите главни столба во мандатот на министерката за култура

Објавено пред

Заштитата на културното наследство, евроинтеграциите и младите се трите главни столба во Програмата на Владата и во мојот мандат како министерка за култура, изјави Ирена Стефоска.

„Јас и мојот тим во оваа насока имаме благородна и одговорна мисија зашто културата и уметноста не познаваат граници и не ги делат луѓето ниту по етничка ниту по партиска ниту, пак, по родова, генерациска и која било припадност. Клучниот документ што ги дефинира основите на нашата мисија во културата е Националната стратегија за развој на културата за периодот 2018 – 2022 година, која беше изгласана во Парламентот без ниеден глас против. Ова подразбира обезбедување и осовременување на условите за работа на институциите, на независната сцена и на поединците“, нагласи министерката за култура Стефоска.

Таа истакна дека суштинската грижа за недвижното, движното и нематеријaлното богатство е врвен приоритет на нејзиниот министерски кабинет, а, впрочем, едно од клучните барања и на ЕУ кон Република Северна Македонија е токму заштитата на културното наследство.

Стефоска во своето излагање пред новинарите се осврна на обврските кон УНЕСКО, Охрид и Охридскиот Регион и потсети дека како поранешна претседателка на Комисијата за култура во Собранието, беше иницијатор за организирање на Надзорна расправа за Охридскиот Регион, од која произлегоа 22 заклучоци. Таа посочи дека не е помалку важно што во рамките на Програмата за прославување на јубилеи на историски настани и еминентни личности за периодот 2020 – 2021 година на 40. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО беа потврдени двата јубилеја предложени од нашата држава.

Таа рече дека нејзина прва задача како министерка е да овозможи воспоставување на ефикасен систем за заштита на културното наследство и макотрпно, заедно со тимот и институциите, да работи на раскрстувањето со вандалскиот однос кон нашето наследство.

„ Уште веднаш по моето стапување на должност, од надлежните институции побарав детални податоци и анализи за црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново каде што по 7 години изготвување проекти, досега се спроведени само заштитна покривна конструкција и превентива на ѕидното сликарство иако со децении сме сведоци на ужасната состојба во која се наоѓа црквата. Замислете, зборувам за културно добро од 12 век, со светска вредност!“, истакна министерката за култура Стефоска.

Таа пред новинарите изрази зачуденост, зошто во последниве децении црквата „Св. Ѓорѓи“ не била прогласена од надлежните институции за културно наследство во опасност иако Законот за заштита на културното наследство го наложува тоа. Стефоска посочи дека таквиот статус, добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот.

Таа пред новинарите истакна дека нема да бидат заборавени и спомениците од НОБ кои се еднакво важен сегмент во нашата културна меморија.

Министерката за култура Стефоска го истакна и проблемот со задоцнетите плати во културата за кој беше информирана јавноста, кој се реши и се решава со мачна, деноноќна работа на сите надлежни служби во Министерството.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот филм „Налепница” квалификуван за Оскар

Објавено пред

„Налепница” на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас”. Софискиот „Ин д палас” е меѓународен фестивал за краток филм којшто е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар.

Победникот на овој фестивал за игран краток филм „Налепница”, по овој успех влегува во конкуренција за номинација на Оскар.

„Налепница” е поддржан од Агенција за филм на С Македонија и претставува дел од реформираниот нов бран кој докажува дека македонскиот филм може. Не е случајно: три години по ред македонскиот филм успева на реномираниот „Санденс“, два пати се квалификува за Оскар.

Прикажи повеќе...

Култура

Онлајн интернационален видеопроект на режисерката Теа Беговска

Објавено пред

Интернационалниот видеопроект „Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска работен со театарска екипа во онлајн форма ќе има своја премиера во живо на социјалните медиуми н 30 септември.

Ова е прва онлајн изведба во живо која собра актерска екипа од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.

Во овој видеопроект се обработуваат пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Секој од актерите на свој начин, преку своето искуство зборува на овие теми, секој на својот мајчин јазик.

Станува збор за спој на актери од различни генерации кои преку овие теми зборуваат за нивната професија сакајќи да укажат на некои работи кои можеби сме ги заборавиле. Ова е нивната револуција за театарот, за актерите.

Проектот е подржан од Министерство за Култура. Пријатели на проектот: Teatro Rabinal, LA Belle Meunier, Tiyatrohane

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет2 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија2 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија4 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија4 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион4 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија5 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија5 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет6 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија6 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија7 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија7 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа8 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет9 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија9 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија10 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија23 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија24 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Досие