Контакт

Култура

Патувачкото кино на „Македокс“ во Штип, следуваат Кочани и Оризари

Објавено пред

Патувачкото кино на „Македокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во текот на четири викенди во месеците јуни, јули и септември. Во првата половина од годинашните патешествија се одржаа проекции во Кратово, село Шлегово и две во градот под Исарот – Штип.

„Морам да кажам дека чувството на екипата на патувачкото кино по првите два викенда е одлично. Се чувствуваме како да сме се вратиле во нормала. Проекциите беа полни, публиката задоволна, а ние уште повеќе. Со нас на проекцијата во Штип имавме присутна филмска екипа од прикажаниот документарен филм ‘Сите ќе умреме’ во режија на Сашко Потер Мицевски. Покрај него, присутни беа и продуцентот Илија Тирицовски, монтажерката Сандра Ѓоргиева и главниот лик на филмот, Зоран Сичев. Се создаде одлична атмосферa и уште еднаш ни се потврди важноста на дисперзирањето на културата во целата држава. Се надеваме дека овој викенд во Кочани и последниот во септември во Виница ќе поминат исто толку добро колку и првите два“, истакна Сара Феро од екипата на патувачкото кино на „Македокс“.

Иако негови филмови веќе биле прикажувани како дел од филмската програма на фестивалот и на патувачкото кино, авторот, документарист и режисер, Сашко Потер Мицевски, првпат присуствуваше на вечерна филмска сесија под отворено небо со „Македокс“ во родниот Штип.

Следни дестинации на 12. патувачко кино на „Македокс“ се Кочани (9 јули) и село Оризари (10 јули).

Проекциите ќе почнуваат во 21 часот и ќе се одржуваат на отворен простор, а влезот е бесплатен.

Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источниот Плански Регион.

Култура

Деца ќе одат на тура во Скопје, според интерактивна книга на авторката Александра Тодоровиќ

Објавено пред

Скопска тура за деца, инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“ на Александра Тодоровиќ ќе се случува в понеделник на 26 јули.

Собирот ќе почне пред Триумфалната капија во 9 часот.

„На обиколката може да учествува секој кој сака да патува во времето“, велат организаторите на настанот.

Временската машина е самата книга, а водичи се Александра Тодоровиќ и јунаците кои живеат во приказната.

Предвидено е прошетката да почне во автобус кој од Триумфалната капија ќе се упати кон Кале. Оттука ќе продолжи кон Мустафа-пашината џамија и Свети Спас. Патем ќе се застане и на лимонада и слатки во Старата скопска чаршија, па ќе се продолжи кон Чифте Амам и Сули ан. Организаторите најавуваат многу забава и игри за време на прошетката.

Прикажи повеќе...

Култура

„Немирно време“ – деби сингл на „Луциден сон“

Објавено пред

Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“.

Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, а миксот е на Гоце Кантар. Аранжманот е на „Луциден сон“.

„Немирно време треба да најави освежување и нов звук на македонската алтернативна музичка сцена, кој сигурно веќе подолго време недостасува. Оваа песна се обидува да го отслика времето во кое живееме, но истовремено е и мотив кој побудува надеж и желба за поинакво утре“, вели Костадин Стојаноски

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејното „На зајдисонце“ со нови доживувања за учесниците и за публиката

Објавено пред

Во средата, ден по свеченото отворање трпејчани и бројните љубопитни туристи се дружеа со меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. Секулоски, преполн со за публиката непознати информации околу подводниот свет и живот во Охридското Езеро беше будно следен од присутните.

Вечерта под отворено небо беше прикажан добро познатиот документарец „Танцот на пастрмките“ и сцената која предизвика воодушевување кај публиката – бакнежот на Милутин со пастрмката. Искусниот инструктор по пливање Милутин Секулоски на интересен начин им го доближа светот на нуркањето на присутните, откривајчи многу тајни за нашето слатководно Море.

Четвртокот беше резервиран за уште еден настан сврзан со минатото на Охрид и Трпејца. Доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и Славчо Новески од Подрачното одделение на Државниот архив ексклузивно во Трпејца презентираа делови од книгата „ Рибарски алманах“ чија официјална промоција ќе се одржи во септември.

Преку одлична видео презентација беше претставен регистарот на лиценцирани рибари во Охридското Езеро за периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во земјата..

Во Алманахот се поместени имиња на 150 рибари, од регистрираните 480 во односниот период. Во публикацијата многумина охриѓани а и трпејчани ги пронајдоа и ќе можат да ги пронајдат своите претци, па дури и да си ги најдат корените на сопствените имиња, што е своевидна традиција во Охрид, Струга и рибарските населени места долж крајбрежјето на езерото.

Вечерта беше збогатена со настапот на младите репродуктивни уметници од Охрид – средношколките Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина.

По трет пат, синоќа на Културно – забавното лето настапи Градскиот мешан хор од Охрид „Вокс Лихнидос“ со интересна програма – мешавина од хорски бисери и обработка на македонски народни песни и светски хитови. Диригент беше Бурим Хидри.

Денеска сабота од 20.30 часот публиката ќе ужива во настапот на младите Мила и Билјана познати како дуо Black moon. Вечерва планирана е и средбата со проф. д-р Мери Јосифовска која ќе говори на тема: Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект. Концептот на летото е всушност забава и едукација на мештаните и туристите.

Во рекреативниот дел утре од – недела од 10 часот се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата СПОРТ ЗА СИТЕ

„На зајдисонце“ утревечер ќе се вклучи во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со омажот насловен: „Поезијо чувствата ми ги будиш“ на која со избор од поезија од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат: актерката Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер).

Десеттото јубилејно „На зајдисонце“ трае до 28 јули а е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на Општина Охрид и помогнато од делагацијата на ЕУ во Скопје и брони спонзори и донатори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија2 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија18 часа

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион19 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија21 час

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет24 часа

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Македонија2 дена

Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат...

Македонија2 дена

Мицкоски: Советничка на Заев е предложена за член на Судски совет, ете зошто Македонија не е правна држава

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за...

Европа2 дена

За исчезнати се водат 150 лица по поплавите во Германија

Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули загинаа 180 лица, а околу 150 се уште...

Свет3 дена

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

Вакцината против коронавирус од американскиот производител Модерна може да се инјектира и на деца и адолесценти на возраст од 12...

Македонија3 дена

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски...

Македонија3 дена

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде...

Македонија3 дена

Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на...

Досие