Контакт

Книги

„Педесет години во Драмски… И клоцата во…“ – автобиографска книга на Коле Ангеловски

Објавено пред

Деновиве од печат излезе книгата „Педесет години во Драмски…и клоцата во…“ на Коле Ангеловски, македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист, писател, раскажувач и амбасадор на македонската култура.

Книгата, всушност, е своевиден автобиографски запис за работниот век од педесетина години што легендата на македонскиот театар Коле Ангеловски ги помина во Драмскиот театар во Скопје како актер и како режисер, но и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал. Впрочем, самиот автор за книгата вели:

„Мојот живот во Драмски, пред се, беше огромната љубов кон Театарот и луѓето во него. Ова е многу субјективна и носталгична приказна за работите мене ми се случувале и, ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен, да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера.

Ова е приказна за луѓето во Драмски, директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите…. за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот… за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките…Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите…Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!“

„Педесет години во Драмски… и клоцата во…“ ја красат и педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, а содржи и индекс на театарски текстови што тој ги напишал и на театарски текстови што тој ги превел.

Рецензенти на книгата се Сашо Тасевски, актер во Драмскиот театар, и Свето Стаменов, новинар и публицист, кој е и уредник на изданието. Излегувањето на книгата „Педесет години во Драмски… и клоцата во…“ е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура.

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини.

Џема, главниот лик во романот, прогонувана од сеќавањата на четиригодишната опсада на Сараево, неочекувано се качува на авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро до градот разорен од неодамнешната војна. Таа се надева дека Пјетро ќе дознае за градот на нејзиното детство и за Диего, таткото кого тој никогаш го нема запознаено. На аеродромот во Сараево ги пречекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого таа се запознала во 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работела на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја сретнала љубовта на својот живот – фотографот од Џенова што слика врапчиња. Штом ќе стигнат во Сараево, Џема останува зграпчена помеѓу сегашноста и минатото и во главата ги оживува љубовната врска со Диего, нивната решеност да засноваат семејство и длабоката поврзаност со Сараево и во услови на војната што се заканува да го уништи сето она што ги опкружува.

Овој „прогонувачки роман“ е софистицирано дело на Мацантини преку кое таа ја испитува емотивната територија на она што значи семејството – конкретно што значи да се биде мајка. Како што судбината на градот Сараево се припојува со желбата на Џема да има дете, дознаваме колку таа е навистина силна и понесена, особено кога ќе се соочи со едно зачудувачко откритие што истовремено е и катарзично и срцепарачко.

Маргарет Мацантини e родена во Даблин, а живее во Рим. Била филмска, телевизиска и театарска актерка, но меѓународно е позната како писателка. Авторка е на Не помрднувај се (2001), Зоро (2002), Повторно роден (2008), Moрето наутро (2011), Сјај (2013) и други книги, за кои ги добила наградите „Рапало-Кариџе“ и „Кампиело“, но и Орденот за заслуги на Република Италија.
По објавувањето на „Повторно роден“, Мацантини добила голем број писма и пораки од луѓе што го преживеале хоророт на босанската војна – социјални работници, свештеници, доктори и членови на невладини организации, и сите тие изјавувале дека книгата ги предизвикала интимно одново да поминат низ трауматичните искуства од минатото.

Македонското издание на книгата е преведено од Калина Јанева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура.

Сопругот на Маргарет Мацантини, актерот и режисер Серџо Кастелито, ги филмувал речиси сите нејзини дела, меѓу кои и „Повторно роден“ од 2012 година, со Пенелопе Круз и Емил Хирш.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен наградениот роман „Здивена“ на хрватската писателка Марина Шур Пухловски

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Здивена“ на хрватската писателка Марина Шур Пухловски, во превод од хрватски јазик на Ана Антоновска. Романот е добитник на наградата В.Б.З. за 2018 година, на истоимената издавачка куќа од Хрватска, за најдобар необјавен роман.

„Здивена“ е роман што ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за животот што минува низ прстите и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.
Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна маѓепсаност, е состојба далеку од љубовта, па дури и нејзина негација. Дејството е сместено во седумдесеттите години на минатиот век, а главната херојка, по потекло од осиромашено семејство, се заљубува во колега од факултетот, затрескана во неговата разбушавеност и уметнички сензибилитет… Но, она што на почетокот изгледало идилично набргу се претворило во мора… За да се ослободи од неа, мора да се ослободи од затворот во кој ја турнале семејството, околината, традицијата, бајките… Мора да подиви. Мора да спасува други за да се спаси себеси.

Пишуван со долги, јасни и прецизни реченици, со јасно профилирани ликови и со исклучителна смисла за деталот, романот е дело што потресната драма за меѓучовечките односи ја трансформира во врвна јазична уметност.
Марина Шур Пухловски (1948, Загреб) завршила компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавала со новинарство и со книжевна критика, а потоа исклучиво со уметничка проза. Пишува романи, раскази, патописи, песни во проза, есеи, дневничка проза. Автор е на дваесетина книги. Добитник е на неколку награди за раскази. Живее како слободен уметник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е „Голем октопод“, дека има злоупотреби на медиум, и дека...

Македонија60 минути

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија3 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет4 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион5 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет5 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија6 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа7 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија14 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија17 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион19 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија21 час

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија22 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија1 ден

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Досие