Контакт

Култура

Патувачкото кино на „Македокс“ во Вишни, Драслајца и Пустец

Објавено пред

Патувачкото кино на „Македокс“ во своето десетто издание досега ги одржа проекциите на креативни документарни филмови во Лабуништа, Бучимас, Вишни и Драслајца, додека во Пустец се одржа концерт на музичка група составена од Деан Шкартов (ексчлен на групите „Бадминтонс“, „Клержо“, „Александар Македонски“), кантавторката Ника Солде од Копер и Стив Круниќ (ексчлен на „Коцка мраз“).

„Учеството во настани од овој вид, каде што давате директен придонес во ширењето на маргините на културата во области како Пустец, секогаш е предизвик за уметниците и дава замаец да бидете подобри во тоа што го работите“, нагласува Деан Шкартов по настапот во Пустец.

Два дена претходно, во прекрасното планинско село Вишни, каде што третата генерација на „Докуникулци“ се приклучи на Патувачкото кино на „Македокс“, беше прикажан документарецот „Со љубов“ (Avec l’амоур, 2017) на Илија Цветковски, додека на 6 јули во селото Драслајца беше прикажан документарниот филм „Анплагд“ (2013) на српскиот автор Младен Ковачевиќ. Проекциите на Патувачкото кино редовно почнуваат со програма на анимирани филмови за деца од Док Лајпциг.

Истовремено се одвиваат сесиите на третата генерација „Докуникулци“, која ја сочинуваат 12 млади од 15 до 18 години од регионот, а кои ги менторираат Петра Селишкар од „Македокс“, Еол Чашку и Аријанит Џонбалај од Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана. Проектот „Докуникулци“ годинава се реализира како регионална платформа за стекнување знаења и искуства за креативната документаристика.
Паралелно со проекциите, а по повод неговото десетто издание, веќе почна да се снима документарен филм за Патувачкото кино на „Македокс“. Режисер на филмот е Питер Зак од Берлин, кој се занимава со креативна документаристика од 1993 година, продуцент е Јана Цизар, која повеќе од десет години се занимава со продукција на креативни документарни филмови и живее во Берлин, снимател е Бранд Ферро од „Македокс“, а снимател на звукот е Паоло Бенвинути од Италија.

Проекциите на Патувачкото кино во селата Вишни и Драслајца беа збогатени и со документарниот филм The Way of Clave, кој произлезе од проектот „Ширење на видици“ (Widening the Lens). „Ширење на видици“ е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning. Планирано е филмот да има уште една проекција, и тоа на 10 јули во Луково.
Регионалното патешествие на Патувачкото кино по бреговите на двете езера, Охридско и Преспанско, ќе продолжи на 10 јули во Луково и на 11 јули во Лин.

Патувачкото кино на „Македокс“ се реализира со поддршка од македонската Агенција за филм, Амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Култура

„Хадерсфилд“ вечерва на драмскиот репертоар на Охридско лето

Објавено пред

Загрепскиот младински театар од Хрватска вечерва на фестивалот Охридско лето ја носи театарската претстава „Хадерсфилд“ од Угљеша Шајтинец, а во режија на Рене Медвешек. Драмата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

„Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказана за една триесетгодишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина.

Со враќањето на еден од ликовите во родниот град од западен Јоркшир во Зрењанин, а во хрватската верзија во Карловац, се прикажува можноста за поставување на оваа приказна во кој било град во јужниот дел на европските земји во транзиција и премин кон т.н. капитализам. Со оваа промена ликовите веруваат дека почнува рајот на земјата, а дочекуваат војни, тајкуни, криминал, невработеност и грчеви во стомакот. Од овие земји, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други, илјадници млади луѓе денес секојдневно заминуваат, не знаеме каде, не сакајќи да се свртат наназад, а оние што остануваат тука, живеат живот со постојани разочарувања и незадоволство.

„Гледаш, мене Хадерсфилд ми звучи сончево“ – во оваа едноставна реченица, која при крајот на претставата како реплика ја изговара еден од протагонистите, сместен е цел брутален, но неверојатно порозен свет.

Улогигите во драмата ги играат: Дадо Чосиќ, Адријан Пездриќ, Матео Видек, Дамир Шабан, Филип Нола, Бернард Томиќ и Тина Орландини.

Адаптацијата и драматургија на претставата ги направи Томислав Зајец, сценографијата е на Тања Лацко, а костимите ги изработи Дорис Крстиќ.

Угљеша Шајтинец е еден од најзначајните современи српски драматурзи, добитник на голем број награди, вклучувајќи ја и Европската награда за литература, како и Стериина награда за „Хадерсфилд“ во 2005 година. Наведената театарска претстава исто така беше поставена во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград и со десетгодишното опстојување на репертоарот и гледаноста стекна култен статус, како и истоимениот филм, кој беше наградуван повеќепати.

Прикажи повеќе...

Култура

Подготовките за Струшките вечери во завршна фаза

Објавено пред

Подготовките за 58. издание на Струшките вечери на поезијата се во завршна фаза. Покрај добитничката на „Златниот венец“, познатата романска поетеса Ана Бландијана, како и добитничката на наградата „Мостови на Струга“, младата хрватска поетеса Моника Херцег, своето присуство го потврдија над 30 поканети странски поети од различни земји кои ќе бидат претставени на фестивалот, од кои ги издвојуваме Рафаел Солер од Шпанија, истакнат шпански поет и раскажувач, Сачиданандан од Индија, еден од позначајните поети од Индија кој пишува и на малајаламски јазик, Миа Лекомт од Италија, поетеса којашто има и француско потекло, Иштван Кемењ од Унгарија, еден од најистакнатите современи унгарски поети, Јоргос Јанопулос од Грција, поет кој е веќе делумно претставен пред македонската публика.

На фестивалот ќе бидат претставени и најреномираните поети од Република Северна Македонија од различни генерации, како и поетите што ќе влезат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.

Во рамки на изданијата на Струшките вечери, освен луксузната монографија за добитничката на „Златниот венец“, во завршна подготовка се книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, книгата на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во превод на англиски јазик, четирите буклети на поетите во рамки на платформата Версополис, но исто така, во завршни подготовки е и тематската антологија во која ќе бидат претставени најреномираните македонски поети.

Во рамки на Програмата на фестивалот, освен традиционално востановените програмски содржини коишто се препознатливо обележје на фестивалот, предвидени се и нови програмски содржини што ќе придонесат за поголема отвореност и видливост на фестивалот.
За да се зголеми видливоста и отвореноста на фестивалот, освен директниот пренос на главните фестивалски читања што ќе го врши националната телевизија ќе биде обезбеден и live streaming на официјален јутјуб-канал со што ќе се овозможи следење на содржините на фестивалот ширум светот.

Струшките вечери на поезијата имаат намера да ја подигнат јазичната комуникација на фестивалот како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, но и да го унапреди односот кон својата публика и граѓаните.
Во таа насока дел од содржините, а особено главните фестивалски читања и комуникацијата со јавноста, ќе вклучува повеќе јазици. Освен досегашните македонски и англиски, ќе користиме и албански и француски јазик.

Во перспектива, од преведувачката работилница во рамки на следните изданија на Струшките вечери на поезијата ќе ни доаѓаат преводи и на шпански, германски, руски, кинески и другите светски јазици. На Струшките вечери на поезијата како светска манифестација и како место на славење на јазикот во неговиот најкреативен облик им прилега повеќејазичноста.
Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата и токму затоа имаме намера на Струшките вечери на поезијата да го негуваме и францускиот јазик.

Истовремено користењето на македонскиот и на албанскиот јазик е во корелација со владините јазични политики, со законот за јазици и во духот на новата стратегија за едно општество и интеркултурализам. Струшките вечери на поезијата се светски, но и струшки! Тие се фестивал со кој стружани со право се гордеат и го поддржуваат. Токму затоа, подигањето на нивото на јазична комуникација е со првенствена цел да ја врати посетеноста на читањата на отворено, кои отсекогаш биле обележје на фестивалот. Поезијата и јазиците се цивилизациски средства за поврзување и за комуникација меѓу граѓаните и народите и придонесуваат кон мозаикот од различности кој го негуваме во нашата земја, се вели во соопштението од НУМ „Струшки вечери на поезијата“ за годинашното издание на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

Леонардо да Винчи не успеал да скицира само еден дел од човечкото тело или, едноставно, не ги разбирал жените

Објавено пред

Пред половина милениум фирентинскиот уметник и пронаоѓач Леонардо да Винчи, неверојатно, прецизно ги скицирал деталите на човечката анатомија – но во поглед на деловите од женскиот репродуктивен систем оваа прецизност изостанала.

Исто така, цервиксот и други делови на репродуктивниот систем на жената повеќе личат на животински отколку на човечки. Причината за тоа е дека Леонардо, најверојатно, правел скици користејќи го телото на животните како модел.

Питер Абрахамс од Медицинскиот факултет при универзитетот во Ворвик тврди дека познатиот уметник, најверојатно, имал тешкотии да пронајде тело од женски пол, па затоа не успеал да ја анализира анатомијата на женското тело до тој степен како што го познавал машкото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички слики меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во...

Македонија2 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет5 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија5 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија13 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија14 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион18 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија20 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија23 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија24 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Досие