Контакт

Култура

„Петрунија” викендов на три фестивали низ светот освои седум награди

Објавено пред

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ овој викенд на три фестивали низ светот освои седум награди, соопштија од продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, Salé Women Film Festival, „Петрунија“ освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија ја доби Теона Стругар-Митевска, наградата за најдобар актер ја доби Зорица Нушева, а филмот ја доби и главната награда доделена од УНЕСКО. Оваа награда „Петрунија“ ја подели со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот.

По Мароко, во соседна Србија, на Интернационалниот фестивал посветен на филмска режија во Лесковац, „Петрунија“ понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар-Митевска, која е и парична награда во висина од 4.000 евра, и наградата за најдобра глумица ја доби нашата Зорица Нушева.

Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож посветен на словенскиот филм, наградата за најдобар филм за малцински копродукции, во конкуренција од одлични осум филма, ја доби „Господ постои, името ѝ е Петрунија“. На фестивалот, филмот доби и награда од Здружението на уметнички кина на Словенија.

Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ наведуваат дека „Петрунија“ досега освои 21 награда, а дистрибуиран е во кината во 35 земји. Оваа есен ќе се најде на редовниот кинорепертоар во Италија, Германија, Шпанија, Полска, како и во соседна Грција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Караманови средби“ од 22 до 24 ноември во Радовиш

Објавено пред

Овогодишните 46. „Караманови средби“ ќе се одржат од 22 до 24 ноември во Радовиш. „Карамановите средби“ оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“.

Добитник на главната награда е големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон, кој ќе биде претставен од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска.

Во склоп на програмата ќе бидат доделени три награди: Европска награда награда за поезија „Ацо Караманов“, која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон, Балканска награда за поезија „Ацо Караманов„ која ја добива хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“, и наградата „Караманов“ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја добива Даниела Андоновска-Трајковска за книгата „Електронска крв“.

Прикажи повеќе...

Култура

Дамата со камелии в петок во НОБ

Објавено пред

В петок, 22 ноември, со почеток во 20 часот, во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2019, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година, работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Иван Еминовиќ.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Скопје, одново“ во Музејот на современа уметност

Објавено пред

Вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје, одново“. Посетителите ќе можат да погледнат преку 100 дела од меѓународната колекција на музејот со посебен фокус на американските уметници.

„Вечерва во Скопје отвораме изложба која е специфична по повеќе основи. Овој пат имаме гостин куратор, а изложбата е подготвена од мешан кураторски тим, односно кураторката Ана Кац од њујоршка МоМА и Кумјана Новакова од МСУ Скопје. За првпат изложуваме некои дела од колекцијата, бидејќи кураторките со поставката даваат ново читање на познати, но и помалку познати дела од нашата вредна колекција, а овој пат и преку изложување документи и друг архивски материјал дадена е интегрирана информација за почетоците, за големиот ентузијазам во основачките години на музејот. Американската амбасада препозна вреден проект во ‘Скопје, одново’ за што сме им многу благодарни, нивната помош беше голема и искрена и нè охрабрува да размислуваме за нејзино претставување и надвор од нашата држава. Оваа изложба беше најавена и во списанието ‘Арт форум’, а работиме на тоа да ја претставиме и пред американската публика“, вели Мира Гаќина, директор на МСУ Скопје.

Изложбата е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Изложени се повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, за првпат, МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција со автори како: Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

„Скопје, одново“ ја обработува најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластични уметности, паралелно со глобалната кампања за реконструкција на градот Скопје, по земјотресот. Со подароците од автори од цел свет, МСУ – Скопје станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност во земјава. Најголем дел од делата ги потпишуваат водечки уметници на глобалната современа сцена во двете децении по земјотресот, што води и до основањето на МСУ во 1964 година. Полската влада во тоа време финансира тим на прогресивни млади архитекти, кои во 1970 година го градат објектот, кој денес е постојан дом за музејот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија3 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија3 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија4 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет5 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет6 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија7 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија8 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија18 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет18 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа20 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет21 час

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија24 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие