Контакт

Книги

Писателите ќе се збогуваат од Матеја Матевски со читање на негови стихови

Објавено пред

Во четврток (14.06.2018 година), со почеток во 12 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи средба под наслов НЕКАДЕ ЅВОНИ: Збогувања со Матеја Матевски.

Стихови од неодамна починатиот поет ќе прочитаат и ќе споделат спомени за него писателите: Благоја Иванов, Тања Урошевиќ, Раде Силјан, Делвина Крлуку, Владимир Мартиновски, Весна Мојсова-Чепишевска и Мишел Павловски.

Книги

Промоција на книгите „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс и „Стакларница“ од Даниел Одија

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ организира вечер на балтичката литература и промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс и збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија. Разговорот со авторите и промоцијата на книгите ќе се одржи во галеријата на Младинскиот културен центар, на 20 декември, со почеток во 20 часот, информираат оттаму.

„Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двегодишниот проект на издавачката куќа „Готен“ со наслов „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, проект што опфаќа превод на 10 книги од еден од најмалку претставените европски региони во Република Македонија. Станува збор за две одлични книги од автори кои се едни од најинтересните книжевни гласови на полската и на летонската книжевност од поновата генерација, се наведува во соопштението на издавачката куќа „Готен“.

Од издавачката куќа додаваат дека објавувањето и промоцијата на книгите „Стакларница“ и „Јелгава ’94“ се поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Книги

Писателката Лидија Димковска гостинка на Лекторатот за македонски јазик во Будимпешта

Објавено пред

Познатата македонска поетеса и писателка Лидија Димковска, добитничка на европската награда за литература, од 11 до 13 декември гостуваше на Лекторатот по македонски јазик при универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

На 12 декември на универзитетот се одржа промоција на романот „Резервен живот“ во превод на унгарски од Анамарија Цинеге-Панзова и издание на издавачката куќа Напкут, Будимпешта.

За романот говореше познатата унгарската писателка, Ноеми Киш, која рече дека има потреба од повеќе преводи од македонската литература на унгарски јазик, имајќи го предвид квалитетот на современата македонска литература.

Промоцијата предизвика голем интерес кај студентите и професорите, а присуствуваа унгарски писатели и претставници од Друштвото на Македонци во Унгарија.

На 13 декември студентите по македонски јазик подготвија поетски омаж во чест на Игор Исаковски со негова поезија посветена на Будимпешта во превод на унгарски јазик од страна на самите студенти, претставен пред студентите и професорите од Институтот за славистика и балтичка филологија.

Ова се дел од активностите за промоција на македонскиот јазик, литература и култура на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта кои ги организира лекторот Златко Панзов. Гостувањето на Лидија Димковска беше реализирано со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта.

Годинава 14 студенти го изучуваат македонскиот јазик на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта.

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурс на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2018 година

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година.

Станува збор за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија.

Конкурсот е отворен до 31 декември годинава, а книгите до ДПМ треба да се испратат по пошта или да се достават во канцеларијата во четири примероци.

За доделување на наградите ќе решаваат жири-комисии составени од петнаесет истакнати писатели, литературни критичари и есеисти. Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари 2019 година на денот на формирањето на ДПМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да...

Европа41 минута

Постигнат договор во ЕУ: Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската Унија постигна договор за забрана за користење на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии и сламки,...

Топ1 час

Полицаец загина во железничка несреќа кај Маџари

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје....

Свет1 час

Трамп формираше вселенска команда во Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп формираше вселенска команда во рамките на Пентагон со цел подобро да ги организира и да...

Македонија2 часа

Голем одрон на патот Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

Поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку...

Свет12 часа

Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп

Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си....

Македонија16 часа

Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците,...

Македонија17 часа

(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија19 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија19 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања19 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија19 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија20 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија21 час

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток21 час

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ22 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија22 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ23 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Досие